Sunday, March 27, 2011

Светиот грал на тираните

(By Roger Mortis, 024/008)
Можеби на прв поглед би се помислило дека диктаторите се крајно перверзна сорта која освен хареми, педофилија, швајцарски банки, високи воени чинови, бизарни униформи и рандом чмарољубие се пали и на било која од 459-те регистрирани парафилии во доменот на сексуалната психологија.
Ако таа помисла ја повзувате со ултимативниот фетиш, светиот грал на диктаторската ерекција...не ги познавате како врста.

Воопшто.

Од Мобуту Сесе Секо, преку Фердинанд Маркос па се до Фидел Кастро.
Од  Леонид Брежњев, Жан-Бедел Бокаса, Никулае Чаушеску до Алфредо Штроснер.
Трухиљо или Мубарак.

Сите имаат ист влажен сон. А тој е - поданици кои не само што немаат кичма, туку и се постојано вљубени во оној кој го раширува нивниот чмар. Стерилни кукавици без праг на толеранција, каде било каков вид на изживување се прима без оптор. Пасивност до таа мера што е опеана во вековната традиција меѓу таквиот вид поданици како некој вид на доблест, вештина или мудрост. Светиот грал на диктаторството лежи онаму каде власта е навистина третирана од рајата како дар небесен .
Тоа се поданици какви што тешко се наоѓаат. Како совршена жена на пример.

Но има едно место, зад седум контејнери и девет чучавци, митска територија  зад три шалтери и 99 бирократи, често муабетено и со завист погледнувано од диктаторските очи, причината заради која тоа парче земја и покрај тоа што нема нафта, ресурси ниту море или нешто за кое би вредело да се војува на прв поглед... сепак било предмет на борби и битки на разно разни диктатори, кралеви, цареви и кнежеви  низ стотици години. Мотив? Во тоа место живеат митските поданици кои никогаш ама баш никогаш и под никакви услови нема да се побунат против власта. А ако некој случајно, на општо згрозување и спроти вековната традиција и се побуни ќе биде брзо и ефикасно елиминиран уште пред  најтивката  гласина за бунтувањето да стигне до ушите диктаторови.



Дали знаете за кое место станува збор?
Не ќе да е Мавританија.
Можеби Хаити?
The Confederate States of America?
Северна Родезија?

Ве лажеа дека таа територија ја поробувале заради некакви библиско-антички конотации?
Стратегиски местоположби и центри на светот?
Рудникот Алшар или Езерата?
For the batshit insane & the renown lunatic asylums?
Дека ја поробувале заради материјалните богатства и ресурси?

Не.
Заради поданиците. Ете сега знаете зошто населението на таа територија било цел на разни освојувачи. Рајата а не земјата. Бидејќи такви поданици не се наоѓаат ни на едно друго место, не барем во овој дел на сончевиот систем.

Исклучоци?
Имало...малку биле и не наишле на поддршка меѓу оние за чиј интерес и слобода се бореле.
Нивната историска фреквентност е чисто колку за иритација на статистичарите и историчарите. Неколку ситни каменчиња во вреќа со ориз. И не само тоа туку добивале редовни бонуси во вид на предавства, заради тоа што опортунизмот бил религија а кратковидната анимална себичност – догма.
Затоа историјата мора да се менува како што тоа го правеа во Министерството на Вистината каде дупката на заборавот работеше во полна пареа, како и печатарските преси.Секоја власт си носи нова историја и ја пишува одново. За да се прикрие колективниот fаil и да се даде нов фикс на зависниците од ефтини илузии.

Ако сеуште не ви текнува за кое место станува збор...вие сте тој. Совршениот поданик за кого датумот е некој ден и некој месец...но годината засекогаш останува иста.

1984.

Welcome.

Saturday, March 26, 2011

How I met the Yellow Raven

(By The Priest, 023/007)
(Седев пред големата бела дрвена порта на мојата стара плитава селска куќа. 
Се сеќавам дека гледав далеку на хоризонтот. Мојот поглед ја „пробиваше“ ролатната планина која требаше да се премине за да се стигне до Новото Село. Јас лутав само со мислите, не ни планирав да одам таму. Во раката ја држев потковицата која ја најдов закачена на еден клинец од десната страна на чардакот, веднаш под пенџерето. Ми кажаа дека тоа е се што останало од големата стока што порано била чувана тука, во овие крупни дворишта. Ја тркалав на показалецот. Нозете ми беа прекрстени, десната рака им тежеше. Левата сум ја заборавил во џебот од моето палто. Сигурно сум барал нешто. Очигледно не најдов.

