Sunday, June 19, 2011

Неделна вечер

(By Brian, 071/018)

(Расказ без поента)

Неделна вечер со пиво и цигара. Практикување на модерна алхемија. Спој на оган, вода, воздух и земја кои го облагодаруваат петтиот елемент на конзумерот. Подмачкување на квитиненсцијата. За да пишувам вакви безсмислици место да одам да си легнам. За да врежам дискретно некој напукан капилар во мрежата на испукани капилари. Пиво, цигара и слаба светлина од мониторот на лаптопот. Прекрасен начин да се заврши една неделна вечер.
Да имал Шарл лаптоп и тој вака би финализирал неделна вечер. Се разбира, не со срање расказ како што е овој. Ама јас не сум Шарл, што ми дава комодитет во лошиот квалитет на пишаното, ниту пак вие сте Шарл па да ми судите дека овој расказ е срање. 
Оставете ме да пишувам што би рекол Слаткар. Племето негово лицемерно. Доста пивото ми го има подуено мочниот меур па сега и вие фалите да ми вршите притисок. Јас не претпочитам мокрење во креветот, ви кажав уште пред малце – не сум Шарл. Од уста не го извајв господин Бодлер, веројатно ме мисли.


Еве почнува и десното уво да ми жежи шо е јасен показател дека негото пост-мортем битие ме опседнало. Или е тоа, или десниот радијатор е попуштен повеќе од левиот.Туку остајте вие топлификациски проблеми, пелељарата ми го испуши цигарето. Пуста навика. Ама шо да прам, од толку анти-пушачки реклами на човек потсвесно ќе му се одмилат цигарите и ќе ги остава во пепељарата до пола испушени и нормално ќе ги заборави...
Оти пушењето бавно, ама сигурно убива. Како и самиот живот. Што мислевте вие, дека ако не пушите ќе живеете повеќе? Секако дека ќе живеете, ама ќе ви биди ускратено задоволството да пишувате безсмислен разказ на слаба светлина со цигара и пиво и пред вас чадот од цигарата да се извива апстрактни фигури кои на моменти наликуваат на еротски пози од млада девојка, а на моменти на вашата баба од село.
Нели многу пропуштате? Не ми замервајте, Вадор Сал Илад ми го испра мозокот со неговите графики. И многубројните фалуси на нив, суптилно присутни. Секој со потребите и филмовите. Кога сме кај нив, јас ќе повлечам еден длабок дим сега и ќе пивнам од мраз ладното пиво. Да финализирам со алхемијата, пред таа да финализира со мене и да направи Камен на Мудроста.

No comments:

Post a Comment