Thursday, March 17, 2011

The Tao that can be spoken of...

(By Igor, 017/006)
Ѕвезди и универзум.
Има промени во универзумот и тоа како, тука барем нема конфликт
Втората работа е еволуцијата.
Ќе ја баталиме теоријата на еволуцијата за момент.

Еве јас ќе ја дефинирам еволуцијата лаички, па ќе видиме што ќе се задеси понатака.
Еволуција е процес на промени низ време.
Ќе земеме дека промените се во ДНА, и одреден процент на разлика во ДНА (минимум на разлики) би ги разликувал видовите едни од други, може и да има (науката дефинирано), јас не сум чул,.
Како и да е некаде би требало да биде 0.5 % нагаѓајки на тепка...
Може е повеќе, да видам лотарија како ми оди.
Надворешниот изглед не ни е битен.
На пример куче од волк е помалку 3 % итн.
Разликување на еден вид од друг е работа на дефиниција.
Тоа е барем лесно.
Е сега.
Промени има, тоа е неоспорно.
Значи промени на видовите.
Како се случило тоа незнам баш со сигурност.
Има индикации дека главно промените биле циклични.
Ако се врзе тоа со фантом ДНА и супервејв теоријата интересни заклучоци може да се донесат.
Но да го баталиме тоа сега за сега.
Еве да претпоставиме дека промените се во рамките на видот и со време би станале доволно големи за да дефинираме како нови видови па макар и подвидови.
Проблемот е во причинителите на промените иако тоа се занемарува во дебатите.
Прва догма на теоријата на еволуцијата е времето. За да има еволуција мора времето да е линеарно.
Инаку не би станало збор за еволуција.
Еволуција = t (време)
Ако промените доагаат од место каде што не постои времето,дали би станало збор за еволуција?
Јас ќе речам дека овој процес на промени е еволуција, ама еволуција на свеста, која имајќи потреба да еволуира (можеби доживување е правиот збор) го менува живиот свет на планетава.
Станува збор за спрега помеѓу овие два света, во кои све учествува во кокреацијата.
И се е дел од кокреацијата, и засебен и целoто. Холограмска парадигма, не треба многу објаснување.




Треба само да живееш со срцето и се е јасно како ден.
И тоа од место кај што не постои време.
Тој свет е примарен, овој е секундарен.
Што не значи дека не е битен и треба да се отфрли како таков.
Покрај тоа ако се има потреба од адаптација тоа ќе се деси автоматски (несвесно на колективно ниво) или свесно, како што е случајот со нас (луѓето) кои свесно може да "еволуираме".
И не само да еволуираме туку и свесно да го менуваме материјалниот свет.
Очигледно проекторот-ДНА е способен за ова.
Но што со праната? (Јас го нарекувам светиот дух).
Има уште многу што незнам.

Дарвин-самоубиство-низмот вика нема цел во промени на свеста.
Таа случајно настанала, основна цел на еволуцијата е опстанокот.
НЕ...покрај тоа што е неоснована оди и против здравиот разум.
Квантната нелокалност и дуалната природа на (како што видовме со buckyball experiment-от) објекти со големина приближно на ДНА молекулот, се доволни за да се постави теорија.
Квантната нелокалност на свеста е доказ повеќе за ова. Дали ќе биде тоа - тоа,  ќе видиме.
Целата работа е што животот е интеракција на искуството во материјалниов свет со бесконечноста. Спрега во која неможе едното да постои без другото.
Или барем ова неможе без тоа, за обратното не сум сигурен.

Ова е нешто отприлика околу еволуцијата, и како што би рекол Лао :
The Tao that can be spoken is not the eternal Tao.
Има и една друга многу реална можност која би постоела доколку може да се патува назад во времето...

Wednesday, March 16, 2011

Земјата на зајдисонцето

(By The Marked One, 016/006)
Денес над Македонија се раѓа, нов крик на хипокризија!
Македонците се борат да изгледаат фенси на Фејсбук и воопшто на интернет via ставање црвени точки на нивните профили за електрично социјализирање.
До пред недела дена, таа точка, за Македонците беше само точка.
Црвена.
Но многу работи се сменија, нова земја се појави на видело.
Се карактеризира со мали курови, волнени минџи, педофилија и workaholics.