Ми се чини дека бааги време седев и не правев ништо што не го споменав до сега. А сонцето веќе немаше сили, веќе не можеше да се докрепи горе, највисоко што можеше. Полека почна да се тркала по синиот небесен со веќе излитена фраза наречен свод.)

Ја фрлив потковицата од коњот што некогаш тука си го отслужил своето, ги стокмив двете нозе наспроти и главата ми падна на двете дланки. Чиниш изморен бев. Или тажен. А јас само си ги триев очите мои. Само тие беа изморени. Проткаени беа милион приказни додека ја посматрав втората статива на игралиштето. Го барав изворот, онај за кој мислев дека има вода што не се пие, ама не го најдов. Касно лето е, има високи шавари.




Ги ставив двете дланки на колениците како механизам кој ќе ми помогне полесно да станам. Се исправив и го разработив мојот стар рбет во младо тело. Со двете раце како орел раширени се чувстував пријатно. Кога го завршив тој рефлексен ритуал, широко ги отворив очите, погледнав интуитивно надолу по благата стрмнина. По високиот ни наш двор забележав човечка силуета. „Кој ли може да е?“ - се запрашав. Знаете, јас нејќам ненајавени гости во случај да не ми се посебно драги. Нетрпеливо чекав да се доближи, со десната дланка преку челото и зо забрчкани мускули околу очите се трудев да ја победам дифузната сончева сјајност.
Милион мисли, повеќето негативни, ми поминаа низ главата додека правев математики кој би можел да ми дојде на посета. Кој би можел да ме бара тука? 

Човекот беше облечен во црно одело и црна капа со цревена линија наоколу како панделка. Имаше долга светла коса. Кошулата му беше свилена, бојата не ја паметам. Имаше мустаќи. Другите детаљи кои би го опишале неговиот изглед не можам да ги обелоденам, од проста причина што не ги паметам. Кога дојде блиску до мене, бев сигурен дека прв пат го гледам. не ми рече ни здраво. Стоеше исправен пред, со десната рака малку подадена кон мене. Дланката му чуваше кутија цигари. Една беше истакната, што беше доволен знак дека треба да ја земам. Ја зедов. Тој зеде еве. Едната ја стави на увото, другата ја запали. Јас ја запалив и мојата. Но, се изненадив кога тој преку рамо ја фрли кутијата која беше речиси полна. -„Нема да ни треба!“ рече и се упати кон местото каде што до пред неколку минути јас господарев. Пред големата бела дрвена порта. Седна пред вратата на степеницата самоуверено и со блага ароганција како секој ден да го правел истото. Гледаше некаде во далечината, и ја димеше цигарата толку опуштено, како ова да го чекал целиот свој живот. А јас само го гледав. Ми се чини дека во тој момент бев, на некој начин вознемирен и изненадев, воопшто не знаев што се случува. Сега, можам да кажам дека вака требаше да направам, ова требаше да го речам, но, тогаш поинаку размислував. Ситуацијата беше нешто што не се среќава секојдневно. Одлучив да речам нешто, било што. Па го прашав:

- Барем да кажеше добар ден...“
- Добар ти е? Воопшто, добар е?
- ...
- Од кај си?
- Зошто е битно од кај сум. Битно е каде сум.
-А кој си?
- Допрва ќе го установиме тоа. Засега сум човекот кој пуши цигара и гледа некаде во далечината. Знаеш, тие индијанците имале перцепција за која многумина можат само да сонуваат.
- Зошто си тука?
- Каде?
- Овде!
- Ти си таму, јас сум каде што сум. Те молам, не ги компликувај работите! - ми одговори брзо и опуштено со последниот дим од цигарата која ја изгаси токму од потковицата која набргу ја зеде во двете раце за да ја посматра.

- Која е причината што дојде на ова место? Човеку, не те познавам!
- Ниту јас не знам кој си. Тоа не прави еднакви. Дојдов тука од многу причини. Повеќето не ги знам.
- (се насмеав па му реков) Пријателе, не се зафркавај, кажи ми што бараш тука!
- Велат, убаво било ова место. Велат, утрата се прекрасни. И свежи. Велат, имало и чести виножита...


Indian summer bar

(By The Priest, 022/007)
И после целиот хаос, целата драма, колење, убивање, бесење, тепање, ... 

