Tuesday, January 24, 2012

Requiem for the silent

(By Roger Mortis, 123/031)
And the sign said 'The words of the prophets
are written on the subway walls
And tenement halls'
And whisper'd 
In the sound of silence
(Paul Simon)

Никогаш нема да знаеме. Останува мистерија која никогаш нема да биде разјаснета. Но и како сите работи кои немаат соодветен одговор ќе остане засекогаш да тлее некаде, барем на неколку места, барем во неколку глави кои нашле за сходно да се оптеретуваат со вакви прашања. Барем на ѕидовите за коишто пееше Пол Сајмон.

Живееме во време на постојано повторување на палењето на Александриската библиотека, тажна секојдневна реприза на уништувањето на колекцијата на Ал-Хакам Втори или на поцрнувањето на реката Тигар поради излеаното мастило од милениумското знаење исфрлено од Куќата на мудроста во Багдад.


Како во некаков проколнат маѓепсан круг чии контури постојано ги исцртуваат гасениците на оклопните возила на О`Брајановата Чизма која го гази черепот, Системот,  затворени се наоѓаат талентите, креативната енергија, неискажаната убавина, неизразената елеганција, неопеаните песни на милијарди луѓе.

Уништувањето се гледа насекаде, во очите на сите оние кои повремено се присетуваат на нешто кое би сакале да го прават, да го дадат најдоброто од себе, изразено е како лузна кај сите кои не знаат што сакаат надвор од примените програми со кои системот великодушно ги снабдува.
Најголемиот дел од енергијата и времето од кое се состои животот се троши во страв од неможност за евентуален физички опстанок во разни форми и видови и за задоволување на наметнатите потреби.

Мотивацијата е страв од смртта.
Мотивацијата е страв.
Страв.

Pour qui?
Pour quoi?

No comments:

Post a Comment