Wednesday, March 30, 2016

Дрим тимови

(By Roger Mortis, 267/147)
Во една од соседните димензии е закажан пријателски фудбалски меч помеѓу меѓународна селекција на реномирани лица кои практикувале Окултно-езотериски пракси и тим составен од сериски убијци кои истражните органи не успеале да ги донесат пред лицето на законот.
Се очекува неизвесен и драматичен, но пред се` фер и коректен натпревар.

Окултистите се очекува да настапат во формација 4-1-1-2-2 со следниот состав :

Голман - Елифас Леви
Бекови - Симон Магус, Гвидо фон Лист
Стопери - Алистер Кроули, Парацелзус
Централен креативец - Гроф Сен-Жермен
Централен деструктивец - Алесандро Каљостро
Крила - Никола Фламел, Фулканели
Напад - Џон Ди, Едвард Кели

Резерви - Џек Парсонс, Мајкл Скот, Веи Бо Јанг, Јохан Георг Фауст, Халид ибн-Јазид, Вилијам Весткот, Израел Регарди.

Селектор - Хермес Трисмегистус
Помошник - Албертус Магнус
Физио - Конрад Дипел
Технички директор - Ахасвер


Додека серијашите од друга страна ќе излезат на терен со нешто потрадиционална формација, 4-4-2 :

Голман - Зодијак
Бекови - Чудовиштето од Фиренца, Лисабонскиот мевосек
Стопери - Лудиот касап од Кингсбери Ран, Библискиот Џон
Средина - Стриперот Џек, Убиецот по абецеда, Секирашот од Њу Орлеанс, Пиварот од Бомбај
Напад - Вистинскиот Најт Стокер, Тајленол манијакот

Резерви - Истребувачот на слугинки, Тексашкиот фантом, Трујачот од Фукујама, Б-1 Месарот, Франкфорд слешерот, Ангелот на смртта од Ен Арбор, Бостонскиот давител.

Селектор - Џек Мевосек
Помошник - Смајли фејс убицата
Физио - Мевосекот од Атланта
Технички директор - Чоп-чоп Чарли

Главен делител на правдата ќе биде Карло Велики, негови помошници се Аменофис IV и Карл Густав Јунг, четврти судија ќе биде Џорџ Гордон, лорд Бајрон а делегат на мечот е Салвадор Дали.

Приходите од мечот ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
Дел од приходите ќе биде проследен кон Домот за лица разочарани од вербата во натприродни ентитети а дел ќе оди кон Организацијата за реставрација на празни ќелии.

Tuesday, March 22, 2016

Си бил еден Цар

(By Roger Mortis, 266/146)
`Власта корумпира а апсолутната власта тотално корумпира` изјавил некојси барон Актон - и не згрешил.

Во долгата и траурна историја на власта во глобални рамки постојат ликови кои како да биле надвор од просторно-временскиот континуитет, рожби изродени од утробата на злото, битија зад кои остануваат полумитови и псевдолегенди, мачни траги на страдање и безнадежност.

Еден од нив била креатурата која делувала како прототип на диктатор од третиот свет, Жан Бедел Бокаса, тиранин на Централноафриканската Република во седумдесеттите години од напатениот дваесетти век.
Поранешната француска колонија позната под егзотичното име Убанги-Шари, стекнала `независност` во 1960 година. Позната и славна по ништо, оваа земја како што и самото име и кажува се` наоѓа во гламурозната област позната како Централна Африка или во колоквијлано наречената Субсахарска Африка, поим кој делува како смртна пресуда и предизвикува дистопични визии.

Сепак, во еден релативно краток период оваа земја се нашла на насловните страни на светските медиуми кога нејзиниот лидер, кој следејќи го стереотипот за диктаторисување дошол на власт со државен удар на 1.1.1966.

Жан Бедел Бокаса, поранешен офицер на француската армија, учесник во Втората светска и Првата индокинеска војна, одликуван со Легија на честа поради неговите несомнени испади на храброст во борбени услови - се чувствувал некако недоречено, неисполнето во својата нова `домовина`. Како главен командант на вооружените сили бил одговорен за изградба на новата војска на новата држава што била логична позиција како најславен војник кој се затекнал во Убанги-Шари за време на прогласувањето независност.
Потчинет на врховниот командант, претседателот Давид Дако - филингот на несоодветност ја измачувал психопатската душа на Жан кој набрзо решил дека најдобар чекор би бил државен удар. Но за такво нешто биле потребни предуслови кои за среќа на Бокаса се појавиле на сцена набрзо. Дако започнал да го менува курсот кон Москва и Пекинг со блага наклоност кон копирање на некои други псевдо-левичарски режими на континентот.

Загрижени поради можното излегување на оваа нео-колонија од француската орбита, властите во Париз стапиле во контакт со својот екс-офицер а веројатно сеуште активен разузнавач Бокаса при што било договорено дека при евентуален државен удар официјален Париз ќе гледа благонаклоно со цел да се сузбие комунистичкото влијание од оваа огромна но слабонаселена земја.


