(By Roger Mortis, 260/140)
Старата и веќе помалку излижана од употреба фраза дека Фудбалот бил најважна споредна работа на светот очигледно е резултат на логичка недоследност, но дека фудбалот и неговите фанови знаеле и знаат да предизвикуваат човечки жртви за жал е реалност.
Трагедиите на Хилзборо, во Брадфорд, на Ајброкс, стампедото во Москва, масакрот во Лима, настаните на Хејсел, Бастија, или Максимир па дури и масовната тепачка во Порт Саид се јасен показател за својствата на динамиката на масата, на илјадници припадници на одреден колектив кои во настап на колективна психоза се способни да умрат и да убијат, спремни да тргнат во смртоносен поход кон `непријателот`, за слава на своите господари што понекогаш резултира со тешки последици кои се протегаат со децении.
Но ниту еден инцидент во светот на фудбалот не бил толку сериозен како оној во квалификациите за Светското првенство во Мексико 1970 кога во баражот за пласман од Конкакаф зоната се сретнале централноамериканските `гиганти` Ел Салвадор и Хондурас.
Две латински вукојебини познати по ништо повеќе отколку по светлите традиции на воени хунти, диктатури, земјопоседничка олигархија и маларија биле во лоши односи со години пред бараж мечевите. Оригиналната `банана држава` - Хондурас имал за нијанса поголем животен стандард од оној во Ел Салвадор што било доволна причина за околу 300.000 граѓани на Ел Салвадор да појдат на привремена работа `на црно` во соседната припиздина.
Соочени со растечка непопуларност поради својата инхерентна дебилност, властите во Хондурас морале под итно да најдат `внатрешен непријател` кој ни крив ни должен ќе ги преземе гревовите на локалната власт на себе. А за такво нешто немало подобра опција од илегалните мигранти од соседството.
Пропагандата започнала да ги обвинува салвадорците за сите проблеми во Хондурас, од лошата жетва па се до облачното време - за се` биле криви сезонските работници. They took your jobs. They gonna impregnate your women. They gonna destroy us!
Малку по малку, најниските страсти започнале да се разгоруваат и сцената била подготвена за судар помеѓу...глупавиот и поглупавиот.
Хондурас, сиромашна затуцана фашизоидна држава каде што претседателите се менувале во зависност од расположението на управниот одбор на американската корпорација Јунајтед фрут компани и Ел Салвадор, сиромашна фашизоидна држава со наклоност на властите кон геноцид како пожелна мерка за одржување на социјалното статус-кво.
Првиот меч на 8.Јуни 1969 одигран во Тегусигалпа завршил со минимална победа од 1-0 за Хондурас. Започнале првите тепања на салвадорски мигранти. Реваншот во Светиот Спасител на 15.Јуни завршил со убедливи 3-0 за Ел Салвадор а локалното население во одмазднички занес - тепало па дури и убивало хондурански навивачи...
И како што само судбината знае да биде понекогаш чудна, правилата на ФИФА не биле како оние денешните каде што се смета гол разлика или даден гол во гости - туку морало да се одигра мајсторка, трет меч кој би одлучил за патникот на СП. При денешни правила, Ел Салвадор би отишол поради вкупен скор од 3-1 и никому ништо, немало да има војна и илјадници луѓе не би завршиле мртви или осакатени...
Одлучувачкиот меч се одиграл на неутрален терен, на 26.Јуни во Сиудад де Мехико каде што во драматичен и неизвесен меч кој забегал во продолженија - Ел Салвадор победил со 3-2 и се пласирал на светско. Гневни и разочарани поради сето тоа, фановите на Хондурас својот бес го истуриле врз бројните салвадорските работници низ земјата, започнале тепања, убиства и влечење на мртви тела по правливите улици со автомобили и џипови...
Такво нешто не можело да се толерира дури ни во една болесна земја како Ел Салвадор и наредниот ден власта на Ел Салвадор ги прекинала дипломатските односи со Хондурас. Војната била на прагот.
Припремите на салвадорските сили траеле до 14.Јули. Тие вклучувале поправка и опремување на прастарите авиони подарени од САД како воени вишоци од Втората светска војна, легендарните морнарички ловци Ф4У `Корсер` со своите препознатливи специфични крила, култните П-51 `Мустанг`, безвременските Ц-47 (ДЦ-3) `Дакота`, долговечните АТ-6 `Тексан` и нивите наследници АТ-28 `Тројан`.
Убав збир на познати и признати модели на авиони, но збир кој повеќе би одговарал за една фина музејска поставка, во време кога по светското небо доминирале двојно побрзите од звукот Миражи, Мигови-21 и 23, Ф4 Фантоми и слични бештии опремени со радари, напредна електроника и ракети `воздух-воздух` - употребата на четврт век стари ветерани од битките над Нормандија или Тарава било импровизација предизвикана од немањето средства за купување на фенси опрема.
Воздушните сили на Хондурас биле како огледало на салвадорските, потполно истите типови на авиони па дури и ознаките за национална припадност на крилата предизвикувале забуна бидејќи биле скоро исти...
14.Јуни бил денот кога започнал нападот на салвадорските вооружени сили против `клетиот непријател`. Уште во првите часови на нападот копнената војска успеала да се пробие низ слабата погранична одбрана и до крајот на денот да навлезе преку 50км во Хондурас. Транспортните ДЦ-3 глумејќи бомбардери преку монтирање на посебни рампи за бомби, заштитени од Корсерите - нападнале неколку писти со цел да го уништат хондуранското воздухопловсто со ненадеен удар. Needles to say, they failed. Освен страданието на неколку десетици цивили во поширок радиус околу пистите - успеале да уништат само пар АТ-6 `Тексани` и еден БТ-13 `Валијант` прастар авион за обука.
