Sunday, January 2, 2011

Љубовен триаголник

(By The Marked One, 010/004)
Веќе долги години на Телевизијата Македонија се емитува една тажна сапуница.
Веќе долги години Македонскиот народ  лие солзи поради црната судбина на ликовите во оваа серија.Веќе долги години сме сведоци на најизопаченото можно хорор сценарио кое некогаш излегло од  темниците на болниот ум на големиот филммејкер наречен Европска Унија.
Веќе долги години го дишеме чадот кој не гори, го јадеме изметот на секој кој ќе помине низ земјава, и бараме уште.
Веќе долги години молчиме под јаремот на системот кој не одржува во принудна хибернација.
Премногу долги години се боревме за она што сега без размислување го даваме за притоа да ни лепат препоните при помислата дека сме безбедни.
Премногу животи беа дадени за тие идеали, премногу животи и одзедовме, но не запревме, знаевме дека е неопходно.
Каде е сега долгоочекуваната награда?
Каде е ветеното?
Патриотизам...
Колку...мажествено звучи тоа. Звучи цврсто, звучи отмено, моќно.
Колку само љубов е насочена према татковинава?
Топли искрени чувства, вистинска љубов.

Неограничена.
Неизбројлива.
Невозвратена!
Колку е тоа трагикомично?
Навистина како една шпанска серија?



Замислете Фернандо се труди и прави се за да и го удостои животот на неговата сакана Палома но таа одлучува сето тоа да го заборави и дополнително да го загорчи животот на кутриот Фернандо.
Таа го измачува, го лаже и го манипулира а тој упорно ја сака и и дава целосна поддршка во сите нејзини подвизи, славни и неславни.
Сите нејзини зли шеми, девијации.
Нејзин интерес е странецот Габриел, тој е богат и успешен, изгледа  нестабилен, но е лукав.
Таа се обидува да го искористи а всушност тој ја внесува во својот кревет и ја силува нејзината чест и се она за кое се бореше Фернандо. Фернандо е очаен и полека ја согледува целата, вистинска слика и во него се буди револт, но тој е уплашен. Се надева дека се ова е недоразбирање и дека засекогаш ќе ја загуби Палома.
Ако и ти се чувствуваш како Фернандо...ако и твојата чест како и неговата е извалкана од курвата наречена Власт тогаш зошто и во тебе не се буди револт?
Ако и ти си дел од овој љубовен триаголник ЗОШТО ГИ ТРПИШ СИВЕ ОВИЕ НЕПРАВДИ?!
Зошто и ти како и Фернандо стравуваш од последица?
Зошто и ТИ МАКЕДОНЕЦУ ДРЕМЕШ ВО АПАТИЈА?!

Зарем може да биде полошо?
Ако почекаш уште малку, верувај дека може.