(By Roger Mortis, 307/187)
Во претходните два дела се поткрадна ненамерна грешка а тоа е дека инселизмот е исклучиво северноамерикански феномен, но испадна дека тоа воопшто не е точно.
Британија, Јапонија, Јужна Кореја (е не, Северна), Австралија, инселизмот полека но сигурно се шири по светот, но засега само во земјите од првиот свет.
Кој би можел да знае. Дали овој феномен прераснал во епидемија поради тоа што, лишени од било какви егзистенционални проблеми, немајќи генерациска цел (Војна која ќе ги укине сите војни, Војна против фашизмот или ладната вс. комунизмот, Сексуална-хипи-џанак револуција) новата генерација Икс и понекој Ипсилонаш се наоѓаат на ничија земја, немајќи цел и вредност, куча-посо(школа)-комјутер-кревет-посо, сето тоа измиксано со немањето на човечки и емоционален контакт со особи од спротивен пол, потенцијална темпирана бомба која ќе експлодира во многу повеќе глави отколку што може да се замисли.
Како што напоменав, инселизмот го премина Атлантикот и прогодно се вгнезги во Британското пристаниште Портсмут, каде што Инселаш-Геронтофил (Геронтофилија е сексуална возбуда кон стари лица) се обидел да измасакрира три женски лица...
Некаков си Бен Мојнихан, 17-годишен средношколец, опседнат со читање материјал за сериски убијци и опседнат со тоа да ја загуби невиноста пред 18 по секоја цена, па макар и смрт, пристапил кон три женски особи, на 20, 46 и 67 години, но од сите бил грубо одбиен кога споменал секс.
Еве како овој дебил кој делува како да излегол од србијански дизелашки филм од 90-те, со обавезниот златни ланац имал да каже :
"When hot women won’t talk to you, it’s heartbreaking, why are they fussy with men nowadays? I think every girl is a type of slut. They do not give boys like us a chance." Напишал Бен на соц.мрежи пред да тргне во поход.
Тоа во Бен предизвикало жестока и неповратна омраза кон све женско па така во Јули 2014-та Бен се латио чакије не затоа што така сакал ами затоа што манијакално строгите закони за оружје во Британија ги заменија традиционалните двоцецни сачмарки и револвери со ножеви, секири и сатари при извршувањето на крвни деликти.
Трите жени биле сталкани некои месец дена пред Бен да удри, да почне да касапи, да коле.
Но, за среќа неговата некадарност била таква да во сите три случаи на освета не успеал да погоди со ножот ниту еден витален орган, иако нанел тешки повреди, жените за среќа не само што преживеале туку се на нога ден денес.
И така господинот Мојнихан, кој сега има чак 22 години ќе ја чека 2035-та година за да се пријави за помилување, бидејќи е осуден на 30 години од кои 21 година без можност за тоа.
Овој напад иако без фатални последици и смешен во споредба со идолот на Бен, инслашкиот маченик бр.1, иснелскиот Мојсие со име Елиот Роџер за кој ќе стане збор понатаму, е само показател дека и океаните, морињата и планините се немоќни да го запрат секташкото лудило.
No comments:
Post a Comment