Friday, November 26, 2010

Митологијата како основа на системот на изместени вредности

(By Roger Mortis, 005/004)
Следуваат букви, запирки, точки кои многумина без основа, ќе ги наведат на заклучок дека авторот е смрдено комуњариште, југо-носталгичар и титов пионер.
„Не дирајте ми Југославију, ја ничега немам осим ње!„
“Не вреџај Маршала маму ти јебем, убичу те“
“Јаааааа сам југословенкааааааааааа“...

...и слично.

Не.
Поентата се митовите, слични на древните митологии но секако без квалитетот на оние старите кои кажуваат за некакви јунаци, самовили, змејови и други заебанции. Тие митови имале културно-образовна, забавна и едукативна цел. Новите за цел имаат перење на мозокот и манипулација со перцепцијата.

Рајата овдешна кука по екс-државата, покојната СФРЈ.
И по лидерот нејзин секако.
Зошто е тоа така знае секој.
Но оние кои не се согласуваат потегнуваат први, како каубоец од источно-немачки вестерн „дас ист мајне штат...auslander“ со следниов мит...

“Југославија беше поарно прибидејќи Тито земаше кредити и на вересија живеевме“
Ова е популарен мит, но популарноста не значи дека има некаква реалност.




Земјите наследнички на покојната Југославија за три пати пократок период се задолжија 5 пати повеќе отколку што должеше бившата федерација при распадот 1991.

15 милијарди долари 1991, прилагодено со инфлација, грубо околу 30 милијарди во денешна вредност, за 48 години постоење.
Земјите кои настанаа...150 милијарди долари за 19 години постоење. (112 милијарди евра)
Без да се смета Косово.
Значи помалку од легендарната цифра од 22 милијарди која се споменува често, базирана на рекордот од 21,7 милијарди во 1987, кој до распадот паднал на 15, но во исто време и други земји и должеле на покојната - околу 4 милијарди.
Реалниот долг значи бил околу 11 милијарди долари, денешни 22, а тоа веќе не носи во размер 1 према 7, непријатен за верниците во современата митологија.

И за тоа време, од распадот досега, сета стратешка инфраструктура продадена на странски фирми...секако.

Тука разликата е најевидентна и последиците кои следуваат во непосредна иднина.
Но барем патриотизмот е во пораст...и тоа е нешто...

Старата транзиоциона мудрост дека некои правеле нешто - од ништо изгледа дека е точна.
Но каматите на таквите “мудрости“ се големи. Стигнуваат за наплата.
Посебно кога се со такво слабо покритие какви што се на екс-ју просторите.

Истата партија е на власт веќе 67 години на овие простори, само што ги смени приоритетите во 1991.
Пред распадот отвори “патриотско-домољубни“ филијали со соодветни знамиња и песнички, “десни“, да им “конкурираат“ на “левите“ филијали од истата фирма.

Јеботе, Стандард Оил може вода да им носи...

Да завршам со Џони Штулич во југословенски стил, таква е темата и муабетот.
Имено, Џони предупредуваше со некои стихови како оној “Како је до непрепознавања доведена суштина преваре“, но никој не го слушаше. Оние кои го слушаа се правеа мутави. А можеби и не.

Thursday, November 25, 2010

We are fucked

(By Marsovka, 004/003)
Децо ја стигнавме најдолната точка...не, има уште, али океј малце драма. Сјебани сме. Ќе го јадеме со 50 центиметарски вибратор со се дршката. Инфалиција стиже а еврото се дрма. Вмро си чешла коси додека село гори, ова де Македонија гори. Гори од високи цени. Мора тие црни деривативи некаде да отидат а во случајов ќе се испринтаат. А кога се принта пари значи инфлација, лошата работа што ова не е 20.век да се мачиме на хартија да ги ставиме тие пари туку 21.век и само типкаш на тастатурата бројки и оп! - утре имаш 20 посто плус на зејтинот потпишано со љубов од Вујко Сем. Не знам дали некој ви кажал али 85 посто од резервите во светот се во долари или хартии во вредност од Америка (овај...нивниот долг).

А Америка е подужна од Грчка, дужна околу 13 трилиона и тоа расте даље, а не знам како планира да ги врати кога троши пари како луда за да изиграва велики јебач, да брка некои типови во пештери во Блиски исток и нема никакво производство а она што го има го губи, или е под вода и се дави како нејзините автомобилски компании. Америка нема избор освен да принта пари за да ја обезвредни својата валута и својот долг за полесно да го плати. Проблемот е што доларот е 85 посто од сите валути. Валути засновани на доларот или валута која дел од вредноста ја заснова на доларот. Хартија чија вредност е заснова на друга хартија. Мора да го љубиш системов како и да свртиш гледаш огромен кур спремен да ти го спикаат у чмарот.