Наредното утро во акција стапиле и хондураските Корсери чии пилоти во секој случај биле супериорни во споредба со `комшиските`. Како резултат на тоа во наредните денови хондуранската авијација успеала не само да го запре напредувањето на салвадорската армија, да уништи скоро половина од стратешките нафтени резерви на Ел Салвадор, туку и значително да го поправи моралот на своите колеги од пешадијата кои биле склони на бесктво...
Последните воздушни битки исклучиво помеѓу авиони со `клипни` мотори во историјата - заршиле со десетина соборени салвадорски авиони и ниту еден хондурански. Не припомогнале ниту американските платеници кои биле ангажирани од страна на власта во Ел Салвадор бидејќи имале сомнителен обичај да избегнуваат директна борба...
Во бизарен сплет на околности, воздушните олдтајмери спречиле продор на салвадорската армија во Тегисугалпа и го промениле текот на војната, секој еден авион летајќи по три до четири борбени летови на ден и тестирајќи го лимитот на опремата и издржливоста на пилотите...
Борбите продолжиле до 19.Јуни кога под притисок на Организација на американските држави и меѓународната зедница кои вовеле санкции, власта во Ел Салвадор ја прекинала инвазијата и салвадорската армија се повлекла од Хондурас. Иако спорадични престрелки се случувале до почетокот на Септември, тоа бил крај на активните воени дејствија.
Епилогот на фудбалскиот меч кој продолжил со други средства надвор од зелениот терен бил најмалку 2.000 мртви и 5.000 ранети на обете страни, во најголем број хондурански цивили кои загинале при бомбардирања и гранатирања и салвадорски мигранти кои биле убивани како резултат на феноменот `Ако не можеш по магарето удри по самарот`, очигледно популарен и во Централна Америка во тоа време.
Војната оставила нарушени односи меѓу двете заостанати `етнички` групи, национализмот почнал да царува во умовите на сиромашните кампесиноси, седумдесеттите биле време на трка во вооружување меѓу двете страни а при крајот на деценијата започнале и граѓански војни кои ќе однесат повеќе од 300.000 жртви. Ионака слабата економија на Ел Салвадор била уште повеќе погодена поради протерувањето на сезонските мигранти, рапидно зголемените воени трошоци, санкциите и прекинот на трговијата со соседот. Ситуацијата во Хондурас иако за нијанса подобра сепак била на раб на очајот, мнозинството од популацијата подлегнало на црната чума на национализмот, оставајќи простор за тамошните власти уште повеќе да потонат во жестока клептократија на сметка на глупавата раја.
Како жална фуснота останува да се спомене и достигнувањето на репрезентацијата на Ел Салвадор на првенството во Мексико во 1970 за чиј пласман била платена толкава цена. Дали тоа храбрите и пожртвувани салвадорски играчи стигнале до борбата за медали? Дали барем ја поминале групната фаза? Па добро, дали барем освоиле бод?
Немало ништо од тоа, ги загубиле сите три меча без да постигнат гол - на тој начин служејќи за поправање на гол разликата на домаќинот Мексико, СССР и Белгија, конкурентите во нивната група...
На таков антиклимактичен начин бил ставен крај на една мрачна епопеја на поборниците на соголената колективна припадност чии плитки гробови ги краселе влажните шуми во некаква небитна Недојдија...
Tuesday, February 9, 2016
Monday, February 1, 2016
Раџив у раљама наркоманије
(By Roger Mortis, 259/139)
Понекогаш низ лавиринтите на Светската мрежа одникаде изникнуваат информации кои се прекрасни во својата бизарност и комичност. Една таква е предмет на вечерниот бантер...
Не е тајна дека зависниците од наркотици се спремни да одат that extra mile со цел да ја задоволат својата зависност, да ја намалат својата душевна или физичка болка и да си го олеснат постоењето во овој, над се` тажен и суров свет.
Но некои од нив се особено креативни во својата потрага по задоволство. Бидејќи цените на наркотиците и средствата кои ја менуваат перцепцијата се државно заштитени во својата манијакална преценетост (на вечна радост на бројните дилери) - џанакот е жив ѓаол, се снаоѓа како знае и умее а понекогаш и онака како што не знае и не умее.
Една таква екстремна сторија доаѓа од братска Индија, демократијата со најмногу гласачи на планетата, земја на организираниот хаос и претендент да ја симне од тронот НР Кина како територија со најголем број на даночни обврзници во светот.
Во таа Индија, во славниот град Амритсар во сојузната држава Пунџаб, познат по неколку драматични дешавања за време на Британскиот Раџ и центар на бизарната религија на Сикизмот (нешто како сикинскиот Ватикан, `Златниот храм` е сместен таму) - по улица си одел еден наркос...
Тој наркос по име Лал Гиридари, сиот очаен и несреќен поради немање пари да си купи опиум или хашиш или трева - неговите вообичаени дроги, полека запаѓал во лудило, се борел со напади на бунило, со замислен стап ја терал од себе паранојата...
Не знаејќи што да направи to get high, Лал се мислел дали да украде алкохол од некаде или да украде нешто ситно и да го препродаде...кога на еден ѕид пред неговите очи се појавил гуштер кој безгрижно си шетал нагоре-надолу. Лал го следел со поглед гуштерот и бидувајќи необично раздразнет од неговите движења (!?) го фатил со раце, го ставил во устата и почнал да го џвака...
Овој, во својата очајност необично оригинален потег - неочекувано му донел избавение од маките на џаначкиот ветеран, педесет и кусур годишниот господин Гиридари.
Не, не се отрул туку напротив, полека почнал да чувстува необично еуфорично расположение засилено со филинг на среќа и исполнетост. Со еден збор, Лал got high.
Или кажано со зборовите на рандом просечен дебил - `се издрогирал`. Од гуштер...
И така овој скромен екс-возач на Рикша конечно пронашол начин за бесплатен трип. Ако се има во предвид дека гуштерите не биле воопшто ретки во таа област, тоа значело дека Лал имал доживотна залиха за да ги задоволи своите потреби за влегување во алтернативна реалност!
