Friday, January 20, 2012

Модерно време

(By Purple Mind, 120/029)
Живееме во модерно време.
Би требало да напредуваме.
Би требало работите да се одвиваат во позитивна насока...
Каде ли згрешивме?

Напредок на технологијата. Каков успех на човекот, нели?
Со ова требаше да ни се олесни работата. Претпоставувам за да имаме повеќе слободно време за да се изградиме себеси како личности, да работиме на себе, да се надградуваме умствено и духовно...
Каде по ѓаволите отиде успехот?
Се претворивме во машини.
Станавме робови на технологијата...
Некогаш имаше безгрижни деца, кои трчаа и си играа надвор, на сонце, на воздух... Сега, како производ на напреднатата технологија, имаме искривени ’рбети, недостиг на витамин Д, слаби мускули, зголемено ниво на стрес (ова се’ во „најмала рака“)...

Дозволивме медиумите да ни ги обликуваат мозоците. Преку нив ни се наметна слика за тоа како треба да изгледа една совршена жена или совршен маж, сексизам, национализам...
Способни сме да го мразиме и презираме нештото кое е дел од нас, наречено човек!
Дозволивме глад, геноцид...
Водиме нечии битки, си го убиваме својот род за профит.Секогаш туѓ профит.


Дозволивме да живееме во неправеден свет. Полн со зло! Јасно е дека за да постои добро, мора да постои и зло, но тука одамна се изгуби рамнотежата помеѓу доброто и злото.

Дозволивме секој ден да кркаме горчина, да се полниме со фрустрации...
Анксиозноста, депресијата и неурозите воопшто, ни станаа нормални појави.
Некому џебовите полни, нашето здравје нарушено.
Загадена вода, нездрава храна... Ракот не е случајност!
Добредојдовте во светот на корпорациите, каде вие како личности не сте битни, битни се вашите пари!

Излетите и прошетките во природа станаа реткост. Кај некои и не постојат, тие ти биле урбани луѓе...И’ ја расплакавме мајката и на природата. Сетете се од каде доаѓаме, кои сме и што сме! Не, не сме ние урбани луѓе! Ние само се претворивме во зависници од сивилото околу нас, зависни од смог, слаткиот воздух на градот!
Немаме никаква почит ниту према природата, ниту према животните. А ние сме едно.
Без нив целото не е цело, таму припаѓаме, ние сме дел од нив.

No comments:

Post a Comment