Monday, November 22, 2010

Кои се целосните импликации на образовниот систем?

(By Roger Mortis, 002/002)
Една од најтрагичните импликации е таа што ја формира перцепцијата кај луѓето на возраст во која се особено подложни на тоа.
Наместо живост, игра, практичност, реални искуства на децата, им се дава мртвилото на затворени квази-касарни наречени училишта во кои тотални туѓинци, ниту по перцепција ниту по возраст и modus operandi блиски до децата - исполнуваат некаква наставна програма напишана од некои, некаде...некогаш со одредени агенди во игра.
Се формира начин на обработка на информациите кој е заглавен во левата хемисфера на мозокот, десната се носи до степен на атрофија, а и да има некој среќа тоа да не му влијае тогаш балансот меѓу овие два дела на мозокот е тешко остварлив.

Некои можеби си замислуваат дека масовноста и достапноста на образованието во системот е некаква позитивна работа. Тешко е да се негира дека има некои позитивни ефекти, но најважно од се, ствара онакви карактерни структури какви му се потребни на системот да функционира.
Исто е малку наивно да се смета дека “бесплатното“ образование има позитивна улога. Воведено е со цел, а не од алтруистички и просветителски побуди на мудрите законодавци и политички елити.



Воведено е со цел државата да ги формира младите мозоци во тоталитарен, фундаменталистички концепт каде секоја новост, секоја различност и отстапување од “правоверните“ патишта (без разлика дали се секуларни или религиски) однапред се дочекува „на нож“, мозокот е така умрежен да дава отпор кон нешто ново, без разлика на квалитетот или логичноста на новите погледи.
Она кое може да се види од биографиите на великаните на историјата, било од научен или уметнички аспект е дека далеку најголем дел од нив, иако како и секое правило и ова не е без исклучок, имале големи проблеми и аверзии кон образовниот систем без разлика на типот на истиот.

Скоро сите кои на свој грб ги донеле новите парадигми во науката, уметноста, начинот на живот и поимање на работите го правеле тоа не со ветрот во грб туку со ураган во гради чија цел била непроменливост на “светото“ Статус кво.
Дали е ова случајно или не, се надевам на некој коментар и размислување...спротивни аргументирани ставови исто така се добредојдени, секако мислењето не е кривично дело, немајте мака, барем не се уште...

(Наставља се са непријатним питањима попут “Џе су паре“ и шта ради туџа рука у мом џепу...)

No comments:

Post a Comment