Англичанецот и Индијанецот решиле да се ракуваат и привремено да бидат buddies. Одлучиле да одат во новооформениот паб на стрико Семјуел.
Вратата зачкрипела ... белецот и црвениот влегле во кафаната. Се упатиле кон шанкот.
- Со што да Ве удостојам момци? - праша делебиот шанкер додека ги полираше чашите.Дај ... од тоа вискито Џимеј. И остави го до нас, вилја?
- Секако, секако, нема проблем.„Црвениот“ не беше прашан дали сака, дали не сака „огнена вода“. 
Ама добро, тоа беше параклаза која ќе „помине“. Тој седеше на високиот стол, подгрбавен. Му беше неудобно. Но, тој беше тука, со силна волја. Со бистар ум и зацртана цел. Неговиот остар поглед ги пробиваше кафеавите очи на Англичанецот од Довер сити.
- Знаеш, ние не сме толку лоши момци. Ние всушност, дојдовме овде како мирољубиви луѓе, како цивилизирани битија. Сакаме да останеме тука. Да живееме во мир. Не сакаме крвопролевање. Ништо од тоа. Јас би рекол дека ... вие сте криви! - се изнакажа Англичанецот. Само што ја заврши својата реченица, Индијанецот рефлексно реагираше. Ја турна чашата виски и таа се скрши.
- Што? Што рече? Ние ли сме криви? Ние сме криви за смртта на нашите љубени дечиња? За ожалостените мајки, за никогаш веќе веселите баби? - говореше Индијанецот луто и гласно.


Наеднаш стана, направи два три брзи чекори кон вратата и се сврте. Очите му светкаа. Тој беше неверојатно бесен. Со голема тага и жалост во позадина. Со горчина и лутина, му се обрати на Англичанецот од Довер Сити.Кој ти даде право да дојдеш тука и да ми кажуваш дека ние сме криви за целото зло, за крвта што се пролеа? Кој? Кој Ви даде право мојот дом да го наречете џунгла? За мене е дом, а за Вас џунгла? Кои сте вие воопшто? 
Ние сме родени под ѕвездите, среќни сме што скитаме кога сакаме и каде сакаме. Јадам, ебам, одмарам, спијам. Вие, вие што ги “христијанизиравте“ нашите тела, што ја крштевавте нашата крв во зараза и болести. Вие, вие, вашиот алчен и мрзлив дух треба да го понесе тешкото и одговорно бреме на неправдата! 
Што направивме за да ја заслужиме оваа неправда преточена во демони како вас? Што? Индијанецот ја исфли целата горчина од себе. Англичанецот слушаше внимателно, со мек поглед кон подот. Полека ја довршуваше својата пијачка. Го прочисти грлото, се сврте кон неговиот „црвен пријател“ и му рече...
Смири се пријателе, you got it all wrong. Ајде, вака ќе ти кажам. Никој не е виновен. Боговите над нас. Богот...не е битно, ќе ти објаснам за тоа подоцна. My point is...Никој не е крив, оти така се лошо подредени работите. Знам дека сакаш мир, и јас го сакам истото. Ама прво, мора да почнеме од некаде. Да се најдеме на „пола пат“. Слушај ме ...Прво, немате систем. Ќе мора да почнеме од таму.
Ние, како поискусни во тоа, ќе ви помогнеме.
Ваќа ќе направиме...

Tuesday, March 22, 2011

Тивок геноцид

(By Marsovka, 021/007)
Пред некое време ги читав саркастичните изјави на патриотите за тоа дека апокалипсата никако не доаѓала. Притоа негирајќи дека ни се случува нешто полошо од апокалипса. Нешто што не може да се дефинира поинаку од тивко трунење и тонење на народот. Не знам како да ви го објаснам освен со груб пример. Ако продолжи ова  деградирање и демолиразирање на народот,  полека но сигурно дека за неколку години ако некој рече дека сме дел од Република Албанија никој нема да го дигне гласот, нема да има немири освен неколкумина, поверојатно дека ќе се постави прашањето дали конечно ќе имаме подобар стандард сега? 
Дали ќе имаме поголеми плати сега? Постепено и тивко се урива стандардот на граѓаните, постепено и тивко се урива моралот нивен.

