(By Roger Mortis, 003/003)
Да земеме прост пример од припроста земја некаде на некој полуостров каде секоја генерација нема никакви гаранции освен за понекоја војна...
Таму, во таа земја се трошат 346 милиони евра за образование – од буџетот.
Приватните образовни институции се тука со уште 40 милиони.
Настрана она кое самите “клиенти“ на овој систем го плаќаат од свој џеб во “бесплатна“ традиција а кое е тешко да се определи колку пари чини годишно на на ниво на цела држава.
Тешко е да се види колку вкупно се вртат во системот на образованието, но може да се тргне со претпоставка за некои половина милијарда евра годишно.
Секоја година наметите врз народот кои одат за образование се наголемуваат, а за возврат народот добива нови генерации робови и полуписмени идиоти.
Каква е корелацијата меѓу парите кои излегуваат од нечиј џеб и одат во правец на образованието? Од една страна власта се повеќе пари става во образовниот систем а од друга страна системот останува непроменет, квалитативно, што наводно е целта на финансиерите на системот.
Резултатите се позитивни за оние за кои се навистина, а не декларативно наменети.
А тоа се десетици илјади паразити на државен платен список, голем бизнис, профити и креирање на онакви луѓе какви што им требаат. Spineless slaves that is...
Робовите самите плаќаат за робувањето и за робувањето на нивните деца, за сето тоа време сметаат дека образованието било бесплатно и се надеваат дека системот ќе им соопшти дека се подобни, еден убав ден, кога нивните бедни егзистенции ќе добијат привремена референца - “дипл.инг.др.мр.сци.пхд.акад.“ или “татко/мајка/баба/дедо/брат/сестра на дипл.инг.др.мр.сци.пхд.акад.“ со што се додава дериватив на вредност.
А што беше тоа дериватив?
На такви прашања образованието не дава одговори.
А што беше тоа дериватив?
На такви прашања образованието не дава одговори.
Образовниот систем кај нас го сметам за целосно успешен.
Не во декларираната туку во реалната цел.
Тој систем продуцира луѓе кои на пример по 20 години „образување“ низ него, не можат да направат разлика што е бесплатно и што не, па така сметаат дека ако нешто го плаќаш од џеб под име данок и ако нешто го плаќаш од свој џеб под име компир или пиво е нешто сосема, сосема...различно.
Како ден и ноќ.
Welcome into the dark.
No comments:
Post a Comment