Wednesday, October 16, 2024

Наркотици : Митови и реалност.

Дејството на дрогите, пример хероинот. За што точно се работи? Филингот,Осјечајот, Хајот, флешот...како да си во оној краток момент кога јавето сеуште е присутно но сонот веќе влијае на него иако нецелосно, таа граница, тој лиминален простор е неопислива милост Божја. Опуштеност и интересни мисли во слоумоушн се редат во различно темпо зависни од дозата, квалитетот, карактерот на уживателот и многу други варијабили.

Но тоа битисување на границата на двата света кога човек со една нога е во светот на Морфеј а со другата во секојдневието е нешто потполно магично, прекрасно, дава нови перспективи, пребродува инхибиции и победува стравови.

Често џанаци кои последиците од ужасното детство и рана младост ги растурило на ментален план а понекогаш и физички, се обидуваат да се состават себеси преку овој драстичен начин.

А чудно, лица кои се гнушају дроге се од друга страна фаначни поколоници на музичари, бендови, филмски и театарски глумци сликари, вајари, режисери глумци и остали лица кои преку дестилацијата на нивната душа во форма на краен музички, сценски, филмски или литерарен карактер = должат едно добри 80% токму на наркотиците кои за одредени групи селани, новопечени и домородни граѓани се анатема. Ајде настрана западниот декадентен систем каде врие од дроги насекаде, што правиме со најпопуларната дрога на светот, имено Етанолот познат на рајата како Алкохол кој содржи некои екстремни напитоци како Францовка, Ракија, Вотка, Апсинт и слични ужаси кои се реалната страна на пошаста на нашето доба.

А да не ги споменуваме легалните супстанци од Валиум кај нас познат како Деметрин па се до Лексилиум, Аклонил и еден куп бензодијазепини.

Но знаете што е тука во прашање? Едноставно.Вo светлата традиција на Орвелијанскоит Двоен израз (Doublespeak). Ако дрогата е легална тогаш таа магично станува недрога со едноствен потпис на рандом лик во некое министерство.Така да Етанолот грозна супстанца која во многу земји се уптребува како замена за бензински погонувани возила станува недрога. Прешалтање на етанол би ги срозало многи енергентски компании. А Проблемот е што еталонот е појако гориво од бензинот и нафтата со фракција од загадувањето кое тие го прават и е прилично ефтина солуција.

Иако не ми треба, живеам во реалтивно компактен релативно помал град но со специфичен дел во обзир на тоа дека наоколу има мал милион убави места надвор од самиот град

И така наместо етанолот да стане гориво со минимален и смешен потенцијал за загадување ние со движиме по инерција одредена таму во 1941 кога Ибн-Ал-Сауд, основачот на Сауди Арабиа направи дил со Амерички и Британски нафтни корпорации за естракција на нивната нафта.

Ете ти сега. Интересите на некаков си америчи естаблишмент со поддршка на диктарори како оној од Филипини каде 54% од население живее буквално во сламови, не плаќа давачки и не учествува во општествениот живот во општеството туку гледа да помине ден за ден. И на таквите јадничиња, некаква си проста манипулација и соодветен државно санкциониран садизам непознат уште од времето не Фердинанд Маркос сеуште даваат резултати иако не како некогаш.

Тотално одвоени од реалноста, тотално антиемпатични, тотално арогантни и надмени за таквите постои само една казна. Барем за водачите. А оние ситните кратка робија од некоја година и потоа општествен ангажман каде тие лица би формирале единици за спасувачки операции во таа земја која е на пат на секој божји ураган настрана остали природни и човечки катастрофи. Пободро тоа отколку да чмаат по касарни и да тепаат време со карти, видео игри и секси чатови и Онлифенс.

Исто но со поинаков сенсибилитет може до некоја мера да се каже и за европските чувари на редот и мирот. Иако немаме граѓанска војна како во Мексико каде барем 180К мртви осамнаа уште од кобната 2006 со поединечни масакри од кои не би се посрамиле ниту Црвените Кмери или Капо-чуварите. Мачети, ножеви, боксери, шила, ставање автомобилски гуми една над друга во висина на жртвата, полевање со гориво и палење на истото. Жртвата не може да претне иако поради гумената растеглива природа на истата добива лажна надеж дека има спас. Но спас никогаш и нема, не знам дали постои лик кој се спасил од таков предизвик за својот живот.

