Sunday, June 19, 2011

High frequency Tango

(By Roger Mortis, 074/019)
Eнергијата a.k.a фреквенцијата која е основата на материјалниот и нематеријалниот свет..можеби никогаш нема да се објасни за да можеме да ја перцепираме на квантитавивно-материјалистички мерлив начин.
Нормално дека западно-центричниот начин на декодирање на информации бара егзактни вредности за да може да функционира, но тоа е модел како и сите други, со свои големи ограничувања, тргнувајќи од неможноста да ја прифати субјективната слика која зависи од набљудувачот толку колку што и од набљудуваното.

Сега ете се стигна до Хигсовиот бозон како основа на флуктуацијата во јадрото но и тоа не е ни оддалеку конечно, модели веќе има кои и таа честичка ја делат на составни елементи, со што пак се отвара простор за модел каде и составните елементи се делат, и тие шо се делат се делат...имаме ситуација која потсетува на куче кое сака да си ја касне опашката и се врти во круг без да ја дофати...нема крај...

Затоа што едното се содржи во сите и се проектира во сите, како што сите се состојат во едното.
Треба некоја несфатлива парадигма, нешто сосема ново за да може да се “фати“ природата на таа сила во самата суштина, а што веројатно никогаш нема да се случи.
Нема мерлив и квантитативен начин да се долови тоа.
Не барем со декодерот на реалноста кој го имаме на располагање. Познат како мозок. Познат и по тоа што многумина ко користат како украс.




Така да на крајот на приказната како и да се врти човек...we gotta take a leap of faith.
Што и не е толку лошо, не барем по мојата перцепција на реалноста.
Посебно ако се знае каква форма на материјализација понекогаш завзема таа енергија/фреквенција...
Секако, далеку од некакви религии и готови модели на верувања и ритуали...знаете како велат...God save us from religion. Религијата е основната сила со која елитата низ целата позната историја го оддалечува човекот од можноста за свесна ко-креација на реалноста со присилно наметнување догма која бара да се верува во надворешна сила, надворешен страшен авторитет кој казнува, сето тоа со сеење страв и немање доверба, вера, верба со себеси и сомневање во можностите кои се навистина огромни.

Интелектуално, многумина се свесни за тоа.
Но во срцето е тешко да се најде патот кој овозможува ко-креирање на сопствената реалност во согласност со дуалистичката природа на универзумот.
They made is believe in imposed limitations, so we experience those limitations.
Малкумина среќници го надминале тоа и стигнале до за нас незамислива реалност на постоењето.

No comments:

Post a Comment