Wednesday, August 3, 2011

What do people value most

(By The Marked One, 075/019)
Tell me my friends, what do people value most?!
Добро прашање нели? Мислам, колкумина од вас ќе го кажат вистинскиот одговор? 
Всушност во вакво општество - повеќето. Или можеби се лажам, или лаже вашата привидна релативност?
Ќе откриеме...

Да наброиме, што е она што луѓето најмногу го вреднуваат?
Ќе ми речат...љубовта...
Интересно...не?
Колкави заблуди може да создаде човек?!
Ако љубовта е она што сакате да го заштитите, тогаш кажете ми...
Ако љубовта е она најбитното...објаснете ми!
Како е можно 95% од паровите што се во љубовна врска, да во било каква друга ситуација ни под разно не би можеле да коегзистираат?!
Секс!
Влажното мевце е она што ви е битно во оваа ситуација.
Вие не чувствувате Љубов!
Вие станувате зависни од секс, а понатаму останала само навиката!



Одиме понатаму.
Еднаш ми кажаа дека некое дете таму некаде далеку кога пораснало сакало да биде среќно...
Дали ова да го земам како валиден одговор?
Ајде...
Да речеме дека е така.
Тогаш зошто постојат толку несреќни луѓе?
Барем тие велат дека се несреќни...ајде...ќе им поверувам.
Ако е среќата она што вие сакате да го заштитите тогаш ЗОШТО ПО ЃАВОЛИТЕ НЕ ГО ПРАВИТЕ ТОА?!
Очигледно, повторно лаги!

Дури и смешно ми е, кога како одговор на ова прашање слушам...па тоа е слободата!
Хммм, така ли? Ајде да калкулираме, да пресметаме, да видиме колку ВИЕ навистина ја цените ВАШАТА слобода.
Погледнете подобро, погледнете во какво општество живеете!
Погледнете и со прст покажете ми еден човек, еден единствен човек кој денес се бори за својата слобода!
Нема, се разбира дека нема...бидејќи борбата значи ризик!
Ризик!
Опасност за вашата безбедност, за вашата работа, за вашето семејство, вашиот капитал!
Можеби кога не би биле еден куп кукавици, би ви поверувал, ама вака...никогаш!
Мојот oдговор, на ова прашање е вашиот живот.
Дури смешно ми беше да читам како тоа никој не се плашел од смртта, како немало од што да се плашат.
Сте ја погледнале ли смртта во очи?
Сте и го помирисале ли здивот?
Јас да...неколку пати...онака, тет-а-тет со неа.
Интересно е, навистина како моментот, средбата е страшна, но некако, како повторно да копнееш по неа.

Кажете ми вие…what do people value most?

No comments:

Post a Comment