Таа земја се вика Јапонија.
Јапонија е релативно млада земја, стара само пет дена.
Барем во очите на секој нормален Македонец.
Пред пет дена Јапонија беше некаде далеку, таму зад седум планини и мориња и се што знаевме за неа е дека таму живеат вонземјани со коси очи и јадат со стапчиња.



Но одеднаш...a fuck was given!
Морам да ја цитирам Еленчето...што се случи кој те смени стварно не те разбирам...Македонче.
Од каде бе одеднаш таа заинтересираност за земјата на сонцето?
Што така одеднаш сите се зажелија за anime воа оноа?
Сега wappanese културата е ин?
Баш ме интересира дали сите сакаат да бидат Македонци во 1963...
А па сега ми текна.
Затоа грците сакаат да бидат Македонци, оти да си Скопјанец е ин.
Па ти си преживеал земјотрес!
Ехеееј не е мала работа!
Тогаш, оти немало Фејсбук, сигурно закачувале Македонски знамиња по дома и пееле песни од Бадев.

Не?
Зошто бе никој не сака да биде kool_boi_mkd?
I really find this matter a bit odd.
Па да си Македонец е кул!
Па батали земјотреси и Џемо Биљбиљ ние ги имаме БЦ и НГ.
Заедно ја тресат Македонија посилно од било кој земјотрес.
Mориња неплатена пот брануваат пожестоко од било кое цунами...
Само се надевам дека Јапонија нема да ја има судбината на Скопје по катаклизмата...а ни неговата инфрас...ова ние го нарекуваме инфраструктура?
Навистина нели е чудно што и Македонија и Јапонија го обожуваат сонцето?
Навистина Македонија...како што Јапонија е земја каде што изгрева сонцето, така Македонија е земја каде што тоа заоѓа...па затоа и на сите нам ни се темни.

Saturday, March 12, 2011

Писмо до непознатото паразитче

(By Големиот Брат, 015/006)
Драг Другар Коце,
Јас како жител на Скопје сакам да те замолам да прекинеш да не споредуваш со светските метрополи. Да бидеме искрени не можеме повеќе да конкурираме ни на балканските. Мене ми е јасно дека немате пари за бугарски курви кои немаат сифилис, пардон за паркинг места и тротоари, но ве молам не земајте ги од малите луѓе кои немаат пари и онака, тие таксисти издржуваат фамилија а ние добиваме ефтин а ефикасен превоз бидејќи после полноќ бидејќи градот Скопје сака да штеди на нас црнците, робовите, што и да е сме…се извинувам работниците и не сака ни под разно да праќа автобуси после полноќ на секој еден саат до 5 часот а и тоа што го добиваме тешко дека може да се категоризира под ефикасен превоз . 



Има луѓе кои работат до 1 часот по кафичи во кои вашите луѓе ги поебуваат парите кои ние ви ги даваме, тие келнери не би работеле таму ако до Радишани или Старо Лисиче доколку би оделе со автобус во пет часот насабајле. А вас би ве послужувале келнери од Капиштец кои не се баш толку послушни и добри бидејќи според пазарната логика нивната цена би пораснала наеднаш.
Курвите бугарски без сифилис, пардон тротоарите и улиците, можеме да живееме и без нив и онака не постојат, полни се со џипови кои припаѓаат на луѓе од вашата администрација, или пак се гради нешто на нив. Затоа ве молам оставете не на мира и ако сакате толку да се среди градот прекинете да издавате лиценци за секој еден напукан со пари да гради во центар трговски центри или што и да е. Исто така луѓето во Лондон заработуваат 10 пати повеќе од нас и имаат ноќен превоз. Колку само да не се залетате пак .
Благодарам за вашето внимание
- Големиот Брат член на Блогспот.ком и жител на Скопје.

Дали патриотизмот е ментална болест?

