Sunday, December 26, 2010

Life, universe & everything else

(By The Marked One, 009/004)
И јас сакам да пишувам за животот...
Сакам филозофски со километарски реченици да мудрувам и да им го трошам времето на другите со мојот поглед на светот.
Сакам со часови да дискутирам што тоа јас мислам за лузерот Мерсо, за шизофреникот Кихот, за папучарот Жуан, помодарството на Онегин и слични теми кои ги дискутирам наместо да учам физика...
Сакам да изгледам паметен во друштво,да ме гледаат како некој академик кој цел живот во библиотека го минал. Сакам да знам да поправам бојлер, да возам точак како Dave Mirra, да го шетам светот како Bear Grylls, ама да не пијам мокрача.

Сакам многу работи.
Ама не можам.
Уствари,можам ама се филмам дека не можам а сакам...знаете...
Сакам да седам дома и да имам супер PC и да гејмам цел ден.
Сакам и да бидам Џедај.
Сакам и Археолог да бидам.
И капетан на Ентерпрајз!
Додуша кога ќе се задлабочам сакам да бидам се освен тоа што сум!
А и ти ли сакаш?
И сестра ти?
А и мајка ти на времето сакала да биде манекенка?
Татко ти сакал да биде пилот?
Па што не кажеш бе,не дека прави разлика...ама искажи се.
Може ќе те чуе некој.
Или не...
Јас сигурно не.



ММЕ па биваше ли Господа да ме тртне баш ваков?!
Како да ме прашале, што не сакаш да бидеш и по мојот одговор...- Е ПА ТОА ЌЕ БИДЕШ !
Ha-ha in your face cocksucker motherfucker son of a dickless camel!
А што ли ми беше зборов?

А да...животот.
Се приметиле ли?
Не запира!
Знаете животот е нешто како течење на електрони низ проводник па се до сијалица.
Трча ко луд додека не се извадиш од штекер...а немаш гз оти у темница ништо не се гледа.
Животот е таков,никаков.
Животот е чаша под лавабо.
Животот е измучкан шампањ.
Животот е сувиот мрсул што го осеќаш во лева 'рнка ама немаш гз да копаш у нос за да го извадиш,оти ќе ти се смеат жените у клас.
Животот е срање !

А универзумот е микобранова печка.
И вектор на Електростатско Поле.

No comments:

Post a Comment