Sunday, June 19, 2011

High frequency Tango

(By Roger Mortis, 074/019)
Eнергијата a.k.a фреквенцијата која е основата на материјалниот и нематеријалниот свет..можеби никогаш нема да се објасни за да можеме да ја перцепираме на квантитавивно-материјалистички мерлив начин.
Нормално дека западно-центричниот начин на декодирање на информации бара егзактни вредности за да може да функционира, но тоа е модел како и сите други, со свои големи ограничувања, тргнувајќи од неможноста да ја прифати субјективната слика која зависи од набљудувачот толку колку што и од набљудуваното.

Сега ете се стигна до Хигсовиот бозон како основа на флуктуацијата во јадрото но и тоа не е ни оддалеку конечно, модели веќе има кои и таа честичка ја делат на составни елементи, со што пак се отвара простор за модел каде и составните елементи се делат, и тие шо се делат се делат...имаме ситуација која потсетува на куче кое сака да си ја касне опашката и се врти во круг без да ја дофати...нема крај...

Затоа што едното се содржи во сите и се проектира во сите, како што сите се состојат во едното.
Треба некоја несфатлива парадигма, нешто сосема ново за да може да се “фати“ природата на таа сила во самата суштина, а што веројатно никогаш нема да се случи.
Нема мерлив и квантитативен начин да се долови тоа.
Не барем со декодерот на реалноста кој го имаме на располагање. Познат како мозок. Познат и по тоа што многумина ко користат како украс.




Така да на крајот на приказната како и да се врти човек...we gotta take a leap of faith.
Што и не е толку лошо, не барем по мојата перцепција на реалноста.
Посебно ако се знае каква форма на материјализација понекогаш завзема таа енергија/фреквенција...
Секако, далеку од некакви религии и готови модели на верувања и ритуали...знаете како велат...God save us from religion. Религијата е основната сила со која елитата низ целата позната историја го оддалечува човекот од можноста за свесна ко-креација на реалноста со присилно наметнување догма која бара да се верува во надворешна сила, надворешен страшен авторитет кој казнува, сето тоа со сеење страв и немање доверба, вера, верба со себеси и сомневање во можностите кои се навистина огромни.

Интелектуално, многумина се свесни за тоа.
Но во срцето е тешко да се најде патот кој овозможува ко-креирање на сопствената реалност во согласност со дуалистичката природа на универзумот.
They made is believe in imposed limitations, so we experience those limitations.
Малкумина среќници го надминале тоа и стигнале до за нас незамислива реалност на постоењето.

Три во едно

(By The Marked One, 073/018)
Познато е од термодинамиката дека универзумот е еден систем во кој енергијата е апсолутна. Таа ниту се губи, ниту се создава.
Всушност, можеме да кажеме дека се што не опкружува е всушност енергија која вибрира, бидејки се разбира кога не би постоело тоа навидум хаотично движење на честиците, универзумот би згаснал.

Понатака, ако сте ја читале книгата The Secret, тоа е најпрост начин каде што се опишува материјализацијата, тоест моќта на мислите.
Мислите се импулси, енергија и како такви имаат своја фреквенција.
Сакам да кажам, во даден момент таа енергија станала свесна за себеси, наречи го Бог, како сакаш, сеедно.
Да видиме што се случило тогаш...
Значи во тој даден момент, апсолутноста била повеќе од евидентна, затоа што навистина постоело само Eден, и тоа било се.
И кога таа свест, почнала да се разликува од ништавилото, се добил концепт на двојност.
Тоест, тоа што таа свесност е и не е.




Во истиот момент, знаењето за овие разлики го создава третиот во триото, тоест знаењето е третиот.
Нешто како системот за свето тројство на рисјаните.
Да се навратам на мислите.
Кога таа совест почнала да "создава", не откривала топла вода.
Затоа и Библијата, која е чисто кабалистичко четиво вели дека Елохимите го создале се што е во постоење - по нивни образ.
Значи, сега е јасно дека се што постои е само рефлексија на оваа апсолутност.
Затоа и зборовите на Христос дека царството божјо е во нас.

