(By The Marked One, 099/020)
Се губам.
Онака, досадно ми е, тонам.
Дали сеуште сум пиреј?
Дали сеуште и пркосам на горчината на животот?
Веќе не можам ни да го потврдам моето проклето постоење.
Ме преклопи лавината медиокритет.
Станав еден од нив.
Мал, неважен робот, слуга на новото време.
Срцето и умот ги заменив со машини.
Крварам киселина, плукам цијанид.
Коските пак ги обложив со титаниум, се заштитив од секаков удар.
Мртов, без емоции чекорам по трнливиот пат на судбината.
Но не боли, челична маса ја замени мојата кревка кожа.
Се самоуништив обидувајки да се спасам.
Човек?
Не!
Нешто помалку...
No comments:
Post a Comment