Friday, January 20, 2012

Зрелост

(By Roger Mortis, 121/030)
Замислете си дуел меѓу Станислав Петров и Вејн Руни.
Hold on. Who the fuck is Станислав Петров!? Нели беше играч на ЦСКА Москва...хммм...или бранеше за Спартак? He wish he was...
Не е фудбалер, ниту пак советски гимнастичар со 229 медали од разни натпреварувања обесени околу вратот. За среќа не е ниту политичар, пејач или глумец. Не е познат адвокат или пак православен светија. Нема ништо во него кое би било доволно “телевизично“ за да го ископа од длабоката анонимност.

Тој е само човекот кој го спаси светот.
Ништо повеќе, ништо помалку.

Првата реакција после читање на вакво нешто би била сосема природна и би се движела кон замислување на руски пандан на американската и хонг-коншката Б филмска продукција каде разни ликови го спасуваат светот, брзи, прецизни и силни, на погон на дериватот на универзална доблест и на својата dafault припадност кон силите на доброто и се разбира, своите мускули.
Но како што беше напоменато, Станислав не е актер, макар и од оние лошите. Никогаш не бил ни блиску до актерството како професија, иако егзистирал во средина каде патот нагоре зависел од лошата глума.
Другарот Петров бил потполковник на стратегиската противвоздушна одбрана на некогашната Црвена Армија, на должност во оперативниот центар за тревога на сателитскиот систем “Око“ кој бил прва инстанца при детекција на евентуален нуклеарен напад врз СССР од страна на САД/НАТО. До него доаѓал приемот на сигналите за тревога од сателитите.


Меѓу монотонијата и паранојата кои биле постојани цимерки на едно такво место, сепак се провлекло нешто несекојдневно. И тоа она за кое тој систем и бил изграден.
Аларм. Од САД е истрелана балистичка интерконтинентална ракета кон СССР. Можеби се работи за грешка во системот? Но и пред таа мисла да стигне до рационална обработка во мозоците на присутните, добиен е втор сигнал. Грешка? Трет. Четвртиот и петтиот веќе делувале прилично потврдно за што станува збор.

Од алармот до стигнувањето на веста до ушите на Генералниот секретар и понатаму проследените кодови до единиците за стратешки дејства не требало да пројде многу време во случај каков што се одвивал на тој 26 Септември 1983. Секое двоумење би ја намалило можноста за возвратен удар. Во прашање биле минути. Сепак, Станислав некако останал со смирена глава и покрај урлањето на алармот, пулсот кој удирал како 20 мегатонски чекан во главата и паниката на колегите кои барале да се држи до процедурата.
Која ја прекршил и донел сосема рационална одлука дека пет ракети се премалку за сеопшт напад. Решил дека станува збор за грешка во системот а не за вистински напад. Иако теоретски за лансирање на проектилите постоел сигурносен механизам кој предвидувал потврда за нападот и од друг извор, што би се случило во случај да постапел како што налагале правилата никој не знае.

А немаше никој да знае и во случај да надвладееше паранојата, засилена со претстојните воени вежби на НАТО во Западна Германија кои започнувале за неколку дена од лажниот аларм во сателитскиот центар, а во кои се состоел и симулиран...прв нуклеарен напад врз силите на Варшавскиот договор. За таа вежба секако знаеле на Исток. А основната претпоставка им била дека нападот ќе дојде под маска на маневри.

Овој настан бил заведен како воена тајна која се појавила во јавноста дури по крајот на студената војна и распадот на Источниот блок. И за време на бољшевизмот и за време на “демократијата“ на Станислав му биле ветувани награди и признанија, брда и долини. Секако, поциничните читатели веќе насетуваат што добил како награда. Не биле ниту палати ниту јахти, дури ни ордени, ниту пак некое училиште го носи името на Петров.

Тие погодности во животот се резервирани за други луѓе. Не за оние кои го спасуваат светот во реалниот живот туку за оние кои тоа го прават на филм. Не за оние кои допринесуваат за подобар квалитет на искуството наречено живот туку за оние кои тоа го негираат.

Што не враќа на почетната реченица и најавениот дуел Петров-Руни. Човекот поради кој сме сите тука и правиме она што правиме со нашите животи нема шанси против полуретардираниот Вејн кој неделно добива повеќе пари отколку што Станислав ќе има прилика да види за целиот си живот. Мемлив стан во подмосковска вукојебина и пензија колку да не цркне.

Немам ништо против Вејн и сличните на него, само го користам како симбол. Може да е и рандом кошаркар, ракометар, рагбист, одбојкар, тенисер...на кого највисокото достигнување во кариерата кое ќе биде платено како да вреди суво злато и над кое ќе има оргазмички контракции на генерации луѓе...милиони луѓе...е тоа што протнал некаква кожна топка меѓу три греди или низ метален обрач. Ништо повеќе ништо помалку.

А човек би рекол дека во најмала рака го спасиле светот или нешто слично, given all that noise around...

Делува нестварно споредбата? Можеби.
А можеби е само тестамент на зрелоста на една генерација. Еден биолошки вид. Една глобална култура. Една цивилизација спасена само за да продолжи слепо да се движи кон самоуништување.

No comments:

Post a Comment