И сето тоа, групни силувања каде и по 70 гангстери непрекинато силуваат девојка се додека таа не се упокои од сето тоа, па тоа го немало ни во насјветлите денови на Кмерите или балканските паравојски во 1990-те. Тотално бришење на личноста на една жена, а повремено и маж, трауми кои е скоро невозможно да се пребродат во случај да ја преживеат војната.

Има нешто интересно во класифицијата на дрогите. Пример кокаинот е статусен симбол, Амфетите, Мет и кристал мет се све повеќе во мода заедно со разни синтетики кои овозможуваат подобар аутпут на работа, значи совршени капиталистички творевини спремни да жртвата ја направат тотално капиталистичко товарно животно кое нема многу да гледа во алтернтивни ереси.

Имено, алкохолот, никотинот и кофеинот малку или ич влијаат на работниот аутпут на wage slaves па дури и го потпомагаат така да нормално да баш тие се легални. Сите тие се само лубрикација во работно-општествените односи каде на робовите им е полесно да го примат одзади со прекувремена работа, намалена плата, нисплаќање, уцени и закани, мобинг и изживувања од надредени. Легализацијата на наркотиците би била сериозен удар врз капитализмот.


Friday, May 17, 2024

Бескрајна Љубов

Ете повторно и една крајно интересна сторија од "НР" Кина од 90-те.

Летописот за жал не ги запомнил имињата на протагонистите. Сепак се работи за земја во која владее диктатура, како аналогна така и дигитална.

Професионален војник, поточно снајперист и подофицер, имал необично среќен брак со својата жена и нивната ќерка.

Но еден ден, сопругата му соопштила дека е трудна, некои 4-5 години по раѓањето на првото чедо.

Пошто ви НР Кина постои one child policy каде во рурални средини смее да се имаат две деца, во случај да се од спротивен пол, во урбаните центри немало таква можност.

Иако потекнувал од крајно рурално гратче, снајперот бил регистриран во Пекинг, во специјалната единица во касарна близу до плоштадот на Небесниот мир.

Сфаќајќи дека нешто мора да се преземе ако сака да има второ дете, ја испратил жена си во својот роден град далеку од Пекинг, да се породи таму далеку од очите на државната власт во главниот град.

Ноо...бидејќи комунизам и бидејќи државни кодоши - војникот бил исцинкарен од специјалисти кодоши кои се темел на секоја авторитарна власт, околу тоа дека наводно жена му била сомнително широка во стомакот и дека нагло ја снемало од Пекинг.

Државата го активирала центарот за планирање на семејство во гратчето каде се наоѓала неговата најсакана сопруга.

Жената била приведена и одведена во болница. Иако била во 7-ми месец, надлежните предизвикале побачај при што неродениот син на снајперистот и жена му, бил мртвороден.

Пошто животот е суров и невољата не доаѓа сама, тешка инфекција поради недоволно стерилизирани инструменти, тотална незаинтересираност и meh на доктори и сестри кои имале направено стотици прекинувања на бремености, кулминирало со сепса што ја усмртило и неговата сопруга. Во неколку дена човекот загубил све, најголемата љубов и синот кој го очекувал со радост.

И што да прави во една таква ситуација, човек кој цел живот се повинувал на системот, само за да биде уништен од истиот тој систем поради некакви наказни правила каде државата решава кој смее да живее и колку?

Типот после првичниот пароскизам на болката започнал да се однесува необично смирено во наредната година и пол, дури и чудно имајќи предвид што се случило.

Но тоа било само маска. Кинескиот Џон Рамбо од првата крв стапил на сцена.

Еден убав ден во 1994, оставајќи ја ќерка си кај неговите, имајќи направено копија од клучевите кои отварале магацин со оружје и муниција, со фалш наредба влегол и се опремил со јуришна пушка, панцирен елек, цела торба со муниција и неколку рачни бомби кои можел да ги земе а да не предизвика сомнеж барем во првичните денови.

И така ликот им кажал на неколку колеги на тој и тој ден да не доаѓаат во касарната.

На денот, снајперистот отвара оган во касарната и бидувајќи еден од најдобрите стрелци во земјата, прави тотален масакр.

Користејќи ја паниката, успева да запре автобус и со цевка на глава го приморува шоферот да вози накај плоштадот на Небесниот мир.

А таму, со нова полна рамка, продолжува осветата. Тотално без бирање цел, фул автоматски типот пука во масата.

