Wednesday, December 14, 2011

Фасцинирачки фасцинации

(By The Marked One, 116/028)
Соочен со длабоките корени на егоцентризмот во мене, принуден сум да ја ставам на тапет потребата од обожување одредени сензации и карактери, засновано на дадени атрибуции кои субјективно ги сметаме за вредности.
Непотребно е да го потврдуваме присуството на доза егоцентризам во било кој
Човек, потребата да се биде во право и илузиите кои се создаваат при задоволувањето на истите се само уште еден природен човечки атрибут кој го храни егоцентризмот.

Непотребно е сево ова да се дебатира и разјаснува понатаму со оглед  на тоа дека егоцентризмот во нас без размислување ја отфрла секоја аргументирана можност да биде прикажана во лошо светло.
А сепак сета таа фасцинација од сомнителни авторитети и самодекларирани интелектуалци...
Причината повторно лежи во човековата наивност.
Од колевка до гроб, човечката инквизитивна природа е постојано задушувана со пропагирање на истите тие псеудо авторитети, констатно под притисок, принудени нивните тврдења да ги земаме здраво за готово.


Учењата на старите филозофи се продаваат со задни намери и купуваат без грам сомнеж.
Се цени и форсира способноста да се меморираат податоци и следење наредби без прашање.
Лагите одамна го запоседнаа човечкиот ум, а кога веќе еднаш е засадено семето, плевелот е невозможно да се исчисти.

Веќе невозможно и апсолутно недозволиво е отворено да се критикува било кој јавен авторитет. Без разлика  дали е законски дозволиво или не, критичката контемплација и разумното резонирање кое е способно да ги разруши авторитативните догми ќе биде осудено и отфрлено од поробените умови како субјективно гледиште, тролање или платен вербален напад.
Дискредитирање на истиот оној кој ќе се обиде е детска игра, via ad populum, па сега би требало да го завршам  текстот со две-три реченици кои влеваат надеж во срцата на оние кои се чувствуваат како мене.

Нема.
Се е така црно како што ви се чини.
Можеби и потемно.

No comments:

Post a Comment