И така на новогодишната ноќ на почетокот на 1966 Бокаса и неговите следбеници од армијата извршиле државен удар соборувајќи го Давид Дако, со вообичаената радио порака за широките народни маси со која се известуваат граѓаните дека ќе имаат нов владедел кој ќе ги сака, штити и негува...
Станувајќи калиф наместо калифот, Бокаса започнал со широка и сеопфатна програма на корупција и непотизам, користејќи ги сите проверени и испитани форми на трансфер на јавни буџетски средства во сопствени џебови, давање концесии на странски фирми, продажба на ресурси и присвојување на меѓународната помош. Секако, сето тоа проследено со ликвидации на противниците на режимот, медиумски монопол и пропаганда насочена кон градење на Култ на личноста. Прогласувајќи се самиот себеси за доживотен претседател во 1972, Бокаса се покажал како поклоник на најсветлите традиции на диктаторството.

Со колку жени може да се има секс, колку луксузни оброци можат да се изедат, колку кокаин може да се ишмрка, колку дисиденти своерачно да се убијат? Сето тоа со тек на време здосадува а една од главните карактеристики на психопатите е што работите брзо им здосадуваат. Што понатаму?

И така, Бокаса решил да стане Цар!
Не преносно, не метафорично туку сосема буквално. За таа цел биле купени најлуксузни автомобили, златен престол, круна опточена со дијаманти, биле најмени генеалози за да ја `откријат` и испишат славната историја на `династијата` Бокаса, главниот град Банги бил набрзина претворен во Потемкиново село а од Франција биле донесени камермани за да детално ја покријат церемонијата со филмска документација.
За таа цел биле потрошени еквивалент на денешни 92 милиони долари, манијакална сума во една средина во која најголем дел од жителите живееле во срамна беда.
Уште на 4.Декември 1976 била прогласена Централно-афрканската Империја а следната година се одржала и церемонијата на крунисување. Било планирано римскиот Папа да го круниса најновиот светски цар, но во Ватикан немале разбирање за една таква ситуација, при што останала резервната опција некој локален бискуп да ја стави круната на главата на Бокаса Први.

Бидувајќи Цар на ЦАР, Бокаса засилено почнал да губи контакт со реалноста.
Огромните трошоци произлезени од царувањето, зголемените даноци и економското бунило создало плодна почва за востание. После масакрот на 100-тина ученици и студенти кои немале пари да платат нови задолжителни школски униформи со ликот на Бокаса - официјален Париз решил дека бламажата со поддршка на `царот` излегува од контрола и дека престижот на Франција во светот е сериозно нарушен.
После неколку предупредувања кои останале непослушани, контингент на фрацуски маринци засилен со `одред на смртта` од разузнавателните агенции извршил инвазија на `Империјата`, на 20.Септември 1979 - и за неполни 40 часа го скршил анемичниот отпор на локалните безбедносни сили. Француските специјалци со себе го донеле стариот а од следниот ден повторно новиот претседател Давид Дако кој нагло се излечил од левичарски стремежи...

Она што маринците го пронашле во палатата во Банги било спектакуларно во својата језивост. Имено, во фрижидерите за длабоко замрзнување, спакувани во најлони - се наоѓале човечки бебиња кои Бокаса со својата свита ги користеле како кулинарски специјалитет!
Царот-канибал бил голем љубител на човечко месо, прав гурман кој со свои раце имал убиено неколку деца...


Бокаса за тоа време избегал со својот приватен авион во Брегот на Слонова Коска а после неколку години покајнички се вратил во Париз каде што си купил замок, Шато Ардрикур во близината на Париз! Забегувањето му било простено од страна на француските власти и стариот asset дури добил и воена пензија! Шокот поради канибалските испади почнал да бледнее, во меѓувреме `царот` бил осуден во остуство во ЦАР на смртна казна а господарите на Бокаса `го убедиле` да оди да се предаде во Банги на новата власт, со гаранција дека неговата поширока фамилија може да остане да си живее во замокот во Париз.

Речено-сторено, Жан се вратил во Банги каде што `дилот` меѓу новата власт и Париз стапил на сила, доживотен куќен притвор наместо смртна казна и така Жан Бедел Бокаса, првиот и последен цар на ЦАР постепено потонал во лудило објаснувајќи на понекој залутан новинар дека е инкарнација на 13-тиот Исусов апостол...
Цркнал во 1996 заборавен од сите.

Во една дамнешна епизода на Македонските народни приказни, Ѓорѓи Колозов играше сиромашен селанец кој одненадеж реши да се `воцари` откако го виде `царо` како си пие `каве` додека селанецот црнчи копајќи некаков ров.
Убаво е да се знае дека прикаската собрана од Цепенков имала и свој пандан во реалниот живот, антропофагична гротеска од длабочините на најцрниот континент.

Фантазијата-Реалноста 0-1.

Friday, March 11, 2016

Тестостерон

(By Roger Mortis, 265/145)
Драматичните податоци добиени од Заводот за пребројување мртви души укажуваа на претстоечка демографска катаклизма. Врз база на тие податоци осамнаа најновите проценки кои гласеа дека во 2096 година на Балканот ќе живеат вкупно 19 жители.

Соочени со едно такво предвидување, државни татковци, разно-разни отци на нации, верски поглавари и сличен талог се собраа на конференција на Плитвичките езера со цел да решат како да се избегне таквата тажна судбина, како да се превенира исчезнувањето на даночната база на цел еден полуостров. Четници, усташи и балии, хунзи, качаци и цинцари, татари, гејци и цигани, јанези, чифути и селџуци, загрижени лица од сите бои, мезејќи пржена Човечја рипка со ракија, решаваа за демографската иднина на Балканот.