Кинеската држава е во бунило и не знае што да прави.

Сепак после извесно време кон местото каде бил виден последен пат се упатува специјална полициска единица.

Нашиот јунак ги гаѓа еден по еден, првиот и последниот во строј а потоа сите измеѓу.

Истото се случува и со воените специјалци.

На крај после рачни бомби и крај на муниција, човекот со последниот куршум ја завршува причата надевајќи се дека на тој свет ќе се придружи на својата жена и син.

Не се знае тотал каунтот на лешеви и ранети пошто кинеската авторитарна држава веднаш започнала со вајтвош на инцидентите на тој ден. Ако во загинатите не биле неколку лица од Иранската амбасада, светот веројатно никогаш немало да дознае за ова. Настанот ќе исчезнел и никогаш не се случил. Исто како тука во неодамнешен случај со убиство во самиот влез на зградата, толку тајновита и опскурна ликвидација во Охрид што сите медиуми педерски решија да не објават ниту една реченица за случајот!

Но тоа и не е најважно, дали убил 75 или 85 цајкани и аскер, типот решил сам самцат да тргне против масивната државна машинерија која го ограбила од радост во животот, му ископала гроб во кој требало доброволно да легне.

Е ова е светски мега цар, легенда и људина. Невообичаениот херој на нашето време.

Во чест на анонимниот Кинез.чие дело одекнува низ урбаните клисури и моралните кањони на современиот етички рељеф.

Фалун Гонг

Своевремено, надалеку прочуениот лидер на светската бољшевичка орда Јозеф Џугашвили, познат и како Сталин, изјавил дека квантитетот поседува и квалитет сам по себе.

Можеби имал нешто тука, некаква несмасна вистинитост која сепак не трпи сериозно скрутинизирање. Пример е НР Кина, земја од 1,4 милијарди раја каде што 100 милиони лица играат фудбал на разни нивоа а во реалноста тој спектакуларен квантитет од кој произлегуваат најдобрите кинески 11-мина е поразен од Исланд во пријателски меч со 0-2, на среде Пекинг. Предноста на домашниот терен заедно со нестварната предност во квантитет (3.726 : 1 во однос на жители и 1.213 : 1 во однос на фудбалери од сите катерогии укажува дека Сталиновата максима е со сомнителен квалитет.

И така денес повторно сме во Кина, онаа псевдо Народната и квази Републиката, узурпаторска творевина кој владее со мејнлендот додека легитимната власт тавори на оближниот остров Формоза. А зошто сме во "НР" Кина? 

За да дознаеме за најголемата секта во историјата на човештвото, најбројна во сончевиот систем а можеби и во самата Галаксија. Таа секта се нарекува Фалун Гонг и претставува вистинско секташко совршенство. Нивниот секташлук е толку периферен што човек би си помислил дека Фалун Гонг и воопшто не е секта. Но не. Сепак, на стар познат и признат сектофил како мене не можат да ме измамат со нивната агитација на која еднаш и лично присуствував во еден западен дождлив град пред многу години.

Скраја било да го делам мислењето на Кинеската комунистичка партија по повод оваа секта, која што секта е прогонувана веќе три децении во "НР" Кина, единствено сметам дека тоа е навистина секта, можеби најсовршената која било когаш постоела.

Верувам дека после овој вовед веќе читателот се запрашува, па што е тоа Фалун Гонг и зошто Партијата на власт се обруши со безмилосна репресија врз оваа бројна секта? Кому му сметале 40-тина милиони членови на Фалун Гонг само во Кина? Зошто оваа секта не е забранета во Тајван или било каде другаде?

Но да видиме што и како точно претставува Фалун Гонг.

Се работи за масовна и релативно млада секта основана од ултра-гуруто Ли Хонг Жи, живописен карактер за кого нема премногу биографски детали но за кој се знае дека е фирер на овој броен култ. Едноставно и елегантно, Жи излегол во јавност на 13-ти Мај 1992 во Чанг Чун и со едноставен напор на вољата ја прогласил организацијата за отворена.

Она што се знае за Фалун Гонг е дека практикуваат серија на едноставни физички вежби кои треба да ја нивелираат Чи енергијата низ човековото тело, заедно со масовна сиимболика на сите страни. Тоа што свастиката е главен симбол на Фалун Гонг е интересен, иако лишен од наци-конотации детал.