(By Roger Mortis, 014/006)
Широката дефиниција го тврди следното – секое пореметување на мозочните функции кое влијае на мисловниот процес, емоциите или способноста за взаемно корисна интеракција со околината и опкружувањето е патри...упс...ментална болест.

Самиот патриотизам и неговиот дебилен брат, национализмот се базираат на “љубов„ кон некаков замислен ентитет наречен “држава“ или “народ“ во најчеста смисла на употребата на овие поими. Исто така имплицира на некаква позитивна разлика спрема сите останати ентитети кои се именуваат како народи и држави.

Емоциите насочени кон замислени ентитети не е новост, религијата е најдобар показател до каде може да ескалира сето тоа.

Но патриотизмот како релативно нова појава е кулминација. Ако во религијата барем „љубовта“ се давала на некаков семоќен ентитет наречен Бог, од кого се очекувала награда со живот вечен, во случајот на патриотизмот имаме емоционално едностран однос кон некакви црти на географска карта и некакво име кое ја означува таа територија. Секако зад тој концепт се кријат сосема конкретни механизми за грабеж на населението на одредена територија и експлоатација. Генијалноста лежи во перењето мозок кое бара од оштетените да го сакаат својот злотвор, бидејќи им продава приказна за посебност,припадност кон поголема целина,ги апсолвира длабоките стравови кои секој просечно лоботомиран припадник на некоја нација гледа да ги избегне во текот на животот земски.

Со други зборови патриотизмот вирее на плодната почва на кукавичлукот на поединецот и неговата умствена инертност .Исто како и многу други ментални пореметувања.

Оваа ментална болест ексалира на светско ниво со преименувањето на државите во нации во 18.век. Најмногу благодарејќи на нус-продуктот на француската револуција, Наполеон.


Ниеден патриот или националист не може да објасни што е тоа добро во наведените ентитети.Што е тоа кое наведува на емоционален ангажман од него кон замислената социјална конструкција.

Дали на пример, мастурбацијата на македонско издание на Плејбој е израз на патриотизам? Или сепак е само мастурбација? Ако е првото тогаш патриотизмот и мастурбацијата се еквивалент.

Со своето делување патриотизмот спречува развивање на личност со вечно инсистирање на непоставување прашања (имаше една Кенедиева небулоза) и условување на поединецот.

На територијата позната како РМ и годината 2011. оваа болест е се повеќе присутна и се заканува да го убие секое независно мислење и да спречи било каков tipping point во правец на индивидуални и колективни вредности спротивни спрема патриотизмот. А уште полошо во многу случаи човекот е условуван меѓу биолошки опстанок и свој став. Погодете кој има приоритет...

Но патриотизмот е болест од пандемиски размери.

Празниот личен живот и немањето јасно дефинирана претстава за сопствена вредност се заменува со готови модели на верување кои се деривативи, со што ширум е отворен патот за масовна епидемија на патриотизам, спрема која пандемијата на чума во 14.век позната како Црната Смрт е само пријатно пролетно ветре кое ја гали косата во некое убаво сончево мајско попладне...Само во 20.век патриотизмот и национализмот по најконзервативни процени се одговорни за смрт на 450 милиони луѓе во неколку илјади војни водени на сите континенти.

Освен Антарктик.
За среќа, на Антарктик нема скоро ништо.
Не виреат бактерии и вируси многу, а не виреее ни патриотизмот...

Убијте го патриотот во себе.
После тоа продолжете во комшилукот...

Friday, March 11, 2011

Еволуција ?

(By The Marked One, 013/005)
Extra!
Extra!
Read all about it!

Револуција!
Еволуција?
Деволуција, и ментална акцелерација до ретардација!
Каде сме? Што правиме овде? Зошто го правиме ова?
Прашања се ројат ама кој, кој, кој, КОЈ ќе ги одговори?
Некој педофил, зоофил или некрофил?
Секојдневно слушаме за нови подвизи во љубовта...секојдневно човек во нешто друго besides човека се заљубува?
Дали се тоа огради или дрва или Папата, ваш избор.
Апсурдот полека ескалира, секти, пореметувања, филии, фобии, зависности, пороци, болештини и што ли уште не го врти светот денес.