Како што подоцна се испоставило, станувало збор за некое битие наречено `Spiny tailed lizard` кој наводно содржел извесна супстанца во својата кожа која што овозможувала скоро инстантен ефект при нејзино џвакање.
Оваа драматична и во светски размери сосема небитна историја се појавила на светлина на денот низ некои медиуми кога Лал завршил во клиника за одвикнување од зависности како прв случај во светот на лик кој се одвикнува од јадење на - гуштери!
Тоа значи дека овој човек бил карактер особено склон кон зависност, некој кој би станал зависен и од броење на бандери по пат накај својата колиба. А освен тоа, благодарение на оваа вест - низ Пунџаб па и подалеку - малубројна но растечка популација на наркоси се упатила по патот на Лал и почнала да јаде гуштери. Оваа навика била особено популарна во затворите каде што не само гуштери туку и разни змии и други рептили биле на удар на очајните робијаши и нивната насушна потреба за бекство, ако ништо друго барем низ коридорите на мозокот...

Wednesday, January 20, 2016
Колективни стравови
(By Roger Mortis, 258/138)
Не е баш најпогодно време за рант ама неможноста за спиење денес си го прави своето и мозокот како и обично надополнува за физичката неактивност во овој период со прекувремена работа, троши калории 24/7 и забегува по некои чудни сокачиња.
Дури би рекол дека научив да се гордеам со содржината на мојот скромен мозок.
И така...слушам секојдневно по медиуми, во муабети со комшии, роџаци и познаници, читам по весници и виртуелни платформи и што ќе чујам и видам - насекаде се вгнездил стравот од Џихадот кој со себе го носеле избеглиците од Левантот.
Сосема природно, како нагонска реакција кога човек се врти по симпатична женска особа - ми доаѓа да ги затепам со чекан, да го сменам името во Пол Пот и да почнам со кампања на револуционерно превоспитување кое ќе се врши по преспанските и овчеполските ниви.
А зошто таков испад на омраза?
Поради тоа што раја не живее во реалност. Пати од колективни стравови, кои во моментов се овие предизвиканите од Џихадот кој ете само што не затропал на врата.
Колку раја настрадала како резултат на џихадизам во Р.Хунзистан и општо на балканот не е познато.
Но сосема е познато колку страдааат од вистинските масовни убијци, канцерогените болести кои што хараат се` повеќе и повеќе, дијабетесот се претвори во нешто што се подразбира во скоро секое семејство, кардиоваскуларните срања косат како и обично, стресот и нервозите поради секојдневието носат огромни жртви, раја би се распаднала тотално ако не се хемикалиите наречени легални дроги кои ги голтаат секојдневно како бомбони, психичките болештини прераснуваат во епидемија, суицидот се стекна со право на државјанство, поради ретардираните навики на благомороничното население во поглед на возење годишно гине раја колку што би гинела при носење на цела бригада на Боко Харам на овие простори, вашиот сонародник, соверец и сограѓанин ви бара да вратите 30 евра на рака од оние 150 што мора ви да ги исплати како минималец, секојдневни понижувања на работно место на кое се гине секојдневно и се останува сакат за цел живот, здравствен систем кој веќе започнува да буди дилеми дали е тука за да спасува или упропастува животи...
Оние пак кои имале несреќа да останат унесреќени поради една или друга причина се социјално изолирани до таа мера што тивко умираат без бучавата на истрелот или без крвави сцени под туш.
Па и оние места кои би требало да претставуваат ретки катчиња на среќа и задоволство, семејството или барем партнерството со особа со која сте емоционални или сексуално ангажирани - се тотален феил во најголем дел на случаи и уште еден гејзер на мизеријата.
И раја се загрижила дека ќе ги убие Џихадот?!
Што значи дека ако популацијата не е до толку одвоена од реалноста и од реалните секојдневни закани по здравје и живот - би се очекувале бомбастични наслови по медиумите од типот - `Срцевите и мозочни удари покосија икс луѓе оваа година!`, `Дијебетесот ве демнее, намалете со внесувањето шеќер!`, `Не ги измачувајте луѓето за кои тврдите дека ги сакате, од тоа произлегува само зло!`, `Нов случај на смрт на градежњак кој паднал од скеле, репортерите се на лице место!`, `Не ја изневерувај својата девојка пошто ќе ја повредиш многу а страдање ионака има за извоз, не вреди тоа` или макар нешто во смисол `Јавна осуда на Трпе Д. поради возење како манијакален имбецил под дејство на алкохол!`.
Не, ништо од тоа нема, има само масовна страв од недефинирана, наводна или тотално измислена опасност. Them Hobgoblins & the menace.
Сите наведени опасности ги има бескрајно помалку во јавниот дискурс од фантомските закани. Муабетите за Сирија, Русија и остали срања далеку ги надминуваат оние муабети за некоја реална опасност од која е многу веројатно дека соговорниците ќе настрадаат во некое дадено време во поблиска или подалечна иднина. Или дека ќе закопаат некој близок поради тоа...
Смешно ми е што сето ова го кажувам, нешто што би требало да е Captain Obvious in all it`s glory, особено како особа која смета дека колективниот идентитет и патриотизмот се ментални болести.
Или сум тотално отиден со умот или мнозинството одамна е забегано по удолница и човек повеќе нема избор и мора да ги трпи нивните ирационални гомнарии кои се очигледен симптом на колективните стравови. Трето нема.
Ама не ќе да сум јас во прашање...

Tuesday, January 19, 2016
Мојсеј и големата тајна
(By Roger Mortis, 257/137)
Злото знае да се инкарнира во многу форми, но arguably една од најжестоките е формата на организираната религија, поточно формата на монотеизмот. Бидејќи сите ствари на светот си имаат почеток и крај, почеток има и монотеизмот. А крај?
Којзнае...
Каде започнал тој гаден феномен, во чија глава првично се зацртала една таква идеја, или уште поважно, кој бил тој што прв ја пренел идејата од својата глава врз реалноста, можеби несвесен каква зло ќе ослободи и ќе го зацрни човештвото?
