(By The Marked One, 098/020)
Пролетен самрак.
Небото е облеано во крваво црвенило.
Сонцето полека се губи зад хоризонтот.
Стојам простум на прашливиот пат.
Стојам свенато,
гледам кон крстопатот
и размислувам.
Се двоумам.
Ниту патоказ, ниту знак.
Каде е сега мојот Вергилиј?
Беспомошен сум.
Загубен на патот кон ветената земја.
Оставен на милост и немилост на ѕверот наречен време.
Мојата авантура се претвори во кошмар.
Ја загубив битката со реалноста.
Засекогаш се откажувам од надеж.
No comments:
Post a Comment