Saturday, May 23, 2015

Колонијата Роанок

(By Roger Mortis, 167/047)
Еден од првите Aнглиски обиди да се организира колонија во новиот свет (Северна Америка) и да се `усреќат` неброени генерации домородно население, почнал добро...за да заврши језиво.
Во 1585 година, околу 150 колонисти се доселиле на островот Роанок на атлантскиот брег на денешна Северна Каролина. Снабдувањето на колонијата се вршело со бродови, но во тоа време немало начин да се одржи редовен сообраќај меѓу Англија и островот-објект на колонизација..

На неколку наврати од 1585 до 1587 бродови доаѓале и си оделе од островот каде што и покрај одредени проблеми ситуацијата била во ред, дури и првиот англиски колонист роден на Американско тло (прв `Американец`) бил од редовите на таа колонија. Не верувам дека го крстиле Хенк и дека се родил со Bud light sixpack во рацете, но како и да било, тој бил прв.

Поради Англиско-шпанската војна (онаа со Големата Армада и уште поголемото невреме) и намалениот поморски сообраќај - колонијата останала 3 години без контакт со надворешниот свет.


Џон Вајт, татко на првото дете родено во новиот свет кој во 1587 се вратил во Англија за да набави материјал за потребите на колонијата - се вратил на островот, но не по неколку месеци како што планирал туку по три години поради околностите. И имал што да види...или поточно кажало немал, затоа што немало никаква трага од жителите, сите до еден исчезнале и до денешен ден не е позната нивната судбина.

Не само луѓето туку и куќите, шталите и другите објекти исчезнале. Се` што пронашле морнарите бил нејасниот натпис на непознат јазик `Кроатоан`, издлабен малтешки крст во дрво, неколку топови и некои ситници...

Една од многуте нерешливи мистерии со кои е пребогата нашата плава планета, еден од многуте настани кој ги инспирира милионите armchair Indiana Jones`s на авантура низ мозочните синапси ако не веќе низ географската локација на настанот.

А зошто да не? Скоро све се знае, сите песни се испеани и сите слики насликани. Непознати остануваат само случките од амбисот на историјата. И неколку други ситници, но тоа е веќе друга прича.

No comments:

Post a Comment