Да се надоврзам кратко, исто како што ние спознаени со одредените параметри можеме да пресметаме каде точно на својата патека ќе се наоѓа топче кое се движи рамномерно праволиниски, ентитет кој ги познава сите зададени параметри во еден набљудуван систем може лесно да ги пресмета сите можни outcomes во него.

Но тука е и Егото.
Егото е се што те опкружува.
Среќа, љубов...знаете ли зашо сите различно ги толкуваат?
Затоа што Егото ги заслепува.
Све што можеме да перцепираме свесно или несвесно е само рефлексија на тој Апсолут, не е вистина.
Универзумот е изграден од чиста енергија и таа енергија е од исто потекло и тука и на илјада светлосни години од тука.
Не може да засадиме трева и на еден да му никне патлиџан а не друг бостан.

Проблемот на злото

(By Igor, 072/018)
Вољата има корен во егото, егото е лажната слика за себе си - личноста создадена од системот (општеството).
Слободен си да имаш воља, ама колку од таа воља ќе биде реализирана тоа е друго прашање.
Злото се јавува кога две различни "вољи" ќе дојдат во конфликт.
Злото е продукт на умот.
Умот е кондициониран од општеството.
Останува заклучокот дека институциите на системот се криви за злото.
Лекот од овде што произлегува е многу прост.
Бидете над умот (свесен и несвесен). 
Продуктот на оваа ситуација е нeмир и страв, ова продуцира други желби кои продуцираат 
други стравови и така во магичен круг.


Позади вољата постои животна енергија која е двигател на истата.
Оваа животна енергија стои позади се' што e дел од човекот (материјално и нематеријално, видливо и невидливо).
Се нарекува Прана (Чи, Ки, Оргон и т.н.).
Кога се движи низ седумте основни чакри во телото се нарекува кундалини енергија.

Like the empty sky it has no boundaries,
Yet it is right in this place, ever profound and clear.
When you seek to know it, you cannot see it.
You cannot take hold of it,
But you cannot lose it.
In not being able to get it, you get it.
When you are silent, it speaks;
When you speak, it is silent.
The great gate is wide open to bestow alms,
And no crowd is blocking the way
.

Cheng-tao Ke

Неделна вечер

(By Brian, 071/018)

(Расказ без поента)

Неделна вечер со пиво и цигара. Практикување на модерна алхемија. Спој на оган, вода, воздух и земја кои го облагодаруваат петтиот елемент на конзумерот. Подмачкување на квитиненсцијата. За да пишувам вакви безсмислици место да одам да си легнам. За да врежам дискретно некој напукан капилар во мрежата на испукани капилари. Пиво, цигара и слаба светлина од мониторот на лаптопот. Прекрасен начин да се заврши една неделна вечер.
Да имал Шарл лаптоп и тој вака би финализирал неделна вечер. Се разбира, не со срање расказ како што е овој. Ама јас не сум Шарл, што ми дава комодитет во лошиот квалитет на пишаното, ниту пак вие сте Шарл па да ми судите дека овој расказ е срање. 
Оставете ме да пишувам што би рекол Слаткар. Племето негово лицемерно. Доста пивото ми го има подуено мочниот меур па сега и вие фалите да ми вршите притисок. Јас не претпочитам мокрење во креветот, ви кажав уште пред малце – не сум Шарл. Од уста не го извајв господин Бодлер, веројатно ме мисли.