Според многу извори, монотеистичките (Аврамови) религии влечат корени од стариот Египет а трагата води до фараонот Аменофис IV (подоцна самиот се ребрендирал во Акенатон - Светиот дух Атонов, бидејќи Атон = сончевиот диск).
Старите историчари Мането, Страбон, Тацит и Лисимах пишуваат за Мојсеј како за египјанин.
Библијата (Излез) не негира дека Мојсеј (или Мозес, неговото египетско име на грчки) бил во Египет, и тоа е спакувано во некаква прикаска дека како бебе на робови бил посвоен од египетска принцеза(!?). За да бебе од некојси роб да стигне до фараонски престолонаследник во тоа време...тоа делува малку натегнато, или подобро речено - невозможно.
Тука е и химната Атонова, многу слична со извесни старозаветните писанија...
Освен тоа, на кој јазик воопшто се запишани Десетте заповеди?
На кој тоа јазик Јахве му ги пратил заповедите на Мојсеј?
Заповедите, сами по себе сомнително слични на оние кои веќе постоеле во Египетската книга на мртвите...
Во тоа време немало хебрејско писмо, а единствено писмо на кое Мозес можел да чита и пишува било египетското/хиероглифите. Сказните за `Палео-хебрејски` се појавиле многу подоцна, колку да се каже нешто.
Зошто на `избраниот народ` Јахве би им ја пратил својата објава на - странски јазик и странско писмо!?
Историјата, барем према чичко Волтер е консензус на прифатени прикаски. Една таква прикаска оди вака :
Си бил еден египетски фараон по име Аменофис IV. Делувал чудно, како трансџендер особа со језива долгнавеста глава. И покрај тоа имал ненормално секси сопруга. Не за џабе бил фараон. Нему едно време му се јавила генијална мисла како поефикасно да ги контролира своите поданици и да го прошири влијанието надвор од Египет. И си ја измислил фараонот првата монотеистичка религија...И се преименувал во Акенатон. И си изградил нов град посветен на новиот ред наречен Амарна. Еден од врховните свештеници на таа нова религија бил некој тип по име Мозес. Арно ама на рајата и на старото свештенсто Амоново, оваа нова вера им се видела како многу еретична.
И се собрале луѓе на чело со Генерал Хоремхеб и решиле да го соборат фараонот.
И го собориле, при што Акенатон избегал во непознат правец, наводно кон Синај и езерото Тимаш од каде за некое време почнале да еманираат прикаските наречени `Егзодус`.
Акенатон избегал што избегал но го оставил тронот на својот син Тутанкатон, за секој случај.
Хоремхеб немал премногу доверба во синот на манијакот, сметал дека е многу истеран на татка си и наредил да му ја разбијат главата со чекан. И биднало така. И наредил да се ликвидираат сите свештеници на новата вера и да се уништат сите нивни храмови и името Атоново да се избрише засекогаш. Поради реставрацијата на старата многубожечка религија, Тутанкатон е познат како Тутанкамон, према врховното божанство на стариот поредок - Амон-Ра. Хоремхеб самиот си седнал на тронот и се посветил на санирање на последиците од владеењето на Акенатон.
И се` ќе било добро ако меѓу ретките кои ја избегнале осветата на Хоремхеб не бил еден од врховните свештеници Атонови - Мозес. Меѓу широките народни маси познат како Мојсеј. Тој го продолжил ширењето на новата религија на неговиот ментор меѓу припадниците на јадните и бедни пустинско-номадски племиња подоцна познати под заенички именител - Јудејци. Заедно со Арон, неговиот брат и сестра си Мирјам.
Останатото е како што велат, историја...
Мојсеј, Исус, Мухамед, разни други религии и секти кои се базираат на Аврам и Моше ја продолжуваат мисијата на својот основач Акенатон?
Мојсеј како избеган свештеник Атонов (за што сепак постојат некакви тенки историски основи) е тој кој ги поведува евреите да бегаат низ пустината и им ја дава објавата божја (Јахве) која ја добил на четириесеттиот ден на планината Синај (заповедите) за после тоа ренегатот да стане централна фигура старозаветна.
Врската се прекинува некаде помеѓу богот Јахве и богот на сончевиот диск (Атон) кој е сличен како многу други богови на сонца и сончеви дискови пред него, со таа разлика што е прогласен за еден, единствен и вистински.
Принципот е ист, богот вулкански меѓу евреите само го заменува она кое што преставувал богот на сончевиот диск во Амарна.
Не можат да се исклучат ниту врските, влијанијата и плагијатите од многу други политеистички религии.
Митраизмот, Зороастризмот и Сумерската религија (Тамуз, Семирамида, Нимрод) сите влијаеле врз новата пустинска религија на евреите.
Интересно но една теорија за `фузијата` на двете божанства неочекувано доаѓа од Зигмунд Фројд кој тврдел дека Мојсеј настрадал во пресметка меѓу разните кланови кои се бореле за превласт и дека Јахве подоцна бил придодаден на Атон поради влијанието на кланот кој преовладал во сударот а кој си имал свое локално божанство а.к.а Јахве. Подоцна наводно рајата Израилска се покајала поради ликвидацијата на Мојсеј, еден од ретките писмени и мудри луѓе меѓу сиротите и примитивни јудејци од тоа време - и така чувството на вина и исчекувањето на Спасител кој во името Мошево ќе ги спаси евреите од внатрешните и надворешните демони и стравови си пронашле свој пат во историјата и си создале мост преку кој подоцна рисјаните и поданциите на култот на Покорението (исламот) - ќе го премостат времето и просторот и ќе го прошират низ светот злото кое изникнало во Амарна.
Мојсеј ако ништо друго бил генијален психолог и манипулатор со масите, очигледно ја знаел `тајната`, убедувајќи ги луѓето во една мала група безначајни пустински племиња каде што се затекнал по бегството - дека се нешто посебни, дека светот не може без нив, дека се специјално под заштита на единствениот Бог Акенатонов.