Вујче Сем ќе принта и ќе ги дига  цените на храната и енергенсите, од друга страна ја крева вредноста на други валути. Бидејќи ако ти се дигне вредноста на твојата валута твоите производи стануваат поскапи е тоа те праи неконкурентен па викаат Јапонците и другите нации и ние сега ќе принтаме. Трка во која единствен кој победува е тој што не учествува а бидејќи сите учествуваат, пекол и мачење се единствените зборови кои ми доаѓаат на памет. Огромен кур во твојот гз не е ни приближен опис на ситуацијава. Тоа значи хиперинфлација и крв леење. Пошто кога со твоите 300 денари дневница не можеш да се прераниш тогаш почнува црвено пред очи да искача и почнува Балканецот во тебе да вришти убиј го Грујоооооо или ако пред тоа не банкротира се живо и диво па ќе нема ни работа. Добро ние си сакаме да си бидеме ебени у газ мазохисти сме ама државава фала богу има 700.000 други малцинства кои не се баш така расположени да ќутат и трпат. Последен пат и Ромите покажаа среден прст на двеста цајкани. Можете да замислите 50.000 гладни бациња на плоштад, јас можам...нема да бидат културни ко нас ниту да се однесуваат ко глупи овци ко нас ниту нема да вриштат „уа шиптари, смрт за грците“ пред Грчка амбасада...туку ќе палат коли и кршат излози а и гарант ќе влезат во собрание ако можат и нив Грујо нема да може да ги разубеди со името и индетитетот .

Можам да замислам што ќе биде кога ќе ти требаат 100 илјадарки само за да го поминеш месецот.
Можам само едно со сигурност да ви кажам на време симнете си порно пред да ве исклучат од Интернет да ве грее во долгите ноќи .
Меѓувреме how about those tities >.>

Следува : Македонците, мазохизмот и што значи принтање пари од страна на Вујко Сем за нас.

P.S. Ако некои се прашуваат зошто ниеден економист не кажува ништо за ова одговорот е прост, образованието ги нема учено за тоа, и секогаш веруваат дека доларот е семоќен. О да и ќе ја изгубат работата ако пишат, кажат нешто вакво јавно, а богами и главата. Јас ли треба да ве учам ах бе децо децо...

Cui bono motherfuckers ?

(By Roger Mortis, 003/003)
Да земеме прост пример од припроста земја некаде на некој полуостров каде секоја генерација нема никакви гаранции освен за понекоја војна...
Таму, во таа земја се трошат 346 милиони евра за образование – од буџетот.
Приватните образовни институции се тука со уште 40 милиони.
Настрана она кое самите “клиенти“ на овој систем го плаќаат од свој џеб во “бесплатна“ традиција  а кое е тешко да се определи колку пари чини годишно на на ниво на цела држава.
Тешко е да се види колку вкупно се вртат во системот на образованието, но може да се тргне со претпоставка за некои половина милијарда евра годишно.

Секоја година наметите врз народот кои одат за образование се наголемуваат, а за возврат народот добива нови генерации робови и полуписмени идиоти.
Каква е корелацијата меѓу парите кои излегуваат од нечиј џеб и одат во правец на образованието? Од една страна власта се повеќе пари става во образовниот систем а од друга страна системот останува непроменет, квалитативно, што наводно е целта на финансиерите на системот.




Резултатите се позитивни за оние за кои се навистина, а не декларативно наменети.
А тоа се десетици илјади паразити на државен платен список, голем бизнис, профити и креирање на онакви луѓе какви што им требаат. Spineless slaves that is...
Робовите самите плаќаат за робувањето и за робувањето на нивните деца, за сето тоа време сметаат дека образованието било бесплатно и се надеваат дека системот ќе им соопшти дека се подобни, еден убав ден, кога нивните бедни егзистенции ќе добијат привремена референца - “дипл.инг.др.мр.сци.пхд.акад.“ или “татко/мајка/баба/дедо/брат/сестра на дипл.инг.др.мр.сци.пхд.акад.“ со што се додава дериватив на вредност.

А што беше тоа дериватив?
На такви прашања образованието не дава одговори.

Образовниот систем кај нас го сметам за целосно успешен.
Не во декларираната туку во реалната цел.
Тој систем продуцира луѓе кои на пример по 20 години „образување“ низ него, не можат да направат разлика што е бесплатно и што не, па така сметаат дека ако нешто го плаќаш од џеб под име данок и ако нешто го плаќаш од свој џеб под име компир или пиво е нешто сосема, сосема...различно.

