Sunday, December 26, 2010

Life, universe & everything else

(By The Marked One, 009/004)
И јас сакам да пишувам за животот...
Сакам филозофски со километарски реченици да мудрувам и да им го трошам времето на другите со мојот поглед на светот.
Сакам со часови да дискутирам што тоа јас мислам за лузерот Мерсо, за шизофреникот Кихот, за папучарот Жуан, помодарството на Онегин и слични теми кои ги дискутирам наместо да учам физика...
Сакам да изгледам паметен во друштво,да ме гледаат како некој академик кој цел живот во библиотека го минал. Сакам да знам да поправам бојлер, да возам точак како Dave Mirra, да го шетам светот како Bear Grylls, ама да не пијам мокрача.

Сакам многу работи.
Ама не можам.
Уствари,можам ама се филмам дека не можам а сакам...знаете...
Сакам да седам дома и да имам супер PC и да гејмам цел ден.
Сакам и да бидам Џедај.
Сакам и Археолог да бидам.
И капетан на Ентерпрајз!
Додуша кога ќе се задлабочам сакам да бидам се освен тоа што сум!
А и ти ли сакаш?
И сестра ти?
А и мајка ти на времето сакала да биде манекенка?
Татко ти сакал да биде пилот?
Па што не кажеш бе,не дека прави разлика...ама искажи се.
Може ќе те чуе некој.
Или не...
Јас сигурно не.



ММЕ па биваше ли Господа да ме тртне баш ваков?!
Како да ме прашале, што не сакаш да бидеш и по мојот одговор...- Е ПА ТОА ЌЕ БИДЕШ !
Ha-ha in your face cocksucker motherfucker son of a dickless camel!
А што ли ми беше зборов?

А да...животот.
Се приметиле ли?
Не запира!
Знаете животот е нешто како течење на електрони низ проводник па се до сијалица.
Трча ко луд додека не се извадиш од штекер...а немаш гз оти у темница ништо не се гледа.
Животот е таков,никаков.
Животот е чаша под лавабо.
Животот е измучкан шампањ.
Животот е сувиот мрсул што го осеќаш во лева 'рнка ама немаш гз да копаш у нос за да го извадиш,оти ќе ти се смеат жените у клас.
Животот е срање !

А универзумот е микобранова печка.
И вектор на Електростатско Поле.

TV

(By The Marked One, 008/004)
И така додека сум распишан за се што ми лежи на душа да кажам збор два и за тоа како
мене ми недостига времето кога гледав ТВ. Немам седнато со години. Онака да си речам...ај да видам на А1 што има.
Од времето кога даваа Dragonball.
Тоа беа добри времиња,седев на плавото пластично столче јадев затворена пица и навивав за Goku.
Сега дали да го гледам Велија како мафта со мегафонот и кажува како владата не исполнила она што ветила,или пак морничавите ала аушвиц клипчиња со баби во распаѓање и црвјосани нозе?!
Ако не е тоа ондак е некоја дебилна турска серија во која се раскажува за турската Касандра.
Можеби ќе стиснам кец и ќе гледам некоја француска тинејџерска серија која е налик на Млади Крембилници само во осумдесетите и со поглед на Ајфелова кула?
Или пак на канал пет,да гледам како Ефтов повторно дига некого. Којзнае кој му е следен во шоу? Може Исус...јадниот ќе моли да го овојпат поубаво да го заковаат за да не може да го однесат пак кај овој во емисија.


Једино „Ај ти замижи“ од таа мувловизија поднесувам.
Бидејќи е ДОБРО!
Ивце Пивце е badass!

Ај да видиме на Сител...Латас...аха Велија во притвор на овој му лепат препоните...АЈ ЗАЕБИ!
Програмата му е срање, дебилни серии од третиот свет и што ли уште не, ама тоа Бранко ја заеба, Бранко нека ја среди -.- .
Па и чат пат пушта Сутјеска или Неретва и слични партизански летоци.
Порано даваше ебан PRINCE OF BEL AIR и COSBY а сега треба да гледам БАНДИНИ?!
ЕБИ СЕ !

Телма?!
Жими се Телма е најбоље!
Трчај петко и Храна и Вино АЛООО!
Па цела Македонска телевизија може да сиса!
(Освен Ивце Пивце пошо е ЕПИК)
Алсат не ми се гледа пошто е поделена знаете, фифти-фифти 90 према 10%  за албанскиот.
Фер,нели.
Алфа пркнаа во последно време ама и тие се некако мувла.
Бекер само им вредеше.