Дека се избрани.
Дека секој еден од нив лично има договор со Него (креаторот на универзумот) симболизиран преку староегипетската навика на создавање прстен преку сечење на кожата која ја штити главата на пенисот (да, и таа бизарна појава не е изворно исламска или еврејска).
Никој друг него тие и само тие. And it worked. Истото безначајно племе издржало многу прогони под убедувањето дека се нешто посебно, избрани за некоја виша цел, law of attraction, автосугестија, наречето го како сакате, не е важно, таа група на племиња поминала долг пат се до денес кога постои и еврејска држава чија власт е склона на Апартхејд, акумулирање на огромна моќ во светски рамки во раце на некои поединци - членови на таа религија но и значаен придонес кон светската наука и уметност.
А почнле како загубени во пустината, гладни, жедни и очајни...the Jews did it.
Romans later tried it and failed.

Затоа што ја разводниле идејата дека само една група може да е избрана и се обиделе `договорот` на Бог да го пренесат низ Империјата преку идејата дека важи за цело човештво, преку компилација на разни прикаски со Јешуа кој дошол на светот да ја објави таа нова вистина, тој нов ревидиран `договор`.
А ако се сите избрани - тогаш се губи вредноста на посебноста и сето тоа ја нема силата на убедувањето и верувањето кое постои ако е ограничено на една мала, засебна група која може да се доживува себеси за `избрана`, во еден свет во кој би биле само безначајно бројчано малцинство...како што нели и доликува на некои кои би биле...`избрани`...

Tuesday, January 12, 2016
Утринска војна
(By Roger Mortis, 256/136)
Војната е можеби најгрозниот феномен произлезен во долгите еони на човеково битисување. За да почетокот на овој бантер не испадне несолена шега во стилот `госпоѓо Кенеди, ако за момент го оставиме настрана атентатот, кажете ни како ви се допадна парадата во Далас` - би се осврнал на нешто повеќе од ламентирање околу човечките страдања и материјалните загуби како нешто кое се подразбира при секој еден бантер на тема Војна.
Значи ако баш мораме да ги оставиме наведените зла настрана - повторно ќе дојдеме до погорниот заклучок дека војната е тотално срање бидејќи е најголем трошач на ресурси, ја мобилизира цела економија за крајно деструктивни цели, ја цица до даска целата енергија на популацијата и остава опашки кои се влечат до Судниот ден а можеби и некое време потоа...
Но има и онакви војни кои ако се оди според логиката на `бирање на помало зло` - човек би ги посакал, дури и би бил среќен доколку на животната траекторија мора да прејде преку војна а таа војна е иста или слична со Англо-Занзибарската војна од 1896. Поточно од Август 1896. Уште поточно од 27-ми Август 1896. А најточно од 09:00 до 09:45 утрото според Источноафриканската временска зона.
На прв поглед шега која не изобилува со хумор - сепак таква војна која траела 45 минути се случила и претставува бизарен историски факт. Како и фактот за постоењето на држава на истоимениот остров со име Занзибар. Или фактот што таа држава со големина на шоља за кафе била исправена пред најголемата Империја која човештвото имало несреќа да ја доживее - Британската Империја на кралицата Викторија од Хановер спрема која империите на наводниот бисексуалец од Пела, крајно напалениот монголски Кан, корзиканскиот кепец или монотестикуларниот носител на смешен брк од Браунау на Ин - делуваат смешно и јадно.
И како е можно такво нешто како војна за времетрање кое едвај е доволно за да човек испочитува шоља со кафе, колаче со Марципан и квалитетен Вириџија тутун?
Наоѓајќи се на релативно значајно стратегиско место со поглед кон конкурентната Империја во зародиш, онаа на Хоенцолерните и нивната Тангањика (Германска Источна Африка) - британската империјална власт немала ништо против овој остров да си остане независен се` додека Султанот доаѓа во британскиот конзулат во Градот на камењата на бацување рака и длабоко и понизно поклонение.
После смртта на последниот Султан кој бил доволно рационален да се поклони онолку колку што ќе побараат од него, неговиот наследник наречен Халид бин-Баргаш немал таква намера, што поради наследно лудило, што поради искривена перцепција за храброст (а можеби бил само `фатен` во половината) и по стапувањето на тронот на 25-ти Август 1896 тој го прекршил договорот према кој секој Султан кога стапува на престолот мора да се поклони на британскиот конзул и да го извести за своите намери.
Обземен од грандоманија, бин-Баргаш одлучил да се бори!
Наредниот ден телеграфот донел ултиматум од 24 часа после чие истекување на сцена би стапила британската Кралска морнарица, во тоа време појака од било кои две морнарици во светот - сметани заедно.
Со што би можел Занзибар да се брани? Дали тоа поседувал некакви супер-оружја, дали на своја страна лудиот Султан бин-Баргаш можел да ги повика натприродните Демони на осветата?
За да се спротистави на таа суперсила, Занзибарската флота имала една стара Фрегата (во време кога фрегатите со комбиниран погон на пареа и едра биле веќе реликт на некои одамна минати времиња) која се викала Глазгов (!?), можеби поради тоа што Султанот бил фан на Селтик а можеби дури и на Ренџерс иако се сомневам во тоа. Освен како воен брод - таа служела и како јахта за потребите на размазените владетели на овој мал остров.
Од другите бродови тука бил еден трговски пароброд за долга океанска пловидба (Њанза), два трговски параброда за долга крајбрежна пловидба (Сордсмен и Акола) и три мали параброда за крајбрежна пловидба (Киха, Есплоратер и Барава). Нивната намена била да се бават со трговија а за потребите на војната биле крајно оскудно преуредени со т.н. помошни крстосувачи со ставање на еден до два топа, евентуален митралез и пар пешадиски водови со пушки на нив.
