(By Roger Mortis, 108/025)
Има една ситуација кај значаен дел од луѓето која е нешто посебно и на која не се обрнало должното внимание.
А тоа е дека состојбата на мизерија и несреќа сама по себе им дава дополнителна содржина, и покрај декларативните заложби au contraire, во нивните глави барем. Оваа состојба најчесто е изразена преку тенденцијата да почнуваат или ако веќе се да останат во врска или брак кој може да се карактеризира како генератор на несреќа и страв.
Додадете тука и работно место, образовна установа или било кој вид позиција и комплетната слика се појавува на површина.
Why, oh, why all that bewilderment...
Бидејќи евентуална среќна и хармонична врска/брак би ја елиминирала „вредноста„ на повеќето од социјалните содржини со кои се бават. На поголемиот дел од перцепцијата за самите себеси. На fiat currency backup.
Веројатно секојдневната комуникација со другарки, другари, пријатели и познаници, реални и виртуелни, реални и виртуелни родители и роднини е таква да среќата никогаш не доаѓа на дневен ред.
А освен тоа, среќата ги дразни наведените лица. Многу повеќе од раскрвавен хемороид.
Не, среќата во ниедна комбинација не носи соодветен фидбек. Потребата од утеха? It`s a winner. Иако не се вика утеха никогаш, не се лажете да ги именувате работите онакви какви што се. Тоа ви е пат во еден правец кон изолација. Pulling the chain on those oh so powerful emotions? Chasing the rainbow round the corner?
Има секако мали разлики меѓу машката и женската верзија на оваа чудна ситуација, но разликите и не се така големи.
Се муабети надолго и широко како партнерот не чини, ваков е или онаков, ѓубре и стока, но ете...има светло на крајот на тунелот, се собира колективен совет на несреќна раја, другарките/другарите се осеќаат “потребни“ и “корисни“. Тешење, давање упатства...а после шестото пиво или седмата вотка се доаѓа до легендарните зборови “Па и не е толкав/а говедо...уствари и не е лош/а...има златно срце...ме сака“.
Бројот на врски кои завршиле егзекутирани од “добронамерноста“ на другари, другарки, пријатели, родители, родбина и останати ликови е неверојатен. Бенефитот е взаемен секако, reverse engineered мутуалистичка концепција без падобран, услугата се враќа со услуга кога мизеријата ќе го промени лицето, но не и содржината.
Но оние “советуваните“ во никој случај не се жртви. The good old compliance.
Но не е само тоа. Тука е и целата слика за самите себе, надвор од перцепцијата на најблиската околина со која се во секојдневна интеракција, алтер-егото, Понциевата шема. Being different you know. Original. Something else. Dancing counter-clockwise on a clockwise path.
Прашањето е колку е некој различен ако резултатите се секогаш исти со оние кај 999 од 1000 луѓе.
Vast, overwhelming majority of people don`t want to be happy. It takes all their projected values down the drain. So the only way to make a lasting relationship is to act in a way that makes them miserable.
If you are up to it and enjoy that.
If you are not...
Ask your self how fast can you run.
Give us derivatives, entertain us, bring us Pot.
Pol that is, not Mary Jane.
No comments:
Post a Comment