(Втор дел)
Хак!
Ме слушаш ли?!
Хак, татко ти ми рече да те викнам!
Хак!
Застани идиоту!
Застани по ѓаволите!
Хак!
Трчаше брзо низ полето памук. Извиците на стариот полека се губеа некаде далеку во белото море.
Конечно стигна до една пенушка и седна.
Едвај дишеше.
Беше тоа едно сосем обично момче.
Живееше со своето семејство во предградието, покрај нивите на богаташите од градот.
Нивната, ако можеше да се нарече куќа, всушност беше фарма која некој некогаш успеал да ја приспособи за кохабитација на луѓе и животни, но семејството на Хак велеше дека никогаш
не би ја замениле за нешто друго.
Навистина, куќата имаше некоја сентиментална вредност за татко му на Хак.
Сув, и ковчест изгледаше доста неухрането.
Човек би помислил, бездомниче, нема ни да се прехрани.
Но природата го беше дарила Хак со витка става, а тој за среќа, имаше што да јаде.
Мразеше да работи на полето.
Собираше по 50 килограми тутун за неколку бедни доларчиња.
Но што да се прави, семејниот бизнис го хранеше семејството со генерации и татко му чувствуваше дека е летово е погодно и Хак да почне со она што го нарекуваше “вистинска” работа.
Кутриот Хак,никогаш дотогаш не се чувствуваше толку бедно.
Детството одамна беше зад него, му се чинеше дека ова лето е последно за него.
Навистина, полјоделството претставуваше агонија за него.
Мајка му исто како и него, се беше задушено во тој затвор, единствено љубовта кон сопругот ја натерала да остане во градот.
Но работата на полето полека го беше исцицал животот од неа и таа починала од туберкулоза, без волја да се бори за здравјето.
Уште од мал му се восхитуваше на стариот Чемберс, градскиот доктор.
Харизматичен човек во своите шеесетти, сосем пријатен но ѓаволски паметен.
Имаше докторат на Факултетот за Медицина во Филаделфија и Хак често го прашуваше за неговите студии.
Ги слушаше неговите приказни за разните болести и лекови со кои се сретнал, го впиваше секој негов збор.
Денес тој повторно се измолкна од фармата каде што беше задолжен за неколкуте кокошки што ги имаа и сега со сите сили трчаше накај канцеларијата на Чемберс, со надеж дека денес ќе чуе уште нешто за страшните чуми во Африка.

Ах, Африка.
Колку само Хак сакаше да се губи од оваа пустелија и да патува низ белиот свет.
Честопати дедо му кога беше жив му раскажуваше приказни за Том јаболковото семе и Пол Бањан, за нивните патешествија и подвизи.
Хак и деда си го сметаше за јунак иако навистина не знаеше дали дедо му некогаш имал заминато подалеку од градот.
Најпосле излезе на улиците.
Градот беше малечок и немаше многу метеж што на Хак и му се допаѓаше.
На радиото слушаше за големите метрополи и за хаосот што владееше во нив.
Но тој пекол беше далеку.
Трчаше по тротоарот на главната улица, покрај редот новоотворени колонијали и старата месарница.
И токму кога сврте на аголот, без да види,удри во нешто тврдо и падна наземи.
Го дигна погледот и на земјата веднаш до него го виде “тврдото” нешто во кое беше удрил.

Кретен!
Ааа...
Слепец!
Ама..
Глупак низаеден, селанец прост!
Добро, извини.
Вчера ми го купија фустанов, а погледни го сега идиоте!
Хак замолча. Не можеше да изусти ни збор. Таа беше бесна.
Ја наведна главата и повторно се извини.
-Ако сакаш ќе ти платам за фустанот, но ако може да ми дадеш малку време да заработам некој долар бидејќи последната заштеда ја потрошив на...
Нема потреба, извини, не требаше да ти викам...како се викаш?
...
Како?
Хак.
Мило ми е Хак, јас сум...еј каде одиш?!
Но Хак веќе трчаше, не знаеше каде оди.
Не беше ни важно.