Со заеднички напор на Академиите на науки и уметности на сите наведени племиња во соработка со ненаведена компанија за клонирање и генетски инженеринг од Парагвај - бил изготвен експериментален прототип на маж кој конечно требало во себе да ги содржи сите традиционални елементи кои биле потребни за масовно и навремено оплодување на женската фертилна популација.

И резултатите не изостанале. После четири години, клонот кој во себе содржеше генетика од сите присутни племиња во регионот, имплантиран софтвер со лажни сеќавања со акцент на амплификација на оние традиционалните машки особини - конечно го здогледа светлото на денот!
Сонот (или кошмарот) на Филип К. Дик конечно беше реализиран, на сцена стапи првиот Репликант во светот!


Бихевиористичкиот психолог кој беше задолжен за тестирање на исфорсирано одраснатиот клон, започна со испрашувањето :

Психологот : - `Господине Алфа, кој момент од вашиот живот дефинираше дека сте маж во права смисла на зборот?`. Постоеше ли момент кога си рековте „Да, тоа е тоа, вака постапува еден прав маж!“. `Дали прав маж се раѓа или тоа се станува со тек на време?`

Репликантот : - `Како прво маш не е маш туку пиче ако не може да одговори две прашања наеднаш! Праф маш не се стануе, да не те лаже никој, праф маш се раѓа, треба јако млеко да има мајката за да порасне праф маш. Покасно е добро да падне ќотек, по могучност со каиш, да се знае кој е кој. Мене татко ми ме кршеше од маање, строг беше...ама правичен, после ме прати војска да служам, да и се оддолжам на држаата.

Таму чистеф ќенефи со четка за заби, стражареф на минус дваесе и се челичеф, се тушираф со дваесе пендрека у иста просторија и така полека се претвараф во праф маш. Муж. Мужиште бе, мушкарац!

Понекоаш како мал паметам дека наместо млеко со бисквити, по грешка ми тураа ракија во чинијата...
Друго шо ме научи тате како да станам праф маш - ме учеше да тепам послаби од мене али никоаш женско, пошто женско е дама и не се смее да се тепа. Освен ако не претера понекоаш ама тоа не е важно, важно е шо станаф праф маш.
Знаеф дека сум праф маш во моментот коа искршив од тепање едно детенце, чудно беше троа, некои викаа имал нешто као дауноф синдром или шо ти знам јас ама ме нервираше коа ми се смееше у фаца и го претепаф. И одма после ќотекот, внатрешен глас ми кажа - ТИ СИ ПРАФ МАШ!`

Психологот : - `Знаеме дека терминот е комплексен и тешко дека некогаш целосно ќе биде опишан и доловен, но кои се, според вас, некои од поглавните, повпечатливите карактеристики кои го двојат правиот маж од гадните Бета створења?`

Репликантот : - `Нема алфа бета гама бре, се е тоа јудео-масонска завера, постои маш и постои пиче. Ако не си пиче си маш. А ако не си маш, онда си пиче, не туку ми филозофирај тука нешо.
Праф маш се познава од километри. Ако му се прди - тој прди, ако му се ждрига - тој ждрига, ако му се сере - се преправа дека не е ништо, ако му се моча - оди зад првата грмушка.
Ако не е поканет на свадба ипак тој оди таму, пошто е праф маш а праф маш не се замара шо мисли глупа раја за него!

Ногу је битно какви филмои гледа. Ако почне со романтики, комедии, драми тогаш нешто не е во ред, може да е ауспух. Се знае бе, Ране, Скарфејс, Рамбо кецот, Видимо се у читуљи, Кум, До Коске, Роки, У змајевом гнезду, филмој за виетнам, понекоаш калубојски...
Тетоважа - само од војска, Арм-2002 Кичево. Може и број од војна пошта, што да не`. Никакви цртежи и остали глупости.

Еден стар чоек, еснаф чиче, се шеташе увек со бел шал околу врат - еднаш ми кажа нешто битно. `Ако не гледаш фудбал сине, знај дека си педер`. А ја не сум педер, глеам фудбал и навијам за Звезда.`


Психологот : - `Е сега, кога веќе отприлика се запознавме со некои основни карактеристики на вистинскиот маж...што е права жена според вас?`

Репликантот : - `Права жена е дама, госпожа. Она не работи него пара у куќа носи правиот маш. Жена е за вкујна и за у кревет, надвор прибрана, внатре како ќе и се каже. Одвреме навреме треба да и се даде по некој динар да си купи фустанче или мирис, зависи од ситуација пошто ако фати криза а си ја размазил жената - црна река нема да те удави...
Права жена не прди, не се секне и не грицка нокти, тоа е за сељанки. Ако сакаф ја сељанка ќе си земев од селото на дедо, жена румена со црвени образи...ееее какви момиња имаше таму, спремни да заменат коњ на ралото, работливи, домаќинки...денес сфе се исчуручи и за никаде отиде светоф...`

Психологот : - `Кога сме кај жените, кој е клучот за освојување и задржување на жена?