Можеби главниот мотив на оваа секта е пасивен отпор кон Кинеската бољшевичка партија која што има апсолутна власт во НР Кина. Повиците на цивилен отпор, бојкотите, мирните демонстрации и другите видови ненасилни протести наишле на паника во редовите на КПК.

Што, зарем шака секташи се дрзнуваат да ја предизвикаат 75 годишната хегемонија на другариот Мао и неговите наследници? Зарем ова е начин за изразување на благодарност што Кина ги отвори вратите на капитализмот? Несомнено закоравените старци од Политбирото би сакале реприза на Тијен Ан Мен 1989 кога 11К студенти, војници и цивили беа убиени за да се спречи евентуален концерт на Скорпионс.

И така до крајот на милениумот, властите започнуваат сеопфатна пресметка со членството на оваа секта, прогони, затвори, дислокации, забрани, пропаганда... Зацртаната цел била да се искорени сектата до темел, да не остане ниту трага ниту глас.

Но желбите се едно а реалноста пингвин па така иако бројот на фалунгонговци драматично се намалува до некои 3,5 милиони денес, далеку од некогашните 84 милиони секташи. Во еден период Фалун Гонг имал повеќе членови од КПК што претставувал потресен шок за властите!

Тешко е да се каже колку секташи практицираат обреди во своите домови, настрана од будното око на кинескиот систем за социјален кредит, се шпекулира со цифри од 20 милиони па нагоре, што и не е невозможно.

А сепак. Кога нештото делува сивкасто тоа не е добро. Oваа приказна има потенцијал да доживее црн крај. Кинеските власти, во вечна потрага за трансплантации за членовите на ЦК и за профит на меѓународниот пазар на органи се настрвиле кон членовите на Фалун Гонг како цел на нивното жнеење органи.

Бројките се непоуздани, некаде од 40 до 66.000 лица кои биле харвестирани целосно за органи. Кинезите дури имале специфична иновација, атипично возило со големина на Кампер кое било сосема добро опремено за ектракција на органи!

За оние кои се опираат на власта, постои широк спектар на садизам кој се состои, иако не исклучиво од : тепање, самица, тешка робија, понижувачки пози, терање на робијашите да конзумираат фецес, варење на екстремитетите во врела вода додека кожата не се огули од телото,електрошокови во пределот на гениталиите, силување, ковање на бамбусови игли во ноктите на жртвите, гладување, депривација на сон, немање санитарии, хомосексуалистичко изживување, задушување и мајндгејмс со лажни смртни пресуди за да се скрши психата на жртвата.  

А зошто? Затоа што системот на Фалун Гонг, црпејќи од традиционалните Тао и Конфучијански традиции е закана за самодржците во Пекинг. Единствена политичка конкуренција на мрсната, обесна КПК. Иако се работи за конзервативна секта која е против промискуитет, педери и феминизам, тоа не е доволно за да на оваа структура и биде дозволено да постои. Но, постојат и други видови отпор, понекогаш помалку мирољубиви од претходните.

И така, еднаш во многу години човек може да се најде и како развива извесни симпатии за што? Па да, за секта!



Monday, April 22, 2024

Исчезнатиот Принц


Понекогаш човек се фаќа себеси како размислува за небитни и бизарни теми.
Една таква тема е таа дека постојат луѓе кои го задолжиле светот со своите дела, ја промениле траекторијата на дотогашната перцепција, ги отвориле вратите кон еден сосема нов свет, дотогаш непознат.
Движечките слики познати и како филмови се појавиле релативно доцна по пронаоѓањето на фотографијата во 1822, цели 66 години подоцна. А кој е таткото на филмот?
Не, браќата Лимиер не биле првите кинематографи на светот.
Со должна почит кој Луи и Огист, сепак нивната улога била во популаризирање на новиот медиум на подвижни слики. 
Оној кој тие слики прв ги снимил подвижни, осум години пред браќата, не завршил како значајна историска личност.

Никој не чул за Луи Ле Принс. 
А кој бил Луи?
Не се знае премногу за генијалниот пронаоѓач. 
Скромен и ненаметлив, овој човек бил роден во Мец, Франција, околу средината на 19-от век и уште од раната младост бил фасциниран од новите технологии кои што се појавувале на сцената. Учејќи го фотографскиот занает од легендарниот Луи Дагер, во главата на Ле Принс се појавила помислата "а што ако може да се напарават подвижни фотографии?".
Таа идеја не му давала мир и спокој па така Луи се фатил за работа и во распон од нецели пет години успеал да измисли филмска камера, филмска лента и прожектор за подвижни слики.