Пешадијата можела да смета на околу 3.000 војници, мешавина од професионални султанови гардисти, понекој вистински и многу самонаречени офицери, граѓани-доброволци кои веднаш се пријавиле за одбрана на својата си држава а `кремот` на оваа армија биле околу 700 Аскари, одлично подготвени африканци во колонијална служба на разните империи.
Артилеријата покрај двата модерни топа во калибар 75мм, подароци од страна на комшискиот владетел, германскиот Кајзер и десетина прастари топови од Наполеонско доба со ѓулиња и црн барут поседувала и барем еден 9-цевен Гетлинг (тоа се оние чудесии кои пукаат со помош на вртење на курбла) и 6 модерни Максим митралези кои можеби биле највредниот инвентар во оваа скромна војска.
Британците реагирале скоро лаконски, собирајќи ги најблиските бродови во околните води кои имале доволна брзина за да стигнат навреме да го енфорсираат ултиматумот предводени од супер-модерниот оклопен крстосувач Сент Џорџ од 7.500 тони - кој сам по себе бил неспоредливо посилен од целиот занзибарски арсенал.
Ад-хок составената флотила содржела и два лесни крстосувачи (Ракун и Филомел) и два слупа (мал брод за колонијална патрола), Траш и Спероу.
На нив и на неколку трговски брода се наоѓале и десантните сили со околу 1.100 војници од кои 900 Аскари и 200 припадници на морнаричката пешадија (познати и како `маринци`).
Ултиматумот истекувал утрото на 27.08.1896 во 09.00 и затоа новата занзибарска власт имала потполно незаборавни 24 часа во кои се обиделе да издејствуваат признавање од странските сили, брзајќи од конзулат до конзулат- биле одбивани и од американците и од германците и од португалците...што значи дека мора да имале луда ноќ во исчекување на британската реакција. Султанот, охрабрен од гласовите во главата, воопшто не одговорил на ултиматумот...
А реакцијата била жестока и брутална, на самата минута на истекување на рокот - британските бродови отвориле оган кон султановата палата, пристаништето и занзибарските бродови, истовремено истоварувајќи ги десантните сили кои се упатиле да го заштитат својот конзулат, царинските објекти (!?) и разни клучни точки низ градот.
Наидувајќи на спорадичен и крајно неефикасен отпор тие ги постигнале своите цели за триесетина минути. Комичната занзибарска артилерија се обидела да ги гаѓа британските бродови од брегот пред да биде уништена од релативно прецизниот оган на противникот.
Поморската `битка` била најинтересниот момент, фрегатата Глазгов отворила оган врз Сент Џорџ во момент на неочекувана храброст. Првиот плотун на британците бил доволен за дрвениот Глазгов да биде потопен а после дваесетина минути на плиткото дно пред пристаништето се нашле сите преостанати занзибарски бродови. Сцена за паметење било пукањето на занзибраски морнари со пушки кон челичните британски бродови...
Меѓувремено палатата била претворена во руина, `домашните` Аскари немоќни против `странските` во последниот обид за одбрана а пристигнале и маринците подржувани од бродска артилерија бидејќи британските бродови веќе се укотвиле во пристаништето...и лагодно, како на вежба ги гаѓале противничките пешадинци.
На улиците се појавило и засилување од една чета со 150 Сики, брадати носители на турбани и професионални војници кои биле последен чин кој довел до безусловна капитулација на занзибарските сили во 09.45 часот.
Султанот чија вистинска природа на обична кукавица очекувано изронила на површина - преплашен и хистеричен избегал со педесетина гардисти во германскиот конзулат. Британците барале екстрадиција но таа била одбиена поради високата самодоверба на германските чиновници и поради пркосење на својот колонијален ривал. Среќна околност која го спасила султанот од судбината на Џулијан Асанж било тоа што конзулатот се наоѓал на самиот брег а водата била доволно длабока за да дозволи впловување на поголем брод, во случајот германскиот лесен крстосувач `Зеадлер` кој го натоварил султанот со бегалската свита и пред носот на британската флота го одвел во Дар ес-Салам.
Сепак британците како особени злопамтила се присетиле на овој лик при падот на колонијата во нивни раце за време на Големата војна во 1916. кога Халид бин-Баргаш бил затворен а подоцна ја имал сомнителната чест да биде протеран на островот Света Елена, последното уточиште на веќе споменатиот корзикански кепец.
На негово место бил поставен неговиот роднина Хамуд бин-Мохамед, халал-Султан, скроен према потребите на британските интереси.
Тоа биле тие драматични 45 минути кои завршиле со антиклимакс и без херојска последна одбрана на својата си света земја од страна на ментално нестабилниот владетел.
Секако најкратка војна во познатата историја, овој настан ќе остане повеќе познат од многу поголеми и крајно крвави конфликти поради својата бизарност и невообичаеност и поради погодноста да се најде на разни Топ Тен листи и рубрики за историски куриозитети.
Она што нема да биде запаметено е дека 45-минутната потрага по слава на една дебиласта власт чинела 540 мртви, ранети и исчезнати особи, сите славни занзибарски синови, доволно неуки да го положат својот живот за...што? Па за ништо, фала на прашањето. Како и милиони други лица низ светот.
Британските загуби биле - еден ранет морнар...

Sunday, January 10, 2016
Ресен, град бесен!
(By Roger Mortis, 255/135)
Мора да се признае дека содржините кои се бават со општина Ресен се крајно ретки и оскудни низ медиумскиот простор во Република Хунзистан што лично сметам дека е скандалозно и недопустливо за едно сериозно општество!
За да се направи првиот чекор кон исправување на тој пропуст, спремен сум да дадам свој скромен придонес преку овој блог-пост...
Ресен е град од некои 9.000 жители и се наоѓа во областа Преспа, точно на патот Битола-Охрид, таман онаму каде што завршува калдрмата од стариот коловоз и почнува асфалтот. Не се знае многу за ова населено место освен што се шпекулира дека во околијата растат јаболка и дека во непосредна близина се наоѓа некакво езеро.
Основачите на Ресен по се` изгледа не биле баш најбистри луѓе бидејќи не го основале градот на брегот туку во сред пустелија.