На интернет гледаме секакви видови порно материјали од секс со трупови до детска порнографија, И НИКОЈ НЕ ПРЕЗЕМА НИШТО ВО ВРСКА СО ТОА.
И настрана фактот дека не обрнуваме внимание на секојдневниот раст на девијациите, полека но сигурно ги прифаќаме како дел од здраво општество.
Ги натурализираме...биле и во природата, и човекот требало да ги практикува.
Било нормално.
А нормално ли е да клецаш желки, трупови, дрва, деца...да дркаш на папатана камења, на мочуришта, на измет, мравки, нитроген и слични такозвани нормални turn-ons?
Ајде бре...



Nambla...скратено од The North American Man/Boy Love Association.
Драгите педофили, педерасти од оваа асоцијација со сета сила се обидуваат да докажат дека децата дури на 7 годишна возраст треба да бидат сексуално активни и дека уште од мали децата се всушност РЕПРЕСИРАНИ сексуални битија и дека против СИТЕ регистрирани педофили треба да бидат дигнати сите обвиненија и тие да бидат веднаш ослободени.
Навистина ќе се замислам дали сакам да имам деца ако оваа глупештина се легализира.
Навистина, децата можеби се најголемата среќа која може да ја доживее човек, но кој би бил доволно луд да ризикува нивно трауматизирање кога вакви лудаци ќе шетаат на слобода.
Интернетот, исто така е буквално мочуриште каде виреат вакви болештини.
Секојдневно излегуваат видеа каде се гледа силување на беспомошна девојка од страна на ретардирани јапонци, или пак реално убиство  извршено на најболен начин.
Целиот свет е во проклет uproar на девијација а сите ние либерални, го прифаќаме како некој Њу Ејџ бран.

Дали навистина ова е еволуција?

Saturday, March 5, 2011

Мизантропија

(By The Marked One, 012/005)
Фор факс сејк доаѓам на блогов со цел смислен текст и коа ќе ја отворам не знам шо да пишам...
Епа почнав...
Ај да продолжам...
Гадна работа, пошо нема шо да пишам, всушност нишо не се дешава од последниот апдејт.
И нема да се деси.
Никогаш.
Never.
Никогаш.
Never.
Никогаш.
Never.
Nikogash.
Невер.

Невермор, Невермор...

И така.
Друго.
Ич не ми иде импровизација у последно време,а техника сум арен...зашо бе Тоше зашо?
Зашо...дај ми идеја...дај ми...дај ми...микрофон?
Ми се пичи некоја фузија на рап/трип хоп/рок/џез...
Нешо јако...
Нешо мрсно...
Некој добар groove...
Нешо...boogie!!!
My mojo ain't workin' fine...
Pisses me off...
Gonna put it in a jar and call it Lassie...
Toss it over the hills of eternity...
Даааааааа!

Buckethead
Вечита инспирација и поттик да напредувам...
Bucket, if I ever get a chance to kneel down before you, I will kneel down before you.
The dude...the ultimate god.
А и сакам да интегрирам.
По Риман.
Или не...
А шо сакав...
Не знам али знам дека е многу комплицирано...доволно комплициран сум за понекоаш и самиот да не се разбирам...
Всушност, неразбирлив сум 24/7...
Ништо чудно што...нема врска.
Не е битно...ништо не е битно...глупости, глуп, туп сонувач...а мислев...али коа сум глуп...глупсон...
Па знаеш шо...
Понекад...
Не вака не почнувам...




Вака ќе почнам :

Misanthropy is generalized dislike, distrust, disgust, contempt or hatred of the human species, human nature, or society. A misanthrope is someone who holds such views or feelings. The word's origin is from Greek words μῖσος (misos, "hatred") and ἄνθρωπος (anthrōpos, "man, human being").

Си Гугле Транслате фор лес ефорт.
А имав и нешто да кажам.
Во последно време често ме споредуваат со Хаус.
Оној докторон, гениј ме прават. Ми годи де.
Ама being House, влече и неколку особини кои во очите на секој кој не е Хаус, или јас изгледаат негативни.