Репликантот : - `За освајање лесна работа, права жена коа ќе види праф маж одма почнуваат потоци и реки да и течат долу, бимбиљи и пеат во главата, се тресе и левото око и забегува малку.
А за да задржиш...е тоа е работа на праф маш! На жена слабост не смее да се покаже. Само строго али праведно. Еби ја јако еднаш неделно и твоја е до последњег даха! Јако, без нежности и слични безвезни ствари, како да го ставаш во дупката у ѕид, стриктно без емоции. Емоција ти е за слабаци и двоцефки!
Никоаш не слушај шо ти кажува жена, само климај со глаата, така и даваш на знаење дека демек ја поштоваш. А то је суптилност бе, ако стварно влезеш у филм и ја запоштоваш ти се еба матер. Затоа само онака, одоколу, као ја слушаш. Таа не знае да мисли али осеќа, па така ќе осети дали стварно ја слушаш или не.`

Психологот : - `Дали правиот маж одобрува хомосексуалност?`

Репликантот : - `Јас ќе ти кажам вака, само Хитлер за нив бе...резил за породица и пријатели, бруки живи, тешко нив, знам поштена раја која им се унесреќило дома да имаат педериште, скраја да е и јака им душа!
Коа ќе видам педер ми иде да му го брцнам ноктов шо го негувам на мало прсте во уво и да му го наштеловам умот, како на радио шо се штеловат станици.`

Психологот : - `Каков е типичниот ден на еден прав маж?

Репликантот : - `Праф маш стануе рано, иде у ќенеф и се бричи со брич на оштрење а не овие педерскиве жилете, бикче, вилкинсом ти рекоф ми рече, пластики. Откако ќе се трзне контра се дизимфицира со керозин пошо лосион е за давајгазови.
Седнува да јаде на софра, припремена од невестата, пржена сланина мора да има, тазе печено лепче и ракиичка. За циркулација де...
После се иде у дуќан, му се мава една воспитна на калфата, се брои прометот, се става дел у џеб и така се тера до крај на работно време. Тогаш се седнува во голфот-двојка-кабрио, се мести цедето обесено меѓу крстот и икончето на ретровизор, се штеловат спојлери и се вози назад. Може да се застане до кладилница да се провери лифче и да се акне едно пифце уз муабет.

Невестата сигурно си напраила добар ручек, се јаде кофа граф и два сомуна леп, се пие дволитарка, се чури пакло `Југославија` или `Драва`. У никој случај оние педерски лајт, ултралајт срања...и онда се иде у провод...Е сеа за провод, не е да се фалам али ногу ебам пошо сум праф маш. Али то е друга прича више...`


Психологот : - `Да прокоментираме околу физичкиот изглед, бидејќи без тоа сликата не би била комплетна. Дали правиот маш треба да се грижи за својата појава, и какви совети би им дале на мажите за да бидат неодоливи?

Репликантот : - `Абе види сеа, праф маш не се мачка со помади, кремови и иљачи, тоа е за теткици. Се знае бе, рецептот на дедо за се! Пчелиња мас`, измешана со свинска мас`. За гланцање чизма и кондура, за олабавување зарѓан шраф, за изгорено, за зарибан клип, ако те касне змија, ако ти е пукнат нос, ако си настинат или ако те потфати колерата - намачкај се со маста и со ракиичка и наутро си здраф ко` дрен.
Брада е јака ствар. Не за џабе оние четниците, талиалбанци и комити носеле бради. Али бегаат муштерии овие денови, посебно коа муви, пчели и мушички се врткаат околу брадата па затоа мора бричење. Али машко бричење а не пекмезење!

Јака војничка чизма, наслеџе од дедо коа ратувал со немците. Ѕверска ствар. Исто и калубојка е знак на праф маш. Шпиц кондура може за свечани прилики и погреби. Кошула, здрава, од авионско платно, скроена од Кире кројачот, златна рака има. Карирано или маскирно. Има Кире вишак од ЈНА, штоф, коа го ваделе платното од тоа Дакотите, патничките. Панталон може џинс а може и класика, со браник. Каиш - исто традиција од ЈНА шо останало, дедоина. Да се знае.

Гаќи, никакви Спидо или слични педерштини, бело, памучно, со прорез за кур.
Да се разбереме, ова не е мода, ова е евергринт бре. Не постои права жена која нема да се извади од ум на ваква лепота. Еве баш вчера ме пратеше една од железничка накај дома, јас застани таа застани, јас тргни таа тргни. Ќе ја ебеф ама имаф закажано покер со друштво...`

Академикот Г.Н., загрижен што психологот касни на репорт едно добри 47 минути, се упати кон собата во кое се вршеше интервјуто да види за што станува збор. Отварајќи ја вратата неговиот поглед застана кон скршениот череп на психологот и крвавата видео-касета со мистериозна кратенка `К-15`, очигледно извадена од ретро-колекцијата на психологот во шкафот и употребена како смртноносно оружје.

Прозорот беше ширум отворен.
Ни трага ни глас од субјектот Алфа, моќната надеж за репопулација на регионот.
Само бледа трага од лушпи од печени семки се протегаше низ градината, се до оградата.
И по неа...

Wednesday, March 9, 2016

Мистер Антик

(By Roger Mortis, 264/144)
Човек понекогаш не може да се отараси од чувството дека нешто фали во средината позната како Република Хунзистан, некој ентитет кој ќе ја воздигне рајата, кој ќе ги оттргне мислите од доминантната апатија, кој ќе донесе нов елан во младешките умови и конечно ќе ги лансира Хунзите на пат кон галаксиите!

