(By Roger Mortis, 263/143)
Од современиот човек се очекува беспоговорна послушност во скоро сите домени од животот, барем оние кои се од есенцијална важност, без разлика за кој аспект станува збор.
Највисок стадиум на таа послушност е онаа која владее во вооружените сили каде што залогот на наредбата на рандом офицер е животот на војникот, или во најдобар случај здравјето.
Таа робовска, добиточна пракса трае од кога постојат војски, но за разлика од порано кога професионалците, наемниците и доброволните паравојски на себе го преземале теретот на умирање за господарот - ерата на нацијата-држава испили чудовиште наречено `мобилизација` каде што постои собирање на целокупното машко население кое арбитрарно се дефинира како воеспособно, од случај до случај од 12 па се до над 70 годишна возраст.
И така, умирањето стана помалку дискриминаторно, во сигурна смрт конечно можеле да бидат праќани милиони.
Отпорот кон оваа монструозна пракса постоел од кога таа е воведена но секогаш бил минимизиран од историјата и изгонет од медиумите. На кратко влетал во западната јавност за време на војната во Виет Нам, медиумски тотално експлоатираниот судир во Индокина.
А тој отпор се нарекувал Фрагинг (Fragging), тешко преводлив збор за кој ако веќе човек се потруди би можел да се преведе нешто како `Го изфрагментира`. Поимот потекнува од експлозијата на фрагментациона рачна бомба, погодно оружје за убивање офицери бидејќи не остава траги и форензиката е немоќна во обидот да го лоцира сторителот.
Како што одминувала војната во Виет Нам така станувало јасно дека професионалците и доброволците нема да бидат доволни за да се скршат Виет Конг или скраја да е Виет Мин и затоа на сцена стапила регрутацијата по пат на лотарија, популарно наречена `Драфт`.
Иако инцидентите со убивање и ранување офицери постоеле од самиот почеток на војната тие биле ретки и не им се придавало внимание, но после започнувањето на Тет офанзивата од страна на Виетнамските сили и одолговлекувањето на војната - ликвидациите на американски офицери од страна на американски војници станале секојдневие.
Може слободно да се каже дека тоа била најчовечната страна на војната. Може да се замисли питомец на Вест Поинт академијата како понесен од воинствен жар и домољубно лудило издава дебилни наредби или се изживува врз регрутираните војници. Но за среќа тука биле рачните бомби кои таквиот офицер го пречекувале ненадејно, на спиење, на јадење, при превоз...а тука биле и оние најинтересните ситуации кога рачна бомба била уфрлувана во тоалетот каде што офицерот серел притоа завршувајќи го животот во неговиот finest hour...
Армијата и Маринците дури започнале со детална статистика од 1969, скоро пет години по почетокот на војната а податоците заклучно со 1972 кажуваат за околу 1200 случаи на Фрагинг при што преку 100 офицери биле пратени во пеколот а преку илјада други за жал преживеале иако биле ранети. Не се знае колку случаи имало до 1969 и во 1973 или пак после `виетнамизацијата` на конфликтот па се до напуштањето на последниот Хјуи од кровот на американската амбасада во Сајгон во 1975...
Воените судови и полиции имале сериозна мака да ги пронајдат и казнат `виновниците` бидејќи никогаш не можело да се каже со сигурност дали експлозијата е дејство на непријателот, несреќен случај или намерен чин. Сепак била тешка фрка наоколу. Затоа се забележани само 74 пресуди кои варирале од условни казни до долгогодишен затвор.
Оваа појава се проширила и на австралискиот контингент и на останатите сили од `коалицијата` иако во пропорционално помали размери. Ионака нискиот борбен морал допрел ново дно...
Ако отпорот кон манијакални злосторници со еполети на рамењата, спремни да пратат во смрт илјадници млади луѓе без да им трепне око може да се перцепира како убавина, тогаш фрлањето на рачна бомба во шатор или кантина каде се мотаат офицери и подофицери претставува нешто велелепно.
No comments:
Post a Comment