Saturday, November 16, 2013

Alchemical bastards

(By Roger Mortis, 158/038)
No pain no gain, they said.
What about lotta pain and shitfull of gain. That, they never say.

Блекбери анархисти, шампањ социјалисти, пача исламисти, кавијар комунисти, долар патријоти - насекаде насушната потреба од припадност создава грозоморни накази без никаква идеолошка подлога, за доследност и да не зборуваме, потреба  да се биде секогаш во млитав полу-контекст на стадото, меша масло и вода, го остварува сонот на некогашните алхемичари и си фантазира дека е можно претворање на говно во злато, можеби и не право злато ама позлата во секој случај.

Looks like shit, smells like shit and talks like shit.......but it`s gold folks! And we are proud to be a part of it! We`re golden! And if We are golden, so am I?


Либерали со кои би се гордеел Хомеини, рисјани кои со задоволство би ги ликвидирал Исус, традиционалисти - власници на широк спектар на хепатит и гонореа, фамилијарни луѓе на кои децата им се странци во ноќта, идиоти со поголеми номинални титули од Тесла, моралисти - деминутивни манијаци, хард кор нацисти кои се ебат в чмар и цркаваат од сида, расисти кои пушат на црнци, неверојатната оргија на површност царува насекаде.

Инстант припадност, инстант декларации, шупливо во празно, бурек за пари.

Никој не може да го изоди патот за некој друг, нема месија кој на својот грб ќе ги превземе туѓите гревови, нема идеолог кој ќе направи матрица на благосостојба, не постои Гуру кој ќе ги отвори портите на перцепцијата, нема никого и нема ништо.
Освен цената која се плаќа на патот кој секој мора да го изоди сам, кој најверојатно не води никаде, а ако и не` одведе некаде - чини многу повеќе отколку сме замислиле на почетокот на индивидуалната Одисеја. Секако, пред поаѓањето по индивидуалниот пат никој нема да даде предупредување дека картите се одамна поделени и дека ќе биде пеколно. Нафака.

Hope is a powerful drug, beats coke in round one.
Rant over.

No comments:

Post a Comment