Патувањто Охрид-Битола (и обратно) носи своја неизбежност а тоа е поминувањето низ Ресен. Освен ако не се оди преку Галичица, само што тој пат зимно време е повеќе погоден за обука на Камикази отколку за нормален сообраќај. Не би се заколнал дека планинскиот пат го прави влегувањето во Ресен непотребно, само давам претпоставка базирана на дамнешни сеќавања...
Во Ресен освен луѓе и домашни миленичиња има и инсекти.
По улиците се движат автомобили, камиони и автобуси, најчесто на четири тркала.
Автомобилите имаат жмигавци а регистарските таблички - броеви.
Можно е да се забележи и по некој мопед и скутер.
Навечер се палат градските ламби по улиците и се забележува чад од оџаците на куќите. Куќите имаат врати, прозорци и дрва за огрев по дворовите.
Најпознат објект е Палатата на бегот која што делува бизарно во самиот град, како некој да ја кат-пејстирал од некаде во некоја нова, неприродна средина.
Имам слушнато дека порано правеле убави чоколади во Ресен, а најпознат продукт кој излегол од таму е култната Ресана (Ресен=Ресана, i got it...), сендвич-кекс од тесто и желе со микроскопски слој на чоколадо.
Не знам каков ноќен живот има во Ресен, кои се местата во кои се забавува младината и што нуди овој град за своите жители од аспект на работа, кариери, здравство, литература, спорт, гламур...бидејќи никогаш не сум имал прилика физички да стапнам таму, секогаш сум бил присутен само преку прозорецот на автобус или автомобил и тоа никогаш повеќе од пет до десет минути што ќе се согласите е прекратко за стекнување со едно ново искуство, макар и во град кој не ветува многу во поглед на нови искуства позначајни од слушање на статика на ТВ...
Во чест на ова населено место кое ужива полу-митски статус, следи и соодветна поетска творба :
Ода за Ресен
Ресен е град бесен
посебно во касна есен
Ресен е град тесен
и животот таму не е лесен
Во Ресен се пече леб месен
и се води живот чесен
Ресен е град бесен
особено во касна есен...

Friday, January 8, 2016
Милитаризам
(By Roger Mortis, 254/134)
Одејќи по сокачето кое водеше кон селската задруга равногорскиот син и истријански зет Звонимир Рантовиќ зачу нешто кое оние пооптимистичните би го дефинирале како потпевнување. Моменталниот репертоар гласеше `Иф ју њууу Пеги Су тралалала лав ју ту мај Пегииии, оу Пеги Сууууу` а исполнител беше Енди Бантер, некогашен резидент на Брајтон а денес локално признат авторитет во областа на воената тактика и глобалната стратегија, повремен металостругар во цивилниот живот.
Сместувајќи се неудобно во расклиманите столици пред масата и не очекувајќи услуга од келнерот за кој се пронесоа гласини дека веќе попримил спиритуална форма, двајцата познаници и потенцијални побратими сами си наточија од Антифризот, разблажен со вода и за некои тринаесет минути веќе беа на патот на анализа на најновите светски милитаристички трендови преку евоцирање на дамнешни спомени.
`И така ти викам, Ирак беше голема светска сила, според некои четврта најсилна армија во светот...` започна Звоне.
`Како да не, четврта сила, глупости` се вмеша Енди.
`Не мораш да ми веруваш, во остатоците на библиотеката можеш да најдеш издание на Џејнс дифенс ривју и да ги видиш цифрите. Тие го потврдуваат она за што зборувам`, возврати Звонимир.
`Па тогаш...како е можно толку бројна армија да се распадне како кула од карти за толку кратко време?`, запраша Енди.
`Тоа е поради парадоксот, пријателе. Постои парадокс, може да се и слаби и јаки во исто време. Дозволи ми да појаснам во што е разликата. Ирак без сомнение беше голема конвенционална воена сила.
Само што кога дојде до судар, ирачката армија беше згазена за пар недели, а тешките загуби на коалицијата и новата марионетска ирачка власт не дојдоа во 2003 при инвазијата и сударот со четвртата армија на светот, туку дојдоа подоцна, при средбата со ороман-тороман, куцо и сакато, младо и старо, герилски амалгам во кој имало се` и сешто, најмалку конвенционална логика.
Сличен случај беше и со онаа...Северна Кореја. И тие имаа огромна, масивна, дебела и мрсна конвенционална армија која би била феноменална во 1959 година да речеме.
Во двата случаи имаше нешто заедничко, а тоа беше брзата пропаст на конвенционалната северна армија за време на Втората Корејска војна. И во 1991 и во 2003, регуларната ирачка армија, една од најбројните во светот - доживеа дебакл од неверојатни размери. Сите најави за долг отпор, тајни оружја и супер-специјални единици се распрснаа како меур од сапуница.
Не се ни знае колку ирачки регрути загинаа во 1991, планини од лешеви и уништена опрема, бесцелно жртвување млади животи долж целата линија на секојдневно флуидната линија на фронтот.
Слично сценарио се случи и во 2021, во војната на корејскиот полуостров. Во 2003, ирачката авијација не ни полета. Одбија воопшто да се жртвуваат, поучени од смртта на многу колеги во 1991. Исто како и во случајот на СР Југославија во 1999 кога пилотите на МиГ-21 и Орао не ни полетуваа, освен неколку инцидентни случаи, оние кои се бореа беа на МиГ-29 кој теоретски требаше да е доволно модерен за отпор...but then...it wasn`t.
Што е до некаде и добро, тоа кажува дек има се` помалку будали на светов, ликови кои би се жртвувале во огнена топка на небото.
А што да се каже за оние јадни момци кои страдаа во застарените алуминиумски канти од советско и кинеско потекло во 2021. Има некоја сентиментална црта во тој чин, млад пилот како полетува во МиГ-19 да се пресмета со јужњачки Ф-15К, нешто како слеп и наглув монголоид кој полека се качува во ринг против Мајк Тајсон...` се залета во монолог Звонко, очигледно загреан од антифризот.