Она што фали е супер-херој.
Да речеме може да се вика Мистер Антик.
А секој супер-херој, барем према класичната американска стриповската и филмска традиција мора да има своја сторија, свој raison d`etre, своја иницијација.
Така и нашиот јунак мора да има свое како, зошто и кога!

Мистер Антик бил роден како Трпе Митрефски во Градско близу Велес а бидејќи неговите родители биле нуклеарни физичари (suspense of disbelief activated) како мал го повеле со себе кога отишле на привремена работа во странство, имено во Пакистан кој во тоа време развивал атомска бомба. (true fact!)
Во нуклеарната лабораторија каде што работеле постоел колега кој потекнувал од Хунза-калашка територија.
Еден ден родителите го донеле малиот Трпе да види каде тоа работат.


Арно ама (plot twist)...колегата Хунза несреќно нагазил на случајно оставена прачка од збогатен ураниум и станал радиоактивен.
Трпе како и сите деца, љубопитен и палав, отрчал во соседниот ходник.
А таму, со раширени џиш зелени очи и разбушавени коса, разјарен и избезумен - се вртел во круг озрачениот Хунза!
Бидувајќи необично агресивен, му се пуштил на Трпета и го УКАСАЛ за раката!
Во тој момент за среќа се појавил еден чувар кој со својот револвер го упукал атомскиот Хунза и Трпе бил спасен.

При враќањето во Градско, (plot thickens) Трпе почнал да осеќа извесни промени во своето тело!
Следно што знаел е дека може да ползи бешумно и да цица ануси без да се отруе. Открил дека поседува неверојатна еластичност на `рбетот и драматичен пад на интелигенцијата. Поими како `морал` и `етика` му предизвикувале нелагодност, истата онаа која Вампир ја чуствува соочен со распетие, библија или лук.
Користејќи ги овие, и неколку други новостекнати супер-моќи, Трпе конечно се претворил во Мистер Антик и тргнал во борба за правдиње!

П.С.
Се надевам дека ДЦ Комикс и Марвел ќе имаат слух за една вакво сценарио од национална важност, сепак се работи за мал, но значаен пазар...

Thursday, March 3, 2016

Фрагментирана убавина

(By Roger Mortis, 263/143)
Од современиот човек се очекува беспоговорна послушност во скоро сите домени од животот, барем оние кои се од есенцијална важност, без разлика за кој аспект станува збор.
Највисок стадиум на таа послушност е онаа која владее во вооружените сили каде што залогот на наредбата на рандом офицер е животот на војникот, или во најдобар случај здравјето.

Таа робовска, добиточна пракса трае од кога постојат војски, но за разлика од порано кога професионалците, наемниците и доброволните паравојски на себе го преземале теретот на умирање за господарот - ерата на нацијата-држава испили чудовиште наречено `мобилизација` каде што постои собирање на целокупното машко население кое арбитрарно се дефинира како воеспособно, од случај до случај од 12 па се до над 70 годишна возраст.
И така, умирањето стана помалку дискриминаторно, во сигурна смрт конечно можеле да бидат праќани милиони.


Отпорот кон оваа монструозна пракса постоел од кога таа е воведена но секогаш бил минимизиран од историјата и изгонет од медиумите. На кратко влетал во западната јавност за време на војната во Виет Нам, медиумски тотално експлоатираниот судир во Индокина.
А тој отпор се нарекувал Фрагинг (Fragging), тешко преводлив збор за кој ако веќе човек се потруди би можел да се преведе нешто како `Го изфрагментира`. Поимот потекнува од експлозијата на фрагментациона рачна бомба, погодно оружје за убивање офицери бидејќи не остава траги и форензиката е немоќна во обидот да го лоцира сторителот.

Како што одминувала војната во Виет Нам така станувало јасно дека професионалците и доброволците нема да бидат доволни за да се скршат Виет Конг или скраја да е Виет Мин и затоа на сцена стапила регрутацијата по пат на лотарија, популарно наречена `Драфт`.
Иако инцидентите со убивање и ранување офицери постоеле од самиот почеток на војната тие биле ретки и не им се придавало внимание, но после започнувањето на Тет офанзивата од страна на Виетнамските сили и одолговлекувањето на војната - ликвидациите на американски офицери од страна на американски војници станале секојдневие.

Може слободно да се каже дека тоа била најчовечната страна на војната. Може да се замисли питомец на Вест Поинт академијата како понесен од воинствен жар и домољубно лудило издава дебилни наредби или се изживува врз регрутираните војници. Но за среќа тука биле рачните бомби кои таквиот офицер го пречекувале ненадејно, на спиење, на јадење, при превоз...а тука биле и оние најинтересните ситуации кога рачна бомба била уфрлувана во тоалетот каде што офицерот серел притоа завршувајќи го животот во неговиот finest hour...


Армијата и Маринците дури започнале со детална статистика од 1969, скоро пет години по почетокот на војната а податоците заклучно со 1972 кажуваат за околу 1200 случаи на Фрагинг при што преку 100 офицери биле пратени во пеколот а преку илјада други за жал преживеале иако биле ранети. Не се знае колку случаи имало до 1969 и во 1973 или пак после `виетнамизацијата` на конфликтот па се до напуштањето на последниот Хјуи од кровот на американската амбасада во Сајгон во 1975...
Воените судови и полиции имале сериозна мака да ги пронајдат и казнат `виновниците` бидејќи никогаш не можело да се каже со сигурност дали експлозијата е дејство на непријателот, несреќен случај или намерен чин. Сепак била тешка фрка наоколу. Затоа се забележани само 74 пресуди кои варирале од условни казни до долгогодишен затвор.

