Monday, December 12, 2011

Common Sense = Common Fallacy

(By The Marked One, 115/028)
Нашите господари од секогаш биле сосем свесни дека индивидуалната измама е неефективна кога станува збор за сублимација на нивната волја, истовремено екстрахирајќи ја нашата.
Општото мнение веќе без понатамошни дискусии се презема како кредибилно, и се разбира, ad hoc се сузбиваат  сите обиди да се испита и рационално оцени вистиноста во истото.
Навидум, вистинитото тврдење може да се чини магливо и субјективно, но сето тоа е само нус продукт на неможноста на човекот рационално да рассудува согледувајќи ги фактите, кои доколку не одговараат на неговиот светоглед најчесто истите ги отфрла како loosely-аргументирани претпоставки на база на субјективна перцепција.

Ние сме свесни за ограниченоста на нашите сетила, за парадоксалниот дух на перцептивната дилема.
Сепак, науката експериментално ни потврдува дека материјалниот свет постои независно од перцептор, па така можеме објективно да утврдиме дека нашите сетила восприемаат нешто.
Останува на нас да ги процесираме и филтрираме новодобиените податоци и од овде да извлечеме колку што е можно пообјективни заклучоци.


Па тогаш од каде тука човековата потреба за општа конфирмација?
Човекот е грегариусно суштество.
Чувствува потреба да се социјализира, да партиципира во поголема слика, да знае дека неговата постоење има возвишено значење.
Егзистентна афирмација.
Одовде лесно се согледува зошто argumentum ad populum е така примамлива менталистичка замка која господарите ја поставиле токму за лековерните.
Единката чувствува дека има задача да се вклопи, да споделува но и да дели мислење со останатиот дел од стадото.

И порано зборував за параноидноста која се создава од општествената диференцијација.
Потребата на човекот да биде парче од сложувалката ќе го самоубеди  во наводниот кредибилитет на општо прифатената таканаречена вистина.
Народски кажано,  играме како што ни свират а ние од секогаш сме биле во војна со Истазија и овој марш ни се допаѓа; па што ако не болат нозете?

Го сакаме Големиот Брат!

No comments:

Post a Comment