И после зашо ја не глеам ТВ -.-

Saturday, December 25, 2010

Don't say brainwash

(By The Marked One, 007/004)
Одамна го немав отворено речникот,да побарам некој збор.
Не дека имам потреба. А и никаде не спомнаа дека ќе се вршеле промени во правописот.
Мајку му стара, кога тоа различно го сменивме со опасно? Блаже, ПРЕВЗЕМИ НЕШТО!
Навистина, се почесто замав зема убиецот на диференцијација.
Се почесто им се труби на децата како да бидат исти како другарчињата оти инаку нема ги дружат.
Се разбира дека нема, кога сите деца дома ќе ја добијат истата доза лоботомија. И асоцијала владее, самоубиства, болни умови, дроги и други девијации од кои боли глава. И така оние различните тонат во мастилава темнина додека оние кои успеалеоние грандоманите, ги влечат конците на куклениот театар наречен државно (не)уредување.

Сериозно,кого мислите дека ќе вработат во фирма момче со суканици и мартинки или оној кремецот пицнат во кондурче и кошулче? Да не ќе проверат дали металецон е магистар на електро?
Абе ајде...




Притиснати сме од сите страни да мислиме на еден ист заеднички начин. Начин на кој системот сака да размислуваме, да се движиме, да јадеме, да пиеме, да спиеме, да чувствуваме, да се изразуваме.
Сево ова, И НЕ ВИ Е ДОСТА?!
Не ви е смачено од прангите?
Прво прочитајте си го уставот па после смејте им се на Евреите и Американците оти искрено ни Мојсеј вакви глупости не истрескал. Кутриот 40 години ги шетал низ една мочана пустина, изгледа овие нашиве сакаат рекордот да му го срушат, само што нас не шетаат те во Брисел те во Вашингтон те ваму те таму па како да не ти дојде до телето?

КАЈ ВИ Е ТЕЛЕТО ЗЕМЈАНИ?!
КАЈ ВИ Е НЕПОСЛУШНОСТА?!
ВИ ГО ЗАБРАНИЈА ЈАБОЛКОТО ЗЕМАВТЕ ГОМНА ДА ЈАДЕТЕ!

До вчера бунтовен народ, наздравувавте за некојси веќе заборавени идеали, сон за слобода, денес едвај чекате да дојдат избори за на раат да го измавате.

The Hell

(By Големиот Брат, 006/004)
Некои викаат дека пеколот е огнена печка, некои мраз, мачилиште, а јас викам дека е овде околу нас. Постојано го гледам пеколот in all it's splendor and complexity. Секој од нас е заглавен во него. Цело време читам наивни мислења од возрасни луѓе. Боже, злоупотребени деца имаат помала потреба од илузија и самозалажување во споредба со нив, како зомби ги гледам насекаде. Кај мене на гости, по валканите улици, по контејнерите, во продавниците. Сите го знаат виновникот но никој не се осмелува да се помери, никој не се осмели да признае. Тие се недопирливи богови и се додека има леб и циркуси не е и онака важно. Понекогаш ги гледам орвеловските 2 minute hate и Голдштајновиот архетип во нивните верувања, Голдштајн ја направи оваа мизерија... Голдштајн е виновен. 

-Не 
-Ама Голдштајн е виновен, ако тоа не е така тогаш ти си Голдштајнов следбеник.
- Не 
- Кој си ти ?!
- Никој, и не е важно...
- Тогаш мора да си Голдштајнов пријател

И самоважно ќе ја сврти главата или пак упорно ќе те напаѓа како да си му го заклал најмилото.
Како да разговарам со шизофреничари. Бркаат сенки и гоблини кои не постојат додека во прв ред пред нивните очи седат нивните злоупотребувачи, оние кои ги силуваа кога беа млади, оние кои им ја одзедоа невиноста уште кога беа во колевка, оние кои ги третираат како кучиња. И сепак никој не прозборува, никој не дискутира додека ги силуваат и сега нивните деца. 




- Кажи ми кој е виновен тогаш?!
- Ти , јас, ние, сите
- Копиле едно валкано како се осмелуваш да го речеш тоа , јас немам украдено ништо, Голдштајн е крив и неговите соработници.

Гледаш, тоа е трагедијата во овој наш пекол, не признаваме дека сите ние го креираме, дека сите ние се самоизмачуваме. А сега ги продадовме и сеуште ги продаваме нашите деца како робови во далечните западни земји, за да ние да не се побуниме. Зошто да се буниме кога ги имаме нашите деца да заработуваат и плаќаат за нашите гревови, зошто кога го имаме Голдштајн за да го окривиме за нашата игноратност и сервилност, имаме леб и циркуси, имаме се што и треба на една бескичмењачка зомби нација, изговори, оправдувања, циркуси и леб. 

Се друго не е важно, не е важно дека казната набрзо ќе не стигне. Кога ќе ги видиме празни куќите и полни старечките домови, кога нема да си ги видиме внуците и децата бидејќи се далеку. Кога ќе нема кој да ни помогне да ја преминеме улицата...Тогаш ќе речеме што направивме. Ама тогаш ќе биде касно. Тогаш ќе умираме сите како што доликува, како кучиња, подобро не ни заслужуваме, ја продадовме шансата за смрт опколени со децата и внуците како што доликува...за леб и циркуси.