(By Roger Mortis, 258/138)
Не е баш најпогодно време за рант ама неможноста за спиење денес си го прави своето и мозокот како и обично надополнува за физичката неактивност во овој период со прекувремена работа, троши калории 24/7 и забегува по некои чудни сокачиња.
Дури би рекол дека научив да се гордеам со содржината на мојот скромен мозок.
И така...слушам секојдневно по медиуми, во муабети со комшии, роџаци и познаници, читам по весници и виртуелни платформи и што ќе чујам и видам - насекаде се вгнездил стравот од Џихадот кој со себе го носеле избеглиците од Левантот.
Сосема природно, како нагонска реакција кога човек се врти по симпатична женска особа - ми доаѓа да ги затепам со чекан, да го сменам името во Пол Пот и да почнам со кампања на револуционерно превоспитување кое ќе се врши по преспанските и овчеполските ниви.
А зошто таков испад на омраза?
Поради тоа што раја не живее во реалност. Пати од колективни стравови, кои во моментов се овие предизвиканите од Џихадот кој ете само што не затропал на врата.
Колку раја настрадала како резултат на џихадизам во Р.Хунзистан и општо на балканот не е познато.
Но сосема е познато колку страдааат од вистинските масовни убијци, канцерогените болести кои што хараат се` повеќе и повеќе, дијабетесот се претвори во нешто што се подразбира во скоро секое семејство, кардиоваскуларните срања косат како и обично, стресот и нервозите поради секојдневието носат огромни жртви, раја би се распаднала тотално ако не се хемикалиите наречени легални дроги кои ги голтаат секојдневно како бомбони, психичките болештини прераснуваат во епидемија, суицидот се стекна со право на државјанство, поради ретардираните навики на благомороничното население во поглед на возење годишно гине раја колку што би гинела при носење на цела бригада на Боко Харам на овие простори, вашиот сонародник, соверец и сограѓанин ви бара да вратите 30 евра на рака од оние 150 што мора ви да ги исплати како минималец, секојдневни понижувања на работно место на кое се гине секојдневно и се останува сакат за цел живот, здравствен систем кој веќе започнува да буди дилеми дали е тука за да спасува или упропастува животи...
Оние пак кои имале несреќа да останат унесреќени поради една или друга причина се социјално изолирани до таа мера што тивко умираат без бучавата на истрелот или без крвави сцени под туш.
Па и оние места кои би требало да претставуваат ретки катчиња на среќа и задоволство, семејството или барем партнерството со особа со која сте емоционални или сексуално ангажирани - се тотален феил во најголем дел на случаи и уште еден гејзер на мизеријата.
И раја се загрижила дека ќе ги убие Џихадот?!
Што значи дека ако популацијата не е до толку одвоена од реалноста и од реалните секојдневни закани по здравје и живот - би се очекувале бомбастични наслови по медиумите од типот - `Срцевите и мозочни удари покосија икс луѓе оваа година!`, `Дијебетесот ве демнее, намалете со внесувањето шеќер!`, `Не ги измачувајте луѓето за кои тврдите дека ги сакате, од тоа произлегува само зло!`, `Нов случај на смрт на градежњак кој паднал од скеле, репортерите се на лице место!`, `Не ја изневерувај својата девојка пошто ќе ја повредиш многу а страдање ионака има за извоз, не вреди тоа` или макар нешто во смисол `Јавна осуда на Трпе Д. поради возење како манијакален имбецил под дејство на алкохол!`.
Не, ништо од тоа нема, има само масовна страв од недефинирана, наводна или тотално измислена опасност. Them Hobgoblins & the menace.
Сите наведени опасности ги има бескрајно помалку во јавниот дискурс од фантомските закани. Муабетите за Сирија, Русија и остали срања далеку ги надминуваат оние муабети за некоја реална опасност од која е многу веројатно дека соговорниците ќе настрадаат во некое дадено време во поблиска или подалечна иднина. Или дека ќе закопаат некој близок поради тоа...
Смешно ми е што сето ова го кажувам, нешто што би требало да е Captain Obvious in all it`s glory, особено како особа која смета дека колективниот идентитет и патриотизмот се ментални болести.
Или сум тотално отиден со умот или мнозинството одамна е забегано по удолница и човек повеќе нема избор и мора да ги трпи нивните ирационални гомнарии кои се очигледен симптом на колективните стравови. Трето нема.
Ама не ќе да сум јас во прашање...
No comments:
Post a Comment