Thursday, December 23, 2021

Среќна Случајност

(By Roger Mortis, 317/197)

Датумот беше први Декември.

Оттогаш минаа цели 12 истоветни датуми, 12 годишнини кои за неа и за него беа нешто свето, нешто нестварно убаво.

Тој датум не беше датум на свадба, едноставно беше датумот кога сосема случајно се запознаа.

Иако и двајцата не планирале да бидат присутни на "ивентот" поради неодгатлива игра на Судбината сепак се упатиле на тоа место. А таму, релативна гужва, место не особено погодно за запознавања на идни брачни другари.

И така, наговорени од пријатели, случајно наоѓајќи се на исто место, случајот сакал да им се сретнат погледите.

Она што на двајцата им било далеку од памет, запознавање на личност која ќе им ги смени животите, морало да се случи тогаш, таму, во тој момент, бидејќи животот е непредлидлива и опасна игра, каде бран по бран се менуваат случајноста и намерата, каде ако се испушти приликата таа повеќе никогаш не се враќа.

Алекс, ноншалантно посматрајќи наоколу забележа еден пар навистина необично големи црни очи како се сретнуваат со неговите. Некое интензивно чувство на возбуда го исполни за неколку кратки минути. Не, тоа не беше нагон, тоа беше нешто кое му беше сосема непознато.

Црните очи припаѓаа на средно висока, црнокоса, можеби малку послабичка отколку обично девојка.

Валентина во тој период беше крајно меланхолична, можеби и благо депресивна како резултат на низа фактори од кои повеќето беа надвор од нејзина контрола. Тоа влијаеше на нејзиниот израз, нејзините очи, нејзината "аура" која ја еманираше наоколу. Кога нејзиниот поглед се сретна со неговиот, Валентина сосема малку поцрвене, физиолошката реакција беше побрза од разумот, како што обично и бидува.

По неколку минути, не обазирајќи се на конвенционалните правила кои кажуваат да не се зјапа постојано во одредена особа, Алекс имаше прилика да ја види целосната слика на Валентина, можеби не баш класично убава, или барем не убава во онаа смисла во која не учат медиумите и интернетот. Немаше тука некои особени облини или испакнати делови. Но имаше нешто необјасниво убаво, девојка облечена во црно, со најголемите очи од оваа страна на Атлантикот, со елегантниот, скоро дури Викторијански став, како некоја од оние симпатични Англичанки кои ги овековечил големиот Анри Тулуз-Лотрек во своите слики и плакати.

Алекс, години подоцна не можеше да се сети точно како беше облечена неговата најсакана при првата неочекувана средба. Некои работи се недостижни за меморијата, колку и да сакаме да ги повикаме. Но тоа и не беше важно. Важно беше чувството на одредена паника која се вовлече во умот на Алекс, човек кој многу добро ги знеше каприците на Судбината, кој знаеше дека не смее, еднсотавно не смее да ја остави ситуацијата во статус-кво.

Дваесетина минути после првата средба на неговите очи со очите на Валентина, Алекс започна да собира храброст да го направи она кое делуваше сосема природно во тој момент, да ги премине тие десетина метри, да и пружи рака и да се запознае со необичната девојка која очигледно беше дојдена сама на тој настан.

И тој тргна напред. Свесно се трудеше да ја сокрие радосната возбуда и да не делува чудно. олку тоа му успеваше никогаш нема да дознае. Но без разлика на све, снежната топка која ќе покрене лавина во нивните животи, полека започна да се тркала низ падината на Животот.

"Здраво" со мирен глас изусти Алекс. "Изгледа дека не сум единствен кој стои сам во оваа просторија".

"Изгледа не си" одговори Валентина.

Звукот на нејзиниот глас пријатно го изненади Алекс до таа мера што заборави да се претстави.

"Дали може да се запознаеме?" праша со насмевка. Валентина одговори потврдно кажувајќи го своето име. Дури тогаш низ умот на Алекс се протна неговото име кое и го кажа во тој момент.

Ракувањето потраја прилично многу, како и на двајцата да не им се пушташе раката на оној другиот.

Валентина од своја страна немаше ништо против да се запознае со необичниот дечко со широки рамења и симпатично лице кое во тие моменти беше обземено од пријатна насмевка.

And so their lives intertwined.

Значењето на Романтизмот денес

(By Roger Mortis, 316/196)

Како сосема отворено романтична особа, би кажал збор-два за романтичниот идеал.

Во денешно време романтиката меѓу мажите и жените е претворена во некакво клише кое произлегува од Холивуд, Боливуд, Нетфликс, ТВ серии и некакви книги. За жал, луѓето не знаат како да го романтизираат односот на свој оригинален начин, различен од оној општо прифатениот. Свеќи, цвеќиња, чоколади, вино и што ти ја знам. Meeeh.

Има за што да се жали. Романтизмот, како глобално движење настанал во некакво државиче-кнежевство Заксе-Јена пред околу 250 години кога група чудни лица се собрале околу движењето Jenaer Romantik.

Што било тоа? Тоа било многу практична ствар, имено целта била оттргнување на бракот или било која врска помеѓу машко и женско од дотогашната идеја на заедништво, оттргнување на машко-женските односи од раѓањето деца, договорените бракови и меѓусебното непознавање, свеједност или чак мржња помеѓу партнерите кои се нашле во брак.


Идејата била за пронаоѓање на партнерство со кое ќе биде можно да се има среќа и мир, значи идејата за брачна среќа се појавила на белиот свет, потоа подигнување на машко-женскиот однос на повисоко ниво, во кое партнерите actually се запознаваат кои се и што се, подигнување на улогата на жената на повисоко ниво, оттргнување на машкиот идеал од праф маш кој кине кабли со заби, jebe ne vadi на норма и тепа деца и послаби од себе, кон нешто ново, нешто убаво, стабилен, верен, искрен, морално-етички исправен, маж кој свесно се труди да ја направи жената среќна, задоволна и нормално, што да не, задоволена.

Романтиците се првите кои го признаваат женскиот оргазам за нешто реално (Дијагностициран дотогаш како Хистерија) и првите кои ставаат акцент на емоционалната и да речеме чак и духовна поврзаност меѓу машко и женско.

Романтизмот се обиде да ги однесе луѓето, kicking and screaming кон еден нов свет каде среќата и задовоството на сопружниците е примарна цел. За прв пат направиле рез во сфаќањето дека исклучиво потомството е цел на меѓусебниот живот на рајата. Колку во тоа успеале е тешко да се каже, старите идеали на праф маш и права жена останале доминантни, па дури виреат и во денешно време, пола свет сеуште се бави со договорени бракови.

Луѓе посветуваат повеќе време на колата или телевизорот отколку да се потрудат да ја запознаат својата партнерка со која делат кревет, жените се во лоша позиција, откако се регистрираат ментални проблеми денес жените се најподложни на ментални болести (пред се депресивни и анксиозни нарушувања) а романтиката е заробена од филмски и ТВ продуценти.

Од искуство, прекрасни моменти сме минувале со партнерка на чудни места и прилики, како кај улични продавачи на музички винил-плочи, имајќи релативно компатибилен вкус за музика роваревме низ стотиците плочи дури да најдеме 2-3 кои уствари ќе ги купиме, за среќа имајќи грамофон како дек од стар систем овозможуваше да се слушне музиката со сето тоа гребуцкање и специфичен звук на винилот.

Можеби делува банално, но нас ни беше прекрасно, до таа мера што ден денес ми е во умот како дел од малкуте убави спомени од мојот тежок живот.