Thursday, December 23, 2021

Значењето на Романтизмот денес

(By Roger Mortis, 316/196)

Како сосема отворено романтична особа, би кажал збор-два за романтичниот идеал.

Во денешно време романтиката меѓу мажите и жените е претворена во некакво клише кое произлегува од Холивуд, Боливуд, Нетфликс, ТВ серии и некакви книги. За жал, луѓето не знаат како да го романтизираат односот на свој оригинален начин, различен од оној општо прифатениот. Свеќи, цвеќиња, чоколади, вино и што ти ја знам. Meeeh.

Има за што да се жали. Романтизмот, како глобално движење настанал во некакво државиче-кнежевство Заксе-Јена пред околу 250 години кога група чудни лица се собрале околу движењето Jenaer Romantik.

Што било тоа? Тоа било многу практична ствар, имено целта била оттргнување на бракот или било која врска помеѓу машко и женско од дотогашната идеја на заедништво, оттргнување на машко-женските односи од раѓањето деца, договорените бракови и меѓусебното непознавање, свеједност или чак мржња помеѓу партнерите кои се нашле во брак.


Идејата била за пронаоѓање на партнерство со кое ќе биде можно да се има среќа и мир, значи идејата за брачна среќа се појавила на белиот свет, потоа подигнување на машко-женскиот однос на повисоко ниво, во кое партнерите actually се запознаваат кои се и што се, подигнување на улогата на жената на повисоко ниво, оттргнување на машкиот идеал од праф маш кој кине кабли со заби, jebe ne vadi на норма и тепа деца и послаби од себе, кон нешто ново, нешто убаво, стабилен, верен, искрен, морално-етички исправен, маж кој свесно се труди да ја направи жената среќна, задоволна и нормално, што да не, задоволена.

Романтиците се првите кои го признаваат женскиот оргазам за нешто реално (Дијагностициран дотогаш како Хистерија) и првите кои ставаат акцент на емоционалната и да речеме чак и духовна поврзаност меѓу машко и женско.

Романтизмот се обиде да ги однесе луѓето, kicking and screaming кон еден нов свет каде среќата и задовоството на сопружниците е примарна цел. За прв пат направиле рез во сфаќањето дека исклучиво потомството е цел на меѓусебниот живот на рајата. Колку во тоа успеале е тешко да се каже, старите идеали на праф маш и права жена останале доминантни, па дури виреат и во денешно време, пола свет сеуште се бави со договорени бракови.

Луѓе посветуваат повеќе време на колата или телевизорот отколку да се потрудат да ја запознаат својата партнерка со која делат кревет, жените се во лоша позиција, откако се регистрираат ментални проблеми денес жените се најподложни на ментални болести (пред се депресивни и анксиозни нарушувања) а романтиката е заробена од филмски и ТВ продуценти.

Од искуство, прекрасни моменти сме минувале со партнерка на чудни места и прилики, како кај улични продавачи на музички винил-плочи, имајќи релативно компатибилен вкус за музика роваревме низ стотиците плочи дури да најдеме 2-3 кои уствари ќе ги купиме, за среќа имајќи грамофон како дек од стар систем овозможуваше да се слушне музиката со сето тоа гребуцкање и специфичен звук на винилот.

Можеби делува банално, но нас ни беше прекрасно, до таа мера што ден денес ми е во умот како дел од малкуте убави спомени од мојот тежок живот.

No comments:

Post a Comment