Saturday, November 20, 2010

Образование или Индоктринација ?

(By Roger Mortis, 001/001)
Првата лекција на првиот час од првиот ден на училиште гласи - Слободен си да правиш онака како што ќе ти се каже.
Малкумина се запрашале каде одат оние 20-тина години кои се трошат од младоста во име на образованието на еден човек.
Се учат неколку основни лекции, кои се врежуваат во меморијата од најмала возраст. Тие лекции обично се движат во насока на неколку општи канони -

1.Не доведувај ништо во прашање
2.Не мисли туку меморирај и повторувај
3.Над тебе има авторитет кој по дифолт мора да го почитуваш, квалитетот и интегритетот се подразбираат бидејќи се кријат зад соодветна титула.

Ако образованието по некаква дефиниција би требало да биде здобивање со нови знаења, креирање критички и здрав начин на размислување и припрема на младата личност за претстојните животни и професионални предизвици, дури и масовна социјализација - резултатот ...не гледа и ни се церека во лице како Trollface...хеххехеееееее


Што наведува на помисла дека краен продукт на образовниот систем е неговото величество - Тролот.
Резултатот е индоктринација на ученикот со во најголем дел сосема беспотребни информации кои не му служат за ништо, наметнување правила и прописи по кои мора да се раководи ако сака да не биде казнет со одземање на година од животот и психичко, а понекаде и физичко казнување и продукција на многу комплекси, фрустрации и паранои кои се добиваат со доживотна гаранција.

Обично некаков аргумент за насилието и пресијата врз децата од страна на образовниот систем е - детската недисциплина и некултура.
Истата која истиот систем ја ствара и продуцира потоа ја користи како оправдување.
Не, ни родителите ни улицата не се невини. Далеку од тоа.
Но да видиме каде лежи зајакот и колку е длабока образовната дупка.

(Наставља се након редовне електро-конвулзивне-терапије)

No comments:

Post a Comment