Еве почнува и десното уво да ми жежи шо е јасен показател дека негото пост-мортем битие ме опседнало. Или е тоа, или десниот радијатор е попуштен повеќе од левиот.Туку остајте вие топлификациски проблеми, пелељарата ми го испуши цигарето. Пуста навика. Ама шо да прам, од толку анти-пушачки реклами на човек потсвесно ќе му се одмилат цигарите и ќе ги остава во пепељарата до пола испушени и нормално ќе ги заборави...
Оти пушењето бавно, ама сигурно убива. Како и самиот живот. Што мислевте вие, дека ако не пушите ќе живеете повеќе? Секако дека ќе живеете, ама ќе ви биди ускратено задоволството да пишувате безсмислен разказ на слаба светлина со цигара и пиво и пред вас чадот од цигарата да се извива апстрактни фигури кои на моменти наликуваат на еротски пози од млада девојка, а на моменти на вашата баба од село.
Нели многу пропуштате? Не ми замервајте, Вадор Сал Илад ми го испра мозокот со неговите графики. И многубројните фалуси на нив, суптилно присутни. Секој со потребите и филмовите. Кога сме кај нив, јас ќе повлечам еден длабок дим сега и ќе пивнам од мраз ладното пиво. Да финализирам со алхемијата, пред таа да финализира со мене и да направи Камен на Мудроста.

Кругот на омразата

(By The Marked One, 070/018)
Робовите ќе служат. 
Отсекогаш било така, засекогаш и ќе остане. Додека ја трампате слободата за илузијата на безбедност.
Идиотизам до немајкаде. Не сакате да го согледате проблемот!
Има ли воопшто смисла да го пишувам ова?
Толку многу зло и несреќи, да се падне толку ниско и ништо да не се научи...
Проблемот со вас е што вие ги бркате симптомите. Сите вие, љубители на чмароотечение...



Не гледате подалеку од носот а сакате да го видите цел универзум.
Откријте ја болеста, чумата што лежи во секој од вас, кога ќе престанете да барате виновници насекаде ќе видите дека вината чмае врз вас.
Дури и да се казни убиецот, тоа нема да спречи ништо, утре-друг ден некој друг "спроведувач на законот" ќе го повтори истото.
Замисли, некои семејства се во потера и по крвна одмазда?

И тие не ебааваат жива сила, и тие се закон сами за себе.
И што се случува кога сите го наметнуваме својот закон на туѓи?
Бескраен круг на омраза.
Доволно е.
Сите сте глупи.

Really hip

(By Brian, 069/018)

Оскар Валјд, единствениот геј после Ворхол кој го поштовам има речено: Romance is the privilege of the rich. Not of the unemployed.

E сега малце анализа да биди појасно, со оглед на тоа што романтиката, богатството и неработењето имале поинаква вредност во Викторијанско Ју-Кеј, отколку денес.

Под „романс“ Оскарчо подразбирал боемска декаденција, пушење опиум, генгбенгој во скапи бордели (дури геј генгбенгој имале), пиење до посер, пееле серенади во Ист Лондон....АМА!, луѓето кои си го дозволувале тоа биле богати лордови или буржоазија, што автоматски значело образовани луѓе, првенци во науката и уметноста во златното доба на ЈуКеј, шетани по Индија, Америка, Камерун, Јужен Пацифик. Живееле со три пара на плуќа (полни или празни од опиум). Кога ќе направиш сума на нивните тревезни капацитети со дендизмот (прото-хипстеризам) и боемштината добиваш јак производ.



Се носеле со својот блуз, ова де...валцер!

Е сега оние кои не работеле (што значи немале скршено пени), а ваму сакале да бидат ко оние со кешарац... завршувале мртви во Темза, умирале од венерични болести (посебно сифилис), се предозирвале со лош шит, се поместувале од умот или ги поместувале поради педерлукот, скапувале по затвори поради деструктивно однесување, ја населувале Австралија итн.

Муабетот ми е...за да се носиш со екстремен либерализам требало да имаш газ. Газ си имал ако си имал кеш и/или грб (иначе на шо ќе се лепи газот?). Во денешно време работите се поинакви. Цената на екстремниот либерализам ја плаќаат луѓе од различни социјални слоеви, шетани или не, со грб или без стомак. 

Shuffle време дојде.Сите се аристократи, сите се космополити, уметници и уметнички критичари, снобови, сите можат да се носат со шитовите...да не завлегувам. И така...ќе видиш некои херметички затворени копиљаци (истополови) од Скопје, Битола итн, како се лапаат во паркови и философираат за нивната "длабока и искрена љубов".