`Ако некој неинформиран те слуша ќе си помисли дека силите на Алијансата си поминале како на пикник за време на таа војна`, го прекина мистер Бантер својот соговорник.
`Па добро сега, не е баш дека...`, се обиде да реплицира Звонимир.
Но попусто, бидејќи Ендру веќе фаќаше ритам.
И продолжи : `Сојузниците имаа три варијанти, да ја заобиколат Демилитаризираната зона по 38-та паралела со помош на поморски десанти подржувани од воздух, втората беше нуклеарната опција а третата беше пробој преку ДМЗ.
`Првата варијанта не само што не е можна туку и би била самоубиствена, затоа што и покрај релативно брзото уништување на северната авијација, морнарица и оклопни сили, самата операција на истоварување на огромен број војници на непријателскиот брег и обид за воспоставување на мостобран би донела неприфатливо многу жртви дури и за милитаристичка култура како онаа која беше доминантна во САД.
Третата опција, настапување преку ДМЗ претходено од стварање на `дупка` во одбрамбената линија па и можен продор кон внатрешноста е нешто кое дури ни комбинираната американско-јужнокорејска армија не би била во можност да го оствари без непрегледни потоци од транспортни Ц-130 кои ќе полетуваат од Сувон или Инчон кон САД полни со лимени сандаци. And they look bad on TV.
Пред се` затоа што С.Кореја не е Ирак по два основи, рељефот (теренот) и немањето можност за генерирање внатрешна `петта колона` како што беше случај со Ирак (Курди, Шиа, разни опортунисти, племенски раздори). А тоа би ги лишило америте од големи предности кои ги уживаа во Ирак.
Сличноста беше во бројот на жители и во воената опрема (иако Ирак имаше и понешто западен хардвер).
Затоа во главите на воените стратези од Пентагон се јави четврта опција, слична на онаа од 1999 и нападите на СРЈ кога авијацијата и морнарицата требаше да бидат одлучувачки фактор.
И откога Томахавките, ласерски и џи-пи-ес наведуваните бомби, Мавериците, бункер бустерите, Аваксите, Сајдвајндерите и останатата високотехнолошка опрема сериозно ја `омекна` регуларната бољшевичка династичка армија до тој степен што таа почна да се распаѓа и со тоа овозможи брз десант на северниот брег од страна на Алијансата - следеше формирање на герила и на сцена стапија старите добри, досадни, лесни за употреба и смртноносни АК, ПКС, Драгунов, РПК, ИЕД и редица други нискотехнолошки оружја кои од Сомалија наваму (најшокантен пример Хезболах vs. Израел 2006) навестуваа нова парадигма во војувањето која беше на пат да направи револуција, нови тактички системи кои донесоа сериозно изненадување.
Тогаш, изненадувањето беше двојно, новиот систем значеше враќање назад во технолошка смисла, а тоа беше резултат на немањето ефикасна стратегија за анти-герилска војна (каунтер-инсурџенси) бидејќи половина век западните стратези беа опседнати со можниот советски продор низ преминот Фулда и непрегледните маси советски тенкови на пат за Ла Манш, што тогаш нормално имало смисла и им донело голем успех при водењето на конвенционалните прокси војни.
Технологијата стана преуспешна за конвенционална војна и преголем фејл за асиметричен судар. А преголемото потпирање врз висока технологија значеше смрт за илјадници прашинари.
Не дека тоа не им беше јасно на америте, но развивањето на анти-герилска технологија би носело неспоредливо помал профит на воено-индустрискиот комплекс во споредба со фурањето на конвенционална опрема. 250 милиони долари за парче Ф-35, сериозно? А прашинарите Хенк од Алабама и Хозе од Ново Мексико ионака беа expendable, so no problem there...`
`Потполно си во право Енди`, тивко призна г-дин Рантовиќ.
И се надоврза : `Можеби требаше да играат на сигурно. Органичени дејства врз стратешки цели и после неколку недели или месеци `пумпање` да следуваше пуштање од ланец на кучињата на пропагандата - слики на полумртвиот CNN од некакви рушевини за кои ќе се тврди дека се северњачки нуклеарни постројки, `заканата` е елиминирана и светот е повторно сигурен за демокраЦките вредности, сето тоа спакувано со соодветна фразеологија и иконографија.
Доказ за `варварските комунистички ѕверства` и онака немаше да мора да се фабрикуваат, мноштвото руини во сосема доволно блискиот за северњачка тешка артилерија Сеул, лешевите на цивили, лоботомијата, домољубието и повторната победа на капитализмот ќе добиеја нов фикс.`
`А толку многу сакав да го посетам Сеул додека сеуште постоеше` тивко рече Енди...
`Јас пак имав план да уплатам аранжман за посета на Пјонгjанг, отсекогаш ме привлекувале морбидно егзотични места. Но што е тука е...последно што слушнав е дека сега на тоа место имало непрегледни пасишта по кои паселе крда диви говеда, често гонети од мутирани Тигри.`, спомена Звоне.
`Ех...јас и ти сме тешки идиоти, другар.` констатираше Енди.
`Знам` потврди Звонимир.
`Небаре нашево место е нешто подобро од Сеул или Пјонгјанг. Додуша доживеа помалку Мегатони отколку некои други места, но сепак е далеку од магнет за туристи...`
`Туристи...` се поднасмевна Мр.Бантер, `одамна не сум го чул тој збор...и веројатно нема да го слушнам уште долго време. Можеби некои наши потомци ќе го воведат повторно во употреба ако преживеат. Ако успеат...ако...бљјдихфудгос`, бидна прекинат Енди на среде реченица од жестоко повраќање.
Звоне нагонски го сврте погледот кој лутајќи си најде фокус кога се загледа во искинатиот рекламен постер кој некогаш повикувал на кариера во некаква армија...

Subscribe to:
Posts (Atom)