(By The Marked One, 155/035)
Немаме пари.
Немаме за јадење.
Ебан денар немаме.
На куров да ве качам сите, кукумјавки. Да ми простите на речникот.
Фрустрациите како вообичаено се излеваат, како жешка лава ми ги греат градиве. Ме полнат со омраза. Ќе речат дека сум тажен, обичен тинејџер кој плаче за внимание и пропагира дека само тој ја разбира општествената аберација и дека единствено тој е илуминаторот на денешницата и сите нејзини пороци додека истовремено лелека за својата осаменост.
Ќе ве разочарам, бидејќи и јас сум еден од вас.
Јас ниту сум тажен, ниту сум сиромав, ниту сум незадоволен од финансиската состојба. Ниту од социјалната.
Нервозите се производ на фрустрации кои за возврат се излегнаа од неможноста на кретенштината околу мене да се фокусира на вистинските црнила во средината на хабитација.
Кога веќе сме во рацете на капитализмот, а вие желни да го смените не знаете ни да ги направите првите вистински чекори кон тој сон, не е ли можеби подобро да работиме на подобрување на системот наместо да го посеруваме овој а воедно и оној од сништата?
Еден од тројца македонци во денешницата везден лелека како е невозможно да се пронајде работа. Забавата започнува моментот кога на субјектот ќе му најдете работа. Истиот повторно лелека, надолго раскажувајќи дека тој не сакал да го работи она што му е назначено, дека платата е прениска, дека не завршил одреден факултет за да работи нешто сосем седмо.
Да почнеме со факултетот. Дали субјектот смета на фактот дека моментално во државата не постои дефицит на кадарот за кој тој се остручува?
Дали очекува законите на природата да се сменат токму за него и од никаде да генерираме работни места кои се непотребни? Што да правиме доколку на никому не му е потребен економист, психолог или нешто трето? Веднаш ќе го обвиниме системот, нели? Секогаш е лесно вината да се префрли на нешто друго. Зошто субјектот избрал да се остручи за она што е непотребно? Дали очекувате од светот да организира масовен hoarding на работна рака?
Се разбира, дури и оние кои ќе прејдат преку неволноста да не го работат токму она за кое сонувале, својата работа ја вршат ужасно. Неуслужливи, невнимателни, незаинтересирани за муштериите. Влегов во продавница и кога замолив да бидам опслужен со пола кило грозје бев прашан дали сум “фатен во рацете”...
Што би се случило доколку јас на работа му речам на мојот клиент, “склопи го инструментот и сам работи со истиот. Што ме гледаш, да не си фатен во рацете?”
Македонецот е горделив вид од расата Гоцева. Тој не работи за ниски пари. Гоцевата раса не си ги валка рацете со се и сешто, и се разбира, потоа се жали по форуми како нема “ебан денар”. Огласниците се преполни со понуди за работа. Ама нели, треба англиски, треба да знам да работам на word. Не сум јас за келнерка. Не сум за да работам во погон. Не сум за ова, не сум за она. Сакам канцелариска работа, сакам минимална плата од 300 евра.
Сакам ова, сакам она...
Сакај.
Нема.
Monday, September 17, 2012
Tuesday, September 11, 2012
Што сакам ?
(By The Marked One, 154/035)
Атракција родена и одгледана во апатија. Мислев дека е невозможна. Дали опседнатоста со нашите мании ја диктира процентуалноста на совпадливост, множејќи ја со нула. Фрлени во заблудите на сопствената десолација сонуваме иднина без наше присуство. Одвратниот град е мојата муза. Метафоризирана смрдеа. Ако сум аватар на идеите, тогаш светов отиде по ѓаволите. А што си ти?
Мислев дека сум луд. Ми недостасува спротивното, она што во целост е послано пред нозеве. Но јас не сум исполнет. Дали сум ненаситен или некомпатибилен?
Низ долгите разговори кои ги водевме...не, зарем не зборував со себеси? Ако постои, дали нереалноста е препрека? Идејата е моќен адут во рацете на фантазерите. Дај ни ја неизбрусана и крута. Нова. Како деца, радосни ќе ги испитуваме сите нејзини ќошиња, сите можности. Сите крајчиња.
Обожувам да другарувам со сопствените идеи. Долги разговори во малата соба. Сами, интелектуално се интимизираме, ги истражуваме крајностите на мојата психа. Деновиве по се изгледа имам време и волја за мала доза сентименталност.
Ќе претпоставам дека истата е само нус продукт на оваа фаза. Конекција која ја воспоставувам со себеси, олицетворена во имагинарна личност.
Да негирам дека досега не постоеле вакви, нематеријални животни копилоти во мојот живот е апсурдно. Мојата фантазија ми позволува да си поигрувам со карактерите на луѓето. Ги земам и ги групирам во замислени човечки трупови кои подоцна се реинкарнираат во моите советници.
Колку глупав начин да си помогнеш себеси.
А дали ми треба помош? Сеуште сум несигурен околу тоа прашање. Би го преформулирал во “Што ми треба?” само за да сфатам дека информацијата е излишна.
Што сакам?

Subscribe to:
Posts (Atom)