Saturday, March 30, 2013

Прашинари у паклу дроге

(By Roger Mortis, 157/037)
Употребата на наркотиците за време на најмасовните кланици во 20.век, век во кој за прв пат дрогите се ставени надвор од законот е класична трагедија на етатизмот каде од една страна имаме драконска легислатива наменета за евентуален дилер на Мет (или било која дрога), но само ако тој дилер не е овластен од државата. Во случај да е овластен, дрогата е прекрасна, хумана и незаменлива.
И патријоцка!
Трагедија во која главни актери се Метамфетаминот, ефтиното лицемерие и издрогираната машина за убивање позната како Воен херој.


Метамфетаминот, прв пат синтетизиран во 1893, веќе во дваесетите го привлекува вниманието на Империјалната јапонска армија а нешто подоцна и на германскиот Вермахт.
И во двата случаи имаме масовно делење на Мет-таблети на војниците (посебно тенкистите и пилотите) во борбени услови. Најбизарна форма биле германските чоколади полнети со Спид (познат како `Первитин`) кои се делеле на војската. Speed so sweet.

Милијарди дози биле издадени најпрво на Верхахтот и јапонската армија а подоцна откако запленуваат извесна количина во 1941. и советската Црвена армија почнува со масовно производство и користење на т.н. `Винт`, ефтин кристален-мет, специјално за јунаците на ослободителната војна. Втор бизарен факт - при претресувањето на труповите на германските војници, заробениците или запленетите залихи од страна на советските војници, приортет имал `Первитинот`...
Финска, САД и Британија се другите земји за кои се знае дека ја користеле оваа дрога за засилување на домољубниот набој и суицидалната храброст.


Колку јапонски самоубиствени `Банзаи` јуриши се случиле поради Мет а не поради домољубие,  тешко е да се каже.
Колкава улога имала оваа дрога во почетните успеси на `Блицкригот` не е тешко да се претпостави. Ако есесовецот можел да измаршира двапати повеќе од францускиот или полскиот мобилизиран селанец  (учен на напорна работа и добро кондициониран) и ако можел да помине со двојно помалку сон - заклучокот и не е многу компликуван.
Колку жртви паднале бидејќи регрутот, природно несклон претерано да се истакнува во борбите, бил напукан со Спид и одеднаш се осетил како суперхерој со мисија да им расплаче мајка на непријателот не се знае. Ни колку цивили загинале за време на trigger happy триповите на рандом редов или каплар.
Колку регрути ќе се врателе дома живи или барем ќе се врателе дома без да им фали око, нога, рака, џигер или слезина...е само тажно реторичко прашање.

Спидот не е единствената дрога која се употребувала или развивала за борбена употреба, само најмасовна.
Супер-дрогата Д-9 која била тестирана на човечки заморци по конц-логорите и која требала да направи супер-војници, со екстремно висок праг на болка, издржливост и кондиција...е само една од наркоманските тајни на втората светска војна.
Не се познати ни последиците од континуираното користење на Метот од страна на војниците бидејќи дрогирањето на `своите` војници било службена тајна на кои и требаа децении да излезе на површината од септичката јама на етатизмот.

Дрогите го продолжија својот марш понатаму, кон Кореја, Виет Нам, екс-Југославија, Африка, Ирак или во скоро сите пост-WW2 судари.
Синтетиката се придружи на алкохолот во царството на милитаристичките дроги, погодна за индуцирање лажна храброст и жестоко домољубие кое некогаш смрдело само на Ракија. Ново време - нови ароми.

Важно е да се има љубов кон државата која не` сака и не заштитува од дрогата.

No comments:

Post a Comment