Monday, June 13, 2011

Concrete and heads colliding already

(By The Marked One, 068/018)
Текстов го почнувам вака, затоа што инаку не знам како.
Да де...а имам што да кажам. Кул.
Ама, само момент...зошто воопшто да кажам?
Па така де, малку ќе прочитаат, а никој нема да разбере.
Па не ви сече. Знам, едноставно не може човек да ме следи, I was born to be great.

Всушност, на некој начин, сите сме родени со awesomeness-от во себе.
Само што потребно е да станеме свесни за тоа.
Не можеш едноставно да добиеш awesomeness.
Можеш само да го изгубиш, а тоа не се враќа.
Сега е јасно зошто вирее ваква багра.
Но уште некои работи останаа недообјаснети, а битни детали, не би сакал да пропуштам.
Ќе се обидам, на најпрост начин да ви објаснам неколку битни работи, кои можат да ви помогнат да ја исчистите буѓата што ви ја зафатила главоњата.




А сега, вака...
Многу пати сум трубел за индивидуалноста.
Жалам што сте такви тешки дегенерици, што некако колку и да ви зборува човек, колку и да ви објаснува, вие едноставно го одбивате очигледното.
Во светло на скорешните настани каде што згасна еден човечки живот, морам да ги искритикувам масите, кои иако можеби со добра умисла, сепак едноставно - грешат.
Додека вие барате секој посебно, индивидуално да одговара за себеси, некако заборавате дека присилувате некој да одговара пред некого.

Вие драги мои за неполн месец станавте судии.
И фрчат казни, натаму...наваму.
Толку години и сеуште живеете во заблуди.
Илузии на правдина и неправдина.
Добро и Зло.
Ја сфаќате ли Индивидуалноста?!
Очигледно, моите зборови не допреа до вас!
Ви реков :

„Се надевам дека погребот на вашето дете ќе го расцепи бетонот на кој пишува индоктринација.“

Се сеќавате ли на моите зборови глупаци?!
А сега кога се исполнија моите најголеми стравови...што сега?
Мене...гајле ми е.
И онака веќе никому не сум му потребен.

Хипстеризам

(By Brian, 067/018)
Хипстеризмот претставува модерна суб-култура која промовира вредности кои се надвор од меинстрим културата. Хипстерите се (доживуваат како) урбани боеми и интелектуалци со еклектичен вкус и фанатичен индивидуализам со кои ги опфаќаат модата, уметноста (со акцент на инди бендовите), witty хуморот, неконвенционална мудрост, начинот на миење на забите и општо начинот на живот. Кога е во прашање уметноста голем дел од нив активно учествуваат во нејзиното создавање (музика, фотографија, кратки филмови, збирки поезија, колумни во независни медиуми за уметност со мал број на читатели) иако немаат официјално образование за тоа.

Во поглед на стајлингот претпочитаат ретро парчиња под 80-та, но и за репер го земаат стајлингот на метросексуалците и хомосексуалците иако во нивни хипстерски манир го препишуваат на нивната супериорна хипстерска естетика.



Ортодоксните хипстери не се декларираат како такви и немаат потреба од официјални клубови и хипстер-локали, но хип настаните од читање на постмодернистичка поезија до денови на швајцарскиот филм - ги обединуваат. Со цел хипстеризмот да не преминe во отворен снобизам препорачливо е да има помалку од 3 хипстери на 10 метри квадратни.

Хипстеризмот налага енергија, време и пред се материјално покритие, но сепак постојат хипстери кои тегнат третокласен бурбон за кои тврдат дека е подобар од најдобриот, но поради тешката економска состојба на државата од која се увезува (за која се ДЕТАЛНО запознаени) има пониска цена. Во поглед на пушачката навика се шетаат со кутија со тутун, ризли и машинче за виткање. Говорат на урбано есперанто кое е формирано од интелектуални фрази со локален дијалект и фрази од англиско говорно наречје (најчесто стихови од инди рок бендови).

Во кратки црти хипстеризмот и хипстерите се новата димензија на снобовите, елитистите, контињата од 19 век ала Оскар Валјд преточена во модерен социјален хибрид.