Можеме да седнеме и да се лажеме дека ништо не се сменило последните неколку години, но се менува секој момент кога некој човек во Македонија дига раце од државава, секој следен момент во нечија глава се увртува дека овде нема надеж за пристоен живот и дека треба да се замине. Ова е полошо од апокалипса, после апокалипса има надеж, има нешто што се вика одење нагоре. Оваа состојба која ја гледаме на тивко трунење и кршење кичмата на оние кои ја имаат, нема надеж, нема копнеж, било што освен апатија. Нема иднина. Нема ништо освен некои лични аспирации да се избега одовде по секоја цена.  
Можеме да бидеме саркастични, да обвинуваме кој сакаме, да вадиме реченици надвор од контекст. Но реалноста е таа.

Реалноста е дека ни се случува тивок геноцид. Не од страна на Албанците, Бугарите, Србите, Грците, рандом народ кој ни згрешил, туку од нас самите. Ние самите ја креиравме оваа атмосфера. Можеме да обвинуваме дека другите не биле доволно цврсти и треба да заминат. 
Но секој човек кој заминува од оваа држава е удар за нас самите, бидејќи тој што заминува не е бирократ, чиновниче, не е мрза, туку вреден човек со способности, вештини, дипломи, сонови, човек кој вреди, во најмала мера знае да збори англиски. Секој таков човек ни треба, секоја загуба на таков човек е преголема.



Реалноста е таа, ни се случува тивок геноцид а ние ја негираме, и тоа упорно. Негираме дека пропаѓаме, дека ние придонесуваме за ова што ни се случува. Дел од народот ќе се исели или замине по белите светови, дел полека но сигурно ќе труне. Полека но сигурно народов ќе прифати се само да се избави од бедата и сиромаштијата. Знам дека патриотите ќе се јават и ќе ме разуверуваат дека е крив овој оној, дека сеа ќе биде подобро или не знам што ти не. Но знаете што не се јавувајте ако сакате да се расправате кој е крив или дали е исто  или полошо, ако сакате да ја видете својата држава како огромен старечки дом каде престојуваат богати и мрсни странци а каде вашиот народ се нивни слуги  кои се замаени дека имаат некаква слобода и некаква ми ти држава со некаков ми ти суверенитет тогаш што да ви кажам освен... продолжете со вашата крстоносна војна. 

Слободно серете. Но тоа нема да смени ништо, освен што ќе придонесете да потонеме подлабоко во поларизирана атмосфера и омраза. Ако сакате да збориме како да ја избегнеме оваа  мрачна иднина тогаш сте добредојдени.
Немам сили, немам глас, немам бес во моментов освен моите мисли со надеж дека некој ќе ги свати. Дека некој ќе се свести. Дека некој ќе почне да гледа подалеку од тоа што се нуди по весниците, по медиумите, партиите.

Јас сум како сите други, човек кој дигна раце од државава неодамна со тронка надеж дека некој ќе го чуе пред да замине. Дека конечно ќе проработи логиката и здраворазумието и дека нема да мора да се замине одовде. Човек кој резигнирал како многумина пред него и после него. Човек кој му е смачено од лагите и лицемерието. Човек кој му е смачено да го прават будала иако ја гледа реалноста и ја кажува вистината која ја замачкуваат со обвинувања и лаги и испревртувања на вистината. Човек кој сака само пристоен живот  и пристојна работа. Обичен човек кој сака да се изрази, ништо повеќе. Човек со сон и аспирации кои му биле уништени од ова општество како и многумина пред него и после него.

Обичен шум во позадина кој го кажува своето мислење со надеж дека некој таму ќе го ислуша.
Уморна сум ...

Dance eternal

(By The Marked One, 020/007)
Велат секој крај на една приказна е почеток на нова.
Но зошто се фокусирам на нејзиниот почеток и крај?
Секоја приказна, сама по себе можеме да ја поделиме на бесконечен број делчиња, како поглавја на еден балет.
Танц.

Велат три нешта се вечни во овој универзум.
Смртта.
Лагата.
И љубовта.
Овие три нишки вечно ќе се преплетуваат низ нашите животи.
Барем така чув.
Но да се вратиме на нашата приказна.

Смртта, онаа темнина која не демне сите нас, но можеме ли без неа?
Ќе ја вреднуваме ли приказната ако таа го нема својот совршен крај?
А смртта е совршенство. Таа е неизбежна, објективна и во точниот час добредојдена.
Смртта е учител, наш личен Вергилиј додека шибани од студен сибирски ветер чекориме низ темнината на животот.
Стравот од неа е неоснован, но можам да разберам.
Во училиште, често ученикот се плаши од својот учител и добива впечаток дека тој сака да му наштети.
Смртта е наш животен сопатник,или како што велат
Death is the first dance, eternal.




