Своевремено, надалеку прочуениот лидер на светската бољшевичка орда Јозеф Џугашвили, познат и како Сталин, изјавил дека квантитетот поседува и квалитет сам по себе.
Можеби имал нешто тука, некаква несмасна вистинитост која сепак не трпи сериозно скрутинизирање. Пример е НР Кина, земја од 1,4 милијарди раја каде што 100 милиони лица играат фудбал на разни нивоа а во реалноста тој спектакуларен квантитет од кој произлегуваат најдобрите кинески 11-мина е поразен од Исланд во пријателски меч со 0-2, на среде Пекинг. Предноста на домашниот терен заедно со нестварната предност во квантитет (3.726 : 1 во однос на жители и 1.213 : 1 во однос на фудбалери од сите катерогии укажува дека Сталиновата максима е со сомнителен квалитет.
И така денес повторно сме во Кина, онаа псевдо Народната и квази Републиката, узурпаторска творевина кој владее со мејнлендот додека легитимната власт тавори на оближниот остров Формоза. А зошто сме во "НР" Кина?
За да дознаеме за најголемата секта во историјата на човештвото, најбројна во сончевиот систем а можеби и во самата Галаксија. Таа секта се нарекува Фалун Гонг и претставува вистинско секташко совршенство. Нивниот секташлук е толку периферен што човек би си помислил дека Фалун Гонг и воопшто не е секта. Но не. Сепак, на стар познат и признат сектофил како мене не можат да ме измамат со нивната агитација на која еднаш и лично присуствував во еден западен дождлив град пред многу години.
Скраја било да го делам мислењето на Кинеската комунистичка партија по повод оваа секта, која што секта е прогонувана веќе три децении во "НР" Кина, единствено сметам дека тоа е навистина секта, можеби најсовршената која било когаш постоела.
Верувам дека после овој вовед веќе читателот се запрашува, па што е тоа Фалун Гонг и зошто Партијата на власт се обруши со безмилосна репресија врз оваа бројна секта? Кому му сметале 40-тина милиони членови на Фалун Гонг само во Кина? Зошто оваа секта не е забранета во Тајван или било каде другаде?
Но да видиме што и како точно претставува Фалун Гонг.
Се работи за масовна и релативно млада секта основана од ултра-гуруто Ли Хонг Жи, живописен карактер за кого нема премногу биографски детали но за кој се знае дека е фирер на овој броен култ. Едноставно и елегантно, Жи излегол во јавност на 13-ти Мај 1992 во Чанг Чун и со едноставен напор на вољата ја прогласил организацијата за отворена.
Она што се знае за Фалун Гонг е дека практикуваат серија на едноставни физички вежби кои треба да ја нивелираат Чи енергијата низ човековото тело, заедно со масовна сиимболика на сите страни. Тоа што свастиката е главен симбол на Фалун Гонг е интересен, иако лишен од наци-конотации детал.
Можеби главниот мотив на оваа секта е пасивен отпор кон Кинеската бољшевичка партија која што има апсолутна власт во НР Кина. Повиците на цивилен отпор, бојкотите, мирните демонстрации и другите видови ненасилни протести наишле на паника во редовите на КПК.
Што, зарем шака секташи се дрзнуваат да ја предизвикаат 75 годишната хегемонија на другариот Мао и неговите наследници? Зарем ова е начин за изразување на благодарност што Кина ги отвори вратите на капитализмот? Несомнено закоравените старци од Политбирото би сакале реприза на Тијен Ан Мен 1989 кога 11К студенти, војници и цивили беа убиени за да се спречи евентуален концерт на Скорпионс.
И така до крајот на милениумот, властите започнуваат сеопфатна пресметка со членството на оваа секта, прогони, затвори, дислокации, забрани, пропаганда... Зацртаната цел била да се искорени сектата до темел, да не остане ниту трага ниту глас.
Но желбите се едно а реалноста пингвин па така иако бројот на фалунгонговци драматично се намалува до некои 3,5 милиони денес, далеку од некогашните 84 милиони секташи. Во еден период Фалун Гонг имал повеќе членови од КПК што претставувал потресен шок за властите!
Тешко е да се каже колку секташи практицираат обреди во своите домови, настрана од будното око на кинескиот систем за социјален кредит, се шпекулира со цифри од 20 милиони па нагоре, што и не е невозможно.
А сепак. Кога нештото делува сивкасто тоа не е добро. Oваа приказна има потенцијал да доживее црн крај. Кинеските власти, во вечна потрага за трансплантации за членовите на ЦК и за профит на меѓународниот пазар на органи се настрвиле кон членовите на Фалун Гонг како цел на нивното жнеење органи.
Бројките се непоуздани, некаде од 40 до 66.000 лица кои биле харвестирани целосно за органи. Кинезите дури имале специфична иновација, атипично возило со големина на Кампер кое било сосема добро опремено за ектракција на органи!
За оние кои се опираат на власта, постои широк спектар на садизам кој се состои, иако не исклучиво од : тепање, самица, тешка робија, понижувачки пози, терање на робијашите да конзумираат фецес, варење на екстремитетите во врела вода додека кожата не се огули од телото,електрошокови во пределот на гениталиите, силување, ковање на бамбусови игли во ноктите на жртвите, гладување, депривација на сон, немање санитарии, хомосексуалистичко изживување, задушување и мајндгејмс со лажни смртни пресуди за да се скрши психата на жртвата.
А зошто? Затоа што системот на Фалун Гонг, црпејќи од традиционалните Тао и Конфучијански традиции е закана за самодржците во Пекинг. Единствена политичка конкуренција на мрсната, обесна КПК. Иако се работи за конзервативна секта која е против промискуитет, педери и феминизам, тоа не е доволно за да на оваа структура и биде дозволено да постои. Но, постојат и други видови отпор, понекогаш помалку мирољубиви од претходните.
И така, еднаш во многу години човек може да се најде и како развива извесни симпатии за што? Па да, за секта!
No comments:
Post a Comment