Оваа појава се проширила и на австралискиот контингент и на останатите сили од `коалицијата` иако во пропорционално помали размери. Ионака нискиот борбен морал допрел ново дно...

Ако отпорот кон манијакални злосторници со еполети на рамењата, спремни да пратат во смрт илјадници млади луѓе без да им трепне око може да се перцепира како убавина, тогаш фрлањето на рачна бомба во шатор или кантина каде се мотаат офицери и подофицери претставува нешто велелепно.

Monday, February 15, 2016

Strangely Brown

(By Roger Mortis, 262/142)
Уште една вест од фасцинантната земја Индија го привлече моето внимание, овој пат не станува збор за поединечна бизарност туку за масовна, огромна, толку голема што се наоѓа на работ на веројатноста во оваа, 2016 година.

Не знам дали поимот `дефекација` е погоден за употреба, делува некако стерилно и не ја доловува ситуацијата која владее во Индија. Затоа тука е традиционалниот поим `сере` кој ни носи сосема прецизна информација.

Индија, земја која што е нуклеарна сила, место каде што постои вселенска програма и каде што пловат носачи на авиони - е соочена со срамен и анахрон проблем кој се заканува да ја уништи репутацијата на овој екс-доминион во светски рамки. Ако постои нешто кое што укажува на драстичните разлики помеѓу имиџот кој една нација, држава или култура сака да го промовира и реалноста тогаш тоа е следното...

Жителите на гладната земја Индија серат. Како што серат сите на светот. Но некаде оваа физиолошка потреба повеќе децении па и векови е ограничена со приватноста на тоалетот, ќенефот, ѓеризот, `вецето`. Тешкиот мирис, непокриеноста на гениталиите и хигиенската состојба налагаат целосна изолација на местото предвидено за серење во однос на останатиот дел од живеалиштето.
Освен во Индија. Таму серат и мочаат насекаде. На улица, на автобуска или железничка постојка, на стадион, на сред бел ден, луѓето серат. Настрана мочањето кое и не е некој здравствен ризик, серењето и изложеноста на населението на фекалии кои се разнесуваат насекаде и ја загадуваат храната и водата - биле и сеуште се причина за епидемии, за ретро-болести како Колера, Дезинтерија, Дијареа, Тифус и колонизација на цревата од страна на разни цревни паразити.


Како што проценува весникот `Тајмс оф Индиа`, во оваа земја секојдневно на отворено серат барем 700 милиони жители. Мојот мозок беше фатен неспремен од оваа вест и затоа не можам да ја визуелизирам таа слика каде што стотици милиони луѓе секојдневно ги празнат цревата по улици и сокаци, пред храмови и продавници, во шуми и пустини, по ливади и тротоари...

Дали поради здравствените импликации или поради меѓународниот углед - власта во Индија во соработка со ОН и нејзината програма `Уницеф` се решила да му објави војна на оваа навика!
Во далечната 2014-та година започнала жестока кампања за искоренување на јавното серење преку разни медиумски проекти кои што кај најмладата популација треба да предизвикаат подигање на свеста во поглед на хигиенските навики. Од зрелата и старата популација биле дигнати раце, ионака тешко дека ќе се откажат од славната културна одлика обоена во кафеаво.

На светло на денот излегол серијал цртани филмови кој заедно со серија стрипови, плакати, билборди и специјална видео игра наречена `Тојлет Трек` (!?) односно `Нужнички патеки` ќе треба да ја извади Индија од длабоките гомна, овој пат во буквален смисол.
Цртаните филмови имале свој протагонист кој се викал `Мистер Лу` што значи Господин Ќенеф и свој антагонист, одвратниот негативец `Мистер Пу` (Господин Лајно). Г-динот Лајно во склад со тематиката бил претставен во форма на човеколико лајно кое се движело наоколу и правело проблеми кои потоа морал да ги решава Мистер Пу како лик на јунак (!?)


Иако сето ова делува како заборавен и нецензуриран скеч на Монти Пајтон, сепак се работи за реална ситуација каде што се трошат јавни пари за изработка на цртан лик/стилизирано лајно со име Мистер Пу.
Дали и колку оваа програма ќе ги привлече младите и ќе успее во нивната сеуште неоформена свест да ја втисне улогата на тоалетот, бришењето задник и миењето раце - ќе покаже иднината. Ако се суди според резултатите на купови...хммм...проекти на ОН од минатото, не останува премногу простор за оптимизам. А можеби овој пат ќе настанат промени и во иднина 700-те милиони јавни серачи постепено ќе се свртат кон приватното серење?

До тогаш ќе остане стереотипот за Раџив, исушен хиндустанец кој ако го `притегне` едноставно ќе го симне долниот дел од облеката, ќе клекне и ќе се исере...на улица.

Friday, February 12, 2016

Antarctic mon amour

(By Roger Mortis, 261/141)
Ралф МекБантер ја подигна крагната на својата дебела јакна во обид да се заштити од ветрот.
Шансите да се запали цигара при таков ветар беа еднакви на шансите на Сан Марино да се квалификува на Светско во фудбал. Тоа го нервираше другарот Ралф многу повеќе од брзиот леден ветар кој ги мрзнеше белките во очите...