Мојата приказна продолжува со најтенката нишка.
Лагата.
Толку многу има да се каже за лагата, толку многу зборови за измамата, за предавството.
Сите ние сме ја сетиле, сите ние сме биле повредени од неа, но дали учиме и од неа?
Јас знам, бев повреден, емоционално унаказен, предаден од најблиските.
Ја знам добро болката која ја предизвикува овој конец, и затоа можеби сеуште се плашам.
Да, навистина, јас се плашам повеќе од лагата отколку смртта.
Смртта е безболна, брза.
Лагата останува, остава белег.
Но, како и мускулното ткиво кое зараснува, зараснуваат и раните од предавството.
Нашето тело учи од лагата. Предавството е уште еден Вергилиј.
Deceit is the second dance, eternal.

И стигнавме до најголемата опасност за човека.
Не постои нешто што може да ја спречи, не постои ниту противотров ниту лек.
А сепак што се вели си ја бараме бељата.
Трчаме во нејзините прегратки со срца полни доверба и игнорантност.
Љубовта е најопасното оружје, таа разурнува градови, уништува животи.
Но во контраст, таа лекува, подмладува, поттикнува да се продолжи да се чекори низ животот.
Не се противам, всушност како и смртта ја пречекувам како пријател.

Love is the dance of eternity.

Кус Dream Theater reference, приказна која секогаш ќе успева да допре до мене.

Sunday, March 20, 2011

Дијалектика во пракса? GTFO !

(By Roger Mortis, 019/007)
Балканската меѓуполова реалност е во многу нешта детерминирана од неколку поими.
Ќе се задржиме на два основни, Курва и Педер.

1.Машкиот припадник на хомо-сапиенс видот треба да е ебач, фраер, заводник, со еден збор да има висок двоцифрен а пожелно е и троцифрен број на вагинални, орални или анални апликации на курот...и тоа не во УСБ портови туку во различни сопственички на наведените дупки.
Во некои средини оралната апликација се вреднува како две или дури три вагинални, кај други пак се рачуна како пола вагинална. Аналната исто така има различни вредности. Нијанси.
Спротивноста на Догмата резултира со јасна пресуда...ПЕДЕР !!!
Тука нема нијансирања. Или е ебач или е Педер.

Во поново време поимите Папучар, Импотентен и Забеган малку по малку му конкурираат на ултимативниот израз...Педер. Но ништо не може да го замени ужасот,паниката и паранојата која  ја сее синонимот за обратен, двоцефка, хомос, ауспух...

2.Женскиот припадник на хомо-сапиенс видот треба да е светица, поштена, прибрана, чесна, со еден збор да има екстремно низок број на вагинални, орални или (не чуо нас џаво) анални апликации на соодветните дупки со помош на различни курој.
Цифрата почнува од нула и со секои 50-60.000 жители на населеното место каде сопственичката на дупките живее, се наголемува по некој процент.
Така да во релативно голем град со делузии за метропола и менталитет на Касаба од Курдистан, зборот Курва може да се испили дури и по 3 до 4 изедени кура.
Откако ќе се надмине лимитот (кредитот)...таа е...КУРВА !!!
Ороспија, Дроља, Пачавра, Мивка.


И се би било добро, сонце би греело и под сенка, бимбиљи и други зверчиња би пееле низ расцветаните гори и ливади, а мајскиот бумбар весело би летал од цвет на цвет зуејќи низ крајот на пролетта и најавувајќи лето. Плодовите на утробата на некоја поштена и семето на некој фраер би трчкарале по овој рајски амбиент, сwатки на мама и обдарени на тато...
Но...
Креаторите на оваа консензус реалити познати како наши предци нешто пропуштиле.
Не дека сакале да им се поткрадне некаква грешка, толку имале во умот. Кој ретко им служел за мислење повеќе како амортизиран инвентар, баласт во главата, терет или клетва.
Да не должиме...неписмени ретарди биле луѓето.
Таква им била и мудроста.

Во што е проблемот?
Тоа што секогаш (освен за време на долгогодишни војни) бројниот однос на мажи и жени е горе долу пола со пола. Што значи за да мажите се фраери мнозинството жени треба да се курви. А за да мнозинството жени се поштени, тогаш...
Бинго!
Мнозинството мажи треба да се Педери.

