Monday, April 22, 2024

Исчезнатиот Принц


Понекогаш човек се фаќа себеси како размислува за небитни и бизарни теми.
Една таква тема е таа дека постојат луѓе кои го задолжиле светот со своите дела, ја промениле траекторијата на дотогашната перцепција, ги отвориле вратите кон еден сосема нов свет, дотогаш непознат.
Движечките слики познати и како филмови се појавиле релативно доцна по пронаоѓањето на фотографијата во 1822, цели 66 години подоцна. А кој е таткото на филмот?
Не, браќата Лимиер не биле првите кинематографи на светот.
Со должна почит кој Луи и Огист, сепак нивната улога била во популаризирање на новиот медиум на подвижни слики. 
Оној кој тие слики прв ги снимил подвижни, осум години пред браќата, не завршил како значајна историска личност.

Никој не чул за Луи Ле Принс. 
А кој бил Луи?
Не се знае премногу за генијалниот пронаоѓач. 
Скромен и ненаметлив, овој човек бил роден во Мец, Франција, околу средината на 19-от век и уште од раната младост бил фасциниран од новите технологии кои што се појавувале на сцената. Учејќи го фотографскиот занает од легендарниот Луи Дагер, во главата на Ле Принс се појавила помислата "а што ако може да се напарават подвижни фотографии?".
Таа идеја не му давала мир и спокој па така Луи се фатил за работа и во распон од нецели пет години успеал да измисли филмска камера, филмска лента и прожектор за подвижни слики.

Од некоја причина Ле Принс се преселува во Лидс, Англија, каде што во 1888 година се снимени првите филмски кадри во историјата на човештвото. За среќа, некои од овие снимки преживеале до ден денес и може да се видат на видео платформата Јутјуб!
Победоносниот `од на Луи бил веќе зацртан и тој требало само да ја следи патеката на судбината кон успех и среќа.
Но, судбината си поиграла на еден сосема неочекуван начин после кој генијалниот Ле Принс ќе остане заборавен, изигран од случајот, изеден од темнината на заборавот, изгубен во маглата на непостоењето.

Доцно лето 1890-та.
Луи е на пат да го обзнани својот пронајдок пред светската јавност, да го изложи своето дело на светската изложба во Њу Јорк, САД. Остануваат уште некои две недели до тргнувањето кон Америка кои што недели Луи сака да ги искористи за да се види со фамилијата, во случајов со брата си во Дижон, Франција, и така тргнува од Лидс преку Ла Манш па до малото француско градче. Посетата се одвива добро и набрзо доаѓа времето за враќање во Париз. 
Интересно е што Ле Принс ги носел со себе сите нацрти на своите дела заедно со дел од опремата во еден поголем куфер од којшто не се раздвојувал. Зошто ризикувал на ваков начин е нејасно.

И така Луи се качува на возот за Париз и оваа приказна добива сосема нов plot twist. Возот пристигнува на целта, патниците се истоваруваат, но не и Луи. Од него нема ни трага ни глас. Како да пропаднал в земја. Но не само Луи, изчезнува и неговиот багаж заедно со славниот куфер со скици и прототипови. Организирана е голема потрага по должина на патот од Дижон но се` е попусто. После извесно време трагачите мораат да признаат пораз, од Луи нема ни најмал траг, ништо што би укажало дека некаде слегол од возот, дека е киднапиран, дека извршил суицид. Едно големо зјапечко ништо!

Се наметнува прашањето што се случило со големиот Луи Ле Принс? Каде и како завршил со своето постоење на овој свет? Одговор на тоа прашање нема, а веројатно и никогаш нема да има. Изумителот на филмот исчезнал не само физички туку бил избришан од историјата, како никогаш да не постоел. 
Имало многу нагаѓања што се случило со Луи, од најбанални до најфантастични но немањето докази ги прави сите хипотези недокажливи. 
Во 1897, Ле Принс е прогласен за мртов и така веројатната физичка смрт е потврдена со онаа бирократската. Луи оставил зад себе жена и син кои поопусто се обидувале да го одржат споменот на Луи во живот. Иако неколку камери и прожектори останале во рацете на синот, славата и парите во поглед на филмот ќе ги соберат некои други луѓе, не оставајќи ништо за семејството Ле Принс.
Уште една тажна фуснота во оваа приказна е смртта на синот Адолф Ле Принс кој што во Њујорк во 1901 бил убиен од непознат сторител со два истрели во главата. Дали тој настан бил последниот во редицата на многу, организирани со цел да се елиминираат ликот и делото на Ле Принс? Сосема е можно дека Луи стекнал некој мистериозен непријател кој сакал да го спречи иноваторот на патот до признание и богатство.

Некаде на маргините на мрежата постојат сомневања дека позади овие настани се криела моќната рака на Томас Едисон но до ден денес не е пронајден доказ за тој сомнеж.
Она што е сигурно е тоа дека ова е една од оние мистерии кои ќе останат неразрешени дури постои свет и век а Луи Ле Принс ќе остане незапаметено име кое практично не значи ништо во пишаната историја на светот.

Monday, November 6, 2023

Incel Rebellion

Very modern movement that is as absurd as it is unbelievable. And yet it exists and spreads throughout the world.

Spontaneous formation of an ideology that is spreading around among first world inhabitants. It has it's own recruitment base among the sexually frustrated and the emotionally wrecked twenty somethings.



The Leatherman (Giles Bourglais)

One of those lesser mysteries that are sometimes overlooked. The story of damnation and a vicious circle for the man dressed up in leather.

Self punishing at it's most brutal, life at it's most bizarre, one tends to wonder about the mental process that can evolve into something so unexpected.