Од некоја причина Ле Принс се преселува во Лидс, Англија, каде што во 1888 година се снимени првите филмски кадри во историјата на човештвото. За среќа, некои од овие снимки преживеале до ден денес и може да се видат на видео платформата Јутјуб!
Победоносниот `од на Луи бил веќе зацртан и тој требало само да ја следи патеката на судбината кон успех и среќа.
Но, судбината си поиграла на еден сосема неочекуван начин после кој генијалниот Ле Принс ќе остане заборавен, изигран од случајот, изеден од темнината на заборавот, изгубен во маглата на непостоењето.

Доцно лето 1890-та.
Луи е на пат да го обзнани својот пронајдок пред светската јавност, да го изложи своето дело на светската изложба во Њу Јорк, САД. Остануваат уште некои две недели до тргнувањето кон Америка кои што недели Луи сака да ги искористи за да се види со фамилијата, во случајов со брата си во Дижон, Франција, и така тргнува од Лидс преку Ла Манш па до малото француско градче. Посетата се одвива добро и набрзо доаѓа времето за враќање во Париз. 
Интересно е што Ле Принс ги носел со себе сите нацрти на своите дела заедно со дел од опремата во еден поголем куфер од којшто не се раздвојувал. Зошто ризикувал на ваков начин е нејасно.

И така Луи се качува на возот за Париз и оваа приказна добива сосема нов plot twist. Возот пристигнува на целта, патниците се истоваруваат, но не и Луи. Од него нема ни трага ни глас. Како да пропаднал в земја. Но не само Луи, изчезнува и неговиот багаж заедно со славниот куфер со скици и прототипови. Организирана е голема потрага по должина на патот од Дижон но се` е попусто. После извесно време трагачите мораат да признаат пораз, од Луи нема ни најмал траг, ништо што би укажало дека некаде слегол од возот, дека е киднапиран, дека извршил суицид. Едно големо зјапечко ништо!

Се наметнува прашањето што се случило со големиот Луи Ле Принс? Каде и како завршил со своето постоење на овој свет? Одговор на тоа прашање нема, а веројатно и никогаш нема да има. Изумителот на филмот исчезнал не само физички туку бил избришан од историјата, како никогаш да не постоел. 
Имало многу нагаѓања што се случило со Луи, од најбанални до најфантастични но немањето докази ги прави сите хипотези недокажливи. 
Во 1897, Ле Принс е прогласен за мртов и така веројатната физичка смрт е потврдена со онаа бирократската. Луи оставил зад себе жена и син кои поопусто се обидувале да го одржат споменот на Луи во живот. Иако неколку камери и прожектори останале во рацете на синот, славата и парите во поглед на филмот ќе ги соберат некои други луѓе, не оставајќи ништо за семејството Ле Принс.
Уште една тажна фуснота во оваа приказна е смртта на синот Адолф Ле Принс кој што во Њујорк во 1901 бил убиен од непознат сторител со два истрели во главата. Дали тој настан бил последниот во редицата на многу, организирани со цел да се елиминираат ликот и делото на Ле Принс? Сосема е можно дека Луи стекнал некој мистериозен непријател кој сакал да го спречи иноваторот на патот до признание и богатство.

Некаде на маргините на мрежата постојат сомневања дека позади овие настани се криела моќната рака на Томас Едисон но до ден денес не е пронајден доказ за тој сомнеж.
Она што е сигурно е тоа дека ова е една од оние мистерии кои ќе останат неразрешени дури постои свет и век а Луи Ле Принс ќе остане незапаметено име кое практично не значи ништо во пишаната историја на светот.

Monday, November 6, 2023

Incel Rebellion

Very modern movement that is as absurd as it is unbelievable. And yet it exists and spreads throughout the world.

Spontaneous formation of an ideology that is spreading around among first world inhabitants. It has it's own recruitment base among the sexually frustrated and the emotionally wrecked twenty somethings.



The Leatherman (Giles Bourglais)

One of those lesser mysteries that are sometimes overlooked. The story of damnation and a vicious circle for the man dressed up in leather.

Self punishing at it's most brutal, life at it's most bizarre, one tends to wonder about the mental process that can evolve into something so unexpected.