А времето минуваше бавно, во исчекување на неговата пријателка Фумико Ранташима која требаше да стигне пеш до некогаш напуштената истражувачка станица `Вилкс` на југоисточниот брег на Антарктик. Девојката тргна после кратката радио комуникација кога најави дека ќе стигне за најмногу шест часа бидејќи новата населба не беше премногу оддалечена од првичната локација на која се истоварија, веќе наведената станица `Вилкс`.

Сепак со задоцнување од околу еден час, низ бескрајната белина почна да се наѕира темна прилика која се приближуваше. Тоа беше Фумико.

Наредниот ден, другарката Ранташима и другарот МекБантер удобно седеа на кауч донесен од страна на американската морнарица во уште во педесетитте. Брендито и никотинот служеа за да се разврзат подмрзнатите мозоци, гласни жици и усни. Да се почне разговор.

Муабетот полека но сигурно сам од себе се насочи кон проблемите и дилемите на лицата кои себеси се идентификуваат како aнархисти, на чија идентификација впрочем и опишаните два лика беа дел.

Ралф започна во својот типичен флегматичен стил - `Претерано е...постојат беспотребни поделби на ионака не премногубројните анархисти во светот па и на оние кои за такви се сметаат. Иако живеат и работат под системот кој наводно го мразат, сепак остануваат цел живот робови и слуги на таквиот систем.`


`Биди малку појасен`, прошепоти Фумико.

`Пааа......вака, имаме две основни струи - анархисти и анархисти-после-ручек-пред-дремка-сакам-да-сум-интересен-ќе-фатам-пиче и слични на нив, особи кои никогаш не го надраснале својот адолесцентен период...а изборот е едноставен - или си за или си против системот`.

`Не ти се чини дека тоа е премногу поедноставено гледање на ситуацијата?`, запраша госпоѓицата Ранташима.

`Воопшто не`, одговори МекБантер и продолжи `Знам како се движи насоката на тие размислувања. Ако ѕирнеш во главата на самопрокламиран анархист, ќе ги чуеш следниве мисли - Абе види сега, лом ќе праиме бе само да завршам факс, само да се вработам, само да се оженам или омажам, само да ги израснам деците, само да заработам за станче или куќа, само да се пензионирам...или во превод - ќе останам роб на системот, нема да ја напуштам својата комфорна зона, нема да направам апсолутно ништо во поглед на мојата слобода или слободата на мојата заедница кон која припаѓам по свој избор...и следуваат рационализации од типот -  ама ионака нели треба свееестааааа кај рајата да се зголеми па да дојде до Анархија...има време, за едно 114 века, ние сме само Пророци и служиме како квасец за новата свест. До тогаш ќе слушам панк, ќе читнам малку од Кропоткин и ќе носам чудна фризура...ионака нема да постојам за 114 века.`
 
`Ух, те мразам, Ралф, пријателе мој`, преку насмевка напомена Фумико, `знам дека веројатно си во право но сеуште имам проблем да се прилагодам кон таа реалност`

`И јас те мразам љубов моја, се насмевна МекБантер и продолжи, оставајќи ја својата новостекната пријателка со подотворена уста...`Како што викаат америте, you either sell your ass to the system...or you don`t. Nevermind the anarcho this or anarcho that...И на локално и на глобално ниво нема разлика. Што мислиш од каде сите овие поделби на анархо-ова, анархо-она, мислиш дека тоа доаѓа од некои практични луѓе?
Се` тоа ти е од теоретичари и премногу образувани луѓе кои немаат ништо заедничко со `класите` во чие име наводно говорат, а фабрика виделе само на слика.`

На Фумико пред очи и излезе една непријатна сцена поврзана со прераната смрт на нејзиниот татко кој гордо работел цел живот за една од бројните филијали на филијалите на моќните Заибатсу корпорациски кланови.
Се обиде да ја истера таа сцена од умот...

Но Ралф веќе влезе во ритам - `Со денешново ниво на технички развој и можностите кои скоро секој ги има на дофат, барем во половина од светот е многу поедноставно да се биде надвор од системот отколку некогаш. Но тоа бара привремено лишување од некои од скромните удобности и пред се расчистување со самиот себе, кој си и што си...и колку си искрен во намерите. Луѓето забораваат дека дури фантазираат за тоа како би требало да изгледа Анархијата во 114.век...таму некогаш после паѓањето на системот - дека секој ден го `хранат` тој исти систем кој наводно го мразат.

Има луѓе кои веројатно не слушнале за анархизмот како политичка теорија но кои се сепак анархисти. Таков пример постои меѓу рајата на Бугенвил, еден остров североисточно од Австралија каде Анархијата успеа во пракса.

Повеќе може да се научи за Анархијата од тие едноставни луѓе отколку од целиот опус на Кропоткин на пример. Иако се необразувани, сепак секојдневниот живот и секојдневните потреби развиле кај нив многу способности и квалитети од кои практично може да се научи многу.`

Другарката Ранташима воздивна, се напи од брендито и реши да не го прекинува другарот Ралф кој по се изгледа и` се допаѓаше и надвор од идеолошката колегијалност.