Како ден и ноќ.

Welcome into the dark.

Monday, November 22, 2010

Кои се целосните импликации на образовниот систем?

(By Roger Mortis, 002/002)
Една од најтрагичните импликации е таа што ја формира перцепцијата кај луѓето на возраст во која се особено подложни на тоа.
Наместо живост, игра, практичност, реални искуства на децата, им се дава мртвилото на затворени квази-касарни наречени училишта во кои тотални туѓинци, ниту по перцепција ниту по возраст и modus operandi блиски до децата - исполнуваат некаква наставна програма напишана од некои, некаде...некогаш со одредени агенди во игра.
Се формира начин на обработка на информациите кој е заглавен во левата хемисфера на мозокот, десната се носи до степен на атрофија, а и да има некој среќа тоа да не му влијае тогаш балансот меѓу овие два дела на мозокот е тешко остварлив.

Некои можеби си замислуваат дека масовноста и достапноста на образованието во системот е некаква позитивна работа. Тешко е да се негира дека има некои позитивни ефекти, но најважно од се, ствара онакви карактерни структури какви му се потребни на системот да функционира.
Исто е малку наивно да се смета дека “бесплатното“ образование има позитивна улога. Воведено е со цел, а не од алтруистички и просветителски побуди на мудрите законодавци и политички елити.



Воведено е со цел државата да ги формира младите мозоци во тоталитарен, фундаменталистички концепт каде секоја новост, секоја различност и отстапување од “правоверните“ патишта (без разлика дали се секуларни или религиски) однапред се дочекува „на нож“, мозокот е така умрежен да дава отпор кон нешто ново, без разлика на квалитетот или логичноста на новите погледи.
Она кое може да се види од биографиите на великаните на историјата, било од научен или уметнички аспект е дека далеку најголем дел од нив, иако како и секое правило и ова не е без исклучок, имале големи проблеми и аверзии кон образовниот систем без разлика на типот на истиот.

Скоро сите кои на свој грб ги донеле новите парадигми во науката, уметноста, начинот на живот и поимање на работите го правеле тоа не со ветрот во грб туку со ураган во гради чија цел била непроменливост на “светото“ Статус кво.
Дали е ова случајно или не, се надевам на некој коментар и размислување...спротивни аргументирани ставови исто така се добредојдени, секако мислењето не е кривично дело, немајте мака, барем не се уште...

(Наставља се са непријатним питањима попут “Џе су паре“ и шта ради туџа рука у мом џепу...)

Saturday, November 20, 2010

Образование или Индоктринација ?

(By Roger Mortis, 001/001)
Првата лекција на првиот час од првиот ден на училиште гласи - Слободен си да правиш онака како што ќе ти се каже.
Малкумина се запрашале каде одат оние 20-тина години кои се трошат од младоста во име на образованието на еден човек.
Се учат неколку основни лекции, кои се врежуваат во меморијата од најмала возраст. Тие лекции обично се движат во насока на неколку општи канони -

1.Не доведувај ништо во прашање
2.Не мисли туку меморирај и повторувај
3.Над тебе има авторитет кој по дифолт мора да го почитуваш, квалитетот и интегритетот се подразбираат бидејќи се кријат зад соодветна титула.

Ако образованието по некаква дефиниција би требало да биде здобивање со нови знаења, креирање критички и здрав начин на размислување и припрема на младата личност за претстојните животни и професионални предизвици, дури и масовна социјализација - резултатот ...не гледа и ни се церека во лице како Trollface...хеххехеееееее


Што наведува на помисла дека краен продукт на образовниот систем е неговото величество - Тролот.
Резултатот е индоктринација на ученикот со во најголем дел сосема беспотребни информации кои не му служат за ништо, наметнување правила и прописи по кои мора да се раководи ако сака да не биде казнет со одземање на година од животот и психичко, а понекаде и физичко казнување и продукција на многу комплекси, фрустрации и паранои кои се добиваат со доживотна гаранција.

Обично некаков аргумент за насилието и пресијата врз децата од страна на образовниот систем е - детската недисциплина и некултура.
Истата која истиот систем ја ствара и продуцира потоа ја користи како оправдување.
Не, ни родителите ни улицата не се невини. Далеку од тоа.
Но да видиме каде лежи зајакот и колку е длабока образовната дупка.

(Наставља се након редовне електро-конвулзивне-терапије)