Saturday, December 25, 2010

The Hell

(By Големиот Брат, 006/004)
Некои викаат дека пеколот е огнена печка, некои мраз, мачилиште, а јас викам дека е овде околу нас. Постојано го гледам пеколот in all it's splendor and complexity. Секој од нас е заглавен во него. Цело време читам наивни мислења од возрасни луѓе. Боже, злоупотребени деца имаат помала потреба од илузија и самозалажување во споредба со нив, како зомби ги гледам насекаде. Кај мене на гости, по валканите улици, по контејнерите, во продавниците. Сите го знаат виновникот но никој не се осмелува да се помери, никој не се осмели да признае. Тие се недопирливи богови и се додека има леб и циркуси не е и онака важно. Понекогаш ги гледам орвеловските 2 minute hate и Голдштајновиот архетип во нивните верувања, Голдштајн ја направи оваа мизерија... Голдштајн е виновен. 

-Не 
-Ама Голдштајн е виновен, ако тоа не е така тогаш ти си Голдштајнов следбеник.
- Не 
- Кој си ти ?!
- Никој, и не е важно...
- Тогаш мора да си Голдштајнов пријател

И самоважно ќе ја сврти главата или пак упорно ќе те напаѓа како да си му го заклал најмилото.
Како да разговарам со шизофреничари. Бркаат сенки и гоблини кои не постојат додека во прв ред пред нивните очи седат нивните злоупотребувачи, оние кои ги силуваа кога беа млади, оние кои им ја одзедоа невиноста уште кога беа во колевка, оние кои ги третираат како кучиња. И сепак никој не прозборува, никој не дискутира додека ги силуваат и сега нивните деца. 




- Кажи ми кој е виновен тогаш?!
- Ти , јас, ние, сите
- Копиле едно валкано како се осмелуваш да го речеш тоа , јас немам украдено ништо, Голдштајн е крив и неговите соработници.

Гледаш, тоа е трагедијата во овој наш пекол, не признаваме дека сите ние го креираме, дека сите ние се самоизмачуваме. А сега ги продадовме и сеуште ги продаваме нашите деца како робови во далечните западни земји, за да ние да не се побуниме. Зошто да се буниме кога ги имаме нашите деца да заработуваат и плаќаат за нашите гревови, зошто кога го имаме Голдштајн за да го окривиме за нашата игноратност и сервилност, имаме леб и циркуси, имаме се што и треба на една бескичмењачка зомби нација, изговори, оправдувања, циркуси и леб. 

Се друго не е важно, не е важно дека казната набрзо ќе не стигне. Кога ќе ги видиме празни куќите и полни старечките домови, кога нема да си ги видиме внуците и децата бидејќи се далеку. Кога ќе нема кој да ни помогне да ја преминеме улицата...Тогаш ќе речеме што направивме. Ама тогаш ќе биде касно. Тогаш ќе умираме сите како што доликува, како кучиња, подобро не ни заслужуваме, ја продадовме шансата за смрт опколени со децата и внуците како што доликува...за леб и циркуси.


No comments:

Post a Comment