Толку од логиката на предците и нивните денешни потомци.

Привремен спас бил најден во лажењето.
Така секој може да е ебач и секоја да е невина.
Но и тоа е само привремено (вербално) крпење на химен или на машко его.
Чаре ?

Либерализмот како Месија.
Дали е тоа птица?
Дали е тоа авион?
Дали е тоа ракета?
Не !
Тоа е либерализмот кој долета како ангел спасител да ги спаси сувите пички и потечени јајца!
Го има на телевизија!
Далечинското во раце и примете го во својот череп најновиот Месија, светлината на просветлението, прекрасниот либерализам!
Ако не сте задоволни со телевизорот, ако сте урбани интелектуалци за вас има и апдејтиран продукт, носи опаковка со филозофија, духовност и прогресивност.

Do what thou wilt shall be the whole of the Lawшто би рекле ванаби троловите...

Само и овој концепт има една фатална фабричка грешка. Произведен е во стерилната утроба на некрофилскиот капитализам.
И таков му е и квалитетот.
Обична животинска себичност и бегање од одговорност, сведување на човекот на продукт од рафт на полица, и вечно незадоволство кое пак е генератор на обрт на капиталот...
Разводи, деца без детство, родители со деца како терет, бебе место барбика, вечен пекол меѓу сопружници или партнери, борба за надмоќ меѓу истите, деца како колатерала, кариера место дете, стари фраери, фасадирани екс-пичкетини и мувлосани ебачи осамени како шугав пес пред егзекуција.
На Балканот ова не е резултат на Либерализмот. Таа лоботомија сеуште е нова и треба време да почне да произведува жртви. Не дека нема, ретки се. Конзервативизмот сега за сега вршеше работа за таа намена...штанцање мизерија.

Чаре.
Тролање.

Имаше еден сув, стар, закоравен Трол од некое Шкотско село.
Се викаше Александер Нил.
И проба да го трола системот.
Да прави дечки и девојки кои ќе се ебат дури не сфатат дека квалитетот не доаѓа од квантитет.
Туку преку квантитет кој подразбира и одговорност околу истиот. Кој не е цел сам за себе.
Но во пракса. А не со мудрувања.
Преку полигамија и полиандрија до моногамија?

Троловски концепт.
Скроз.
За ретки среќници....реалност.
За Балканот - утопија.
За останатите тука се Либерализмот и Конзервативизмот.
Не даваат резултати? GTFO !

За Нео-скоевизмот

(By The Marked One, 018/006)
Скоро секојдневно трпам, дали во автобус, дали на улица, дали на факултет...трпам кукумјавкање од страна на постарата генерација, трпам небулозни тврдења дека младината отишла по ѓаволите, дека крајот е близу со ваква младина, дека ние младите не знаеме ништо, дека за секој наш избор треба да ги консултираме, бидејки тие се помудри.

Мхм, да? Мудроста се здобива со тек на време, но не ја сакаме вашата мудрост.
Вашата мудрост, за нас е застарена, не сакаме да се конзервираме, не до тој степен на кој сте се затвориле вие самите во вашата сопствена игнорантност.
Можеби сте биле виновни можеби не, но не ни го наметнувајте истото!
Ние и вие сме различни, не ги сакаме вашите догми, вашите приказни, не ни ги префрлајте вашите трауми!



Младината е доктринизирана и brainwashed од влијанијата на постарата генерација.
Старите имаат од времето задржано некој комуњарски менталитет и сега истиот тој ни го натепуваат на нас.
Ни ги перат мозоците со doomsday приказни како тоа ќе умреме за јадење, како треба да стремиме кон конзервативно општество, да се ускрати културниот напредок оти е нездрав и слично.

На сето тоа го додаваме менталитетот и догмите кои ни ги набиваат белосветците, европјаните,  нивните девијации и разврат и ова доаѓа во судир со преконзервативните идеи и сонови на старите, и ние со отечен чмар и каша во главата полека ги губиме амбициите, нашите соништа се претвораат во борба за преживување затоа што само тоа го гледаме, само за тоа знаеме.

Се што знаеме е да преживуваме, да се гребеме и запотени да џвакаме бајат леб, не смееме да сонуваме, не смееме да имаме амбиции, тоа е за белосветците, ние имаме уште фурни леб да јадеме за тоа, бајат леб.

Навистина младинава, ТОА СМЕ НИЕ, го испушивме курот ради вас, „старината„.