Мизантропија.
Дигнете рака колкумина од вас го знаеа зборов пред да го гледаат Хаус?
Малце...штета вака изгледам фејкерски.
Дали ја знаете онаа, попарено куче и од јогурт бега?
Е муабетот е што дури ни Платон не ја сфатил “догмата” на мизантропијата, а не ја сфатил бидејки никогаш не ни бил.
Тој вели дека се се сведува на човек кој едноставно имал преголеми очекувања а доживеал горко разочарување.
Шопенхауер од друга страна и те како го закопува перото токму во мизантропијата, ја разглобува и ја толкува према она што е.
Мизантропијата е цело ново сфаќање, ”откровение”.
Но самата мизантропија е симптом на нешто повеќе...
Мизерен.
Звучат слично...па и слични се, донекаде, ако и двете ги имаш под кожа.
Зошто некој би бил мизерен?
Дали затоа што сфатил дека повеќе не постои некој на кого може да му се довери?
Бидејки со неверица почнал да гледа и во датумот на траење на млекото?
Бидејки знае дека вкусил по барем една лага од сите кои ги знае?
Дека бил предаден од најблиските и предал за возврат?
Зошто постои сиот овој негативен полнеж?
Зошто сме приморани да лепиме ваква етикета на човештвото?
Намќорест е верувам навистина self explanatory кога ќе го прочитате целиов текст.
А и не сфаќам зошто овој збор би ви паднал прв во очи па да ја прочитате целата реченица прва.
Влијание на туѓото мислење врз нашиот живот.
Знаете колкаво е?
It’s the size of my penis minus twice the size of my penis.
Само на некој навистина му е важно што рекол комшијата...како тоа навистина да ќе го повреди моето его.
Нема, бидејки знам дека неговото мислење не влијае на мојот живот.
Многумина од вас имаат тешкотии во прифаќањето на фактот дека најтешко е да живееш со сам себеси.
А како очекувате да се прифатите сам себеси кога ве загрижува кога не ве прифаќаат?
Самата околина ви го пере мозокот со мисли како тоа вие вредите само како запчаник и нормално дека вие самите ќе имате мислење дека сте само дел од сложувалката.

Лек?
Чаре барате?
Па...имам идеи, се надевам на некоја алтруистичка иднина каде што мизантропијата ќе нема корен и предизвикувач ама што знае еден мизерен пост-адолесцент.
For all we know, сигурно се дрогира.
Па и види го каков е облечен.
Всушност, некои ќе тврдат дека сиов овој текст е излив на лудилото на тој пост-адолесцент кој нема попаметна работа.
Се надевам дека погребот на вашето дете ќе го расцепи бетонот на кој пишува индоктринација.
Time of death 04:33.
Diagnose: Doctors' negligence.

Outro...
Curtain Close...
И ќе завршам со...

I can't never stop workin' hard
each day I feel I have to improve
Hard work, determanation
I've got to keep pushing myself

Победа

(By Roger Mortis, 011/005)
Непрестано гледаше низ отворот.
Се сеќаваше кога за прв пат леташе пред многу години и се чудеше како глетката не престанала да го фасцинира после толку многу време. Светот изгледаше сосема мирно и спокојно како и секогаш.
Се прашуваше. Од каде баш сега сите тие спомени, ненајавени почнаа да се вртат низ неговата  глава. Дамнешни пријателства, полуостварени и неостварени љубови, планови кои добиле  неочекуван правец. Многу поважни работи требаше да му се вртат низ черепот отколку некакви спомени за нечиј живот...неговиот живот.
Прашања. Зошто не побара број од онаа црнокоса, висока, малку уморна девојка која го гледаше онаа вечер во аеродромскиот бар пред да ја добијат неочекуваната команда. Командата за која се обучуваа со години надевајќи се дека нема да ја слушнат, меморирана одамна во еден посебен дел од мозокот.
Не беше вежба. Оперативна задача, лет со активна боева употреба.
Ниедна не доби шанса освен НЕА...другите, нејзините конкурентки, плавокоси и црнокоси, а можеби и по некоја црвенокоса тешко се решаваа да се релоцираат со него, половина година на Окинава, половина година во Аризона, година во Кореја, две на Диего Суарез...но ТАА секогаш го пратеше каде и да оди.