`Искреност во намерите и спремност да се биде надвор од системот или барем ако ништо друго да се елиминира колку што се може повеќе улогата на системот во животот на поединецот. Или на групата.
Личниот пример е најубедлив.
Сувото пропагирање и убедување не вродува со плод, барем не во последниве 200 години.
Рајата не се убедува на тој начин.
Кога рајата ќе види дека се живее добро на тој начин (off the grid) можеби ќе размисли. Барем еден дел од неа.
`Најкратко кажано, оние кои се декларираат за анархисти сакаат да се ебат а да не им влезе, секој ден да го примаат до јајца од системот и да останат - невини...`

Фумико не можеше да да премолчи - `Ралфе, изгледа не си читал многу историја`.

`Не премногу, признавам` одговори Ралф и се надоврза - `Нема такви примери од историјата.
Наводното инфилтрирање во системот како начин за негова промена е само покритие за лицемерието и стравот. Тоа е исто како некој да е спремен да се сунетиса или некоја да и го потсечат клиторисот за да станат муслимани и да го менуваат исламот одвнатре. А се кажуваат дека се - атеисти. Комплетна логичка бесмислица. Тоа е очекувано како што е очекувано и оставање на резервна опција...да се биде спремен кога ќе треба да се плати рата од кредит или да се оди на одмор некаде.`

`Системот е корумпиран, нерационален и нечовечен до крајност.
Секој кој е дел од него е делумно или тотално корумпиран, нерационален и нечовечен.
Или си за или против.`

`Можеби сето тоа е само резултат на недоразбирање`, започна Фумико. `Затоа што анархизмот и Анархијата не се синоними, нешто кое и самите анархисти не го сфаќаат.
Првото е теоретска доктрина и политичка идеологија која кажува за општество без држава, без власт, без наметнат авторитет.
Анархија е состојба на бездржавност, безвластие и немање вертикални авторитети.
Најтажно е што не треба којзнае какви ресурси.
Само искреност и истрајност.`

`Точно, драга моја, искреност`, се замеша Ралф. `Зошто некој кој би работел во системот, кој би ги користел барем оние трошки кои ги добива, сите малечки удобности и предности кои би му ги овозможила `инфилтрацијата` би се откажал од сето тоа...во име на некаков морален принцип?
Посебно ако доаѓа од сиромашна средина и трошките му делуваат како карпите Гибралтарски...или ако оформил семејство...скраја да е, или ако подигнал кредити...има да стане покајник, знаеш, како оние екс-пушачи или екс-ждерачи на месо или екс-припадници на друго племе кои се најгласни во прогонот на довчерашните `колеги`.

`Е тука веројатно би требало да дојде до израз идеализмот`...се насмевна Фумико и благоиронично додаде...`а можеби и Дедо Мраз и Божиќниот зајак...`

`Би требало но идеализмот е голем луксуз`, се уфрли Ралф - `идеализмот те тера да ја пренебрегнеш биолошката природа, да му кажеш збогум на еволутивно вградените механизми. Затоа е толку редок и преставува највисоко ниво на постоење кое еден Хомо-сапиенс-сапиенс може да го достигне ставајќи ги целосно под своја контрола нагоните, инстинктите, стравовите, да престане да биде роб на биологијата. Иако е многу веројатно дека ќе настрада на тој пат. И покрај се`.


Г-ѓица Ранташима го искористи молкот на Ралф и започна - `Никој не сака слобода.
Бидејќи тоа подразбира целосна одговорност кон своите постапки, своите ставови, својот живот и своето опкружување.
Нема на кого да му се `извезе` таа одговорност. А луѓето би дале бубрег, еден тестис или половина матка да можат што повеќе одговорност за своите постапки да извезат надвор, кон надворешен фактор кој ќе го носи нивниот крст, или барем ќе служи како потпора, штаки кои Исус ги немал кога се пентерел накај Голгота.`

И продолжи - `Орвел нешто мрчеше дека слободата е можност да се каже дека два и два се четири, дека се` друго следува природно. Ако тоа го рефлектираме на времето, а бидејќи не се обидувам да продавам оригиналност - ќе кажам дека од време се состои животот. Нема друга мерка за `единица живот` која е толку сеопфатна како времето.
Во тој случај, слободата би можела да се измери преку пресметка колку од 24 часа дневно ни се на располагање на начин на кој самите ние сметаме дека треба да ги трошиме, колку од времето во животот е “наше“ и можеме да го подариме на самите себе и на оние кои нешто ни значат.`

Неколку моменти Ралф и Фумико молчеа, повремено упатувајќи си понекој поглед.

Ралф имајќи во себе нешто повеќе алкохол продолжи - `Сметката беше поразителна. Тоа и беше почетокот на патот кој не донесе до Антарктик. Бидејќи тука нема држави, нема попови и оџи, нема бирократи.`

`Нема и ништо друго` примери Фумико...`освен нашата желба за Анархија. И онаа на нашите истомисленици кои сепак не се малку. Станицата Вилкс веќе се наполни и се проширува секој месец. Сега градиме и нова населба како што знаеш. Треба да дојдеш и да не посетиш наскоро.`

`Секако`, изјави Ралф.
`Морам да ти кажам дека нема да доаѓам само поради населбата, туку повеќе поради тебе`

`Може и така` одговори Фумико, `зошто да не`.
`Знаеш што Ралф, не верувам дека би ми се допаднал толку кога би живееле во Дамфрис или Осака, но ете тука на Антарктик...`

Под сонцето на поларниот ден, истовремената смеа на Ралф и Фумико навестуваше заискрување на емоциите...