Секогаш беше исполнителен, ведар, по малку ригиден, послушен и премногу не се оптеретуваше со некои прашања. Не беше особено перцептивен за да сфати дека неговите мисли се нечии туѓи фрази со кои го клукале низ военото училиште...
За прв пат го обзеде некое чудно чувство во таа приквечерина на 8000 метри над северниот Пацифик,сам со неколку колеги во некогаш величествениот Boeing B-52 Stratofortress голема и моќна 200-тонска машина која ја познаваше поинтимно отколку неколкуте девојки со кои имал сериозни врски, подобро отколку со родителите, таткото воен пилот missing in action некаде некогаш над некоја безначајна точка на планетава терајќи го змејот на Air America, белиот и зелениот, и мајка му која се држеше некако без воља посебно да го воспитува синот, освен неколкуте приказни за наводните херојски подвизи на татко му, во паузата меѓу гледањето квизови и филмови, спиењето под фенобарбитол и понекоја случајна, брза јебачина со типот кој продаваше хот дог на ќошот и кому му беше сеедно која дупка ја набива...
Нејзиниот син беше битка која ја изгуби без многу борба. За разлика од сопругот кој извади бело знаме неколку месеци од раѓањето на идниот јавач на апокалипсата.




Учеа и тренираа за неа. Иако беше крупна и тешка, зрачеше со некоја енергија која бараше многу калиум и јод за нејзините љубовници. Иако висеше по влажни складишта и немаше којзнае каков социјален живот после трите дена во еден сончев Август, иако ја користеа само на некои опскурни места како Маралинга, Монтебело, Бикини атолот или Танезруфт појасот - беше вистинската. Таа. Бомбата.
Ултимативен симбол на деструкцијата.Оргазам од 1100 килотони сирова снага. B-28M беше нејзиното вистинско име. Нагалено „Molly“...ја викаа и слатката мала, веројатно да го прикријат стравот што летаат со неа, знаејќи ги нејзините склоности.

Непријателот...немаше можност да возврати, стандардите за mutual assured destruction не важеа...
Такви барем беа разузнавачките информации со кои трнаа во напад.

На неколку наврати низ главата му помина мислата “не бевме ние криви...тие први почнаа„ ...“што можевме освен да се браниме“...

Разузнавачките информации, плановите и операциите имаа еден заеднички пресек.
Беа 100% сигурни само во сметките на политичарите.

Овој пат немаше назад.
Напред беше целта.
Molly, слатката мала, беше истоварена по планот.

Горивото беше при крај, последните капки беа беспомошно извлекувани од резервоарите.
Повиците за дополнување на гориво во воздух наидуваа на мртва тишина, летечките танкери кои требаше да се појават не се појавија и не одговараа на повиците.
Немаше каде да слета. Долу беше пеколот, горе беше мерачот за гориво чија сказалка незапирливо одеше кон дното.
Ја испуштија можноста за принудно слетување на вода пред некое време, сигурни во постоењето на својата база. Јасно им беше што се случило, но и онака немаа време за некаква си бура од емоции, гнев, тага. Можеби само шок...
Копилотот веќе извесен период беше навлезен во некој свој филм, потпевнувајќи некаква песна...

As I was walking,
That ribbon of highway,
I saw above me
That endless skyway,
I saw below me
That golden valley.
This land was made for you and me.

Чудно, но не беше активиран автопилотот на авионот. За разлика од автопилотот во главата на нашиот лик, кој во последните минути пред Стратосферскиот ѕвер да биде привлечен од гравитацијата надолу сеуште неуморно работеше.
Не му беше жал за ништо, ни за себе ни за пепелта која ја оставија некаде таму, ни за своите долу. 

Беше задоволен што конечно им покажаа.