Tuesday, November 29, 2011

My own personal Jesus

(By Igor, 110/026)
Исус едноставно Е, а тоа што е, нема врска со мене...во однос
на тоа што бил ЗА мене.
Евангелијата се можеби преправани. А и да не се, не ги пишал Тој.
А и да ги пишал пак немаше да знам. Oсвен ако не поразговарам со него нема да знам кој бил.

Можам само да ги делам истите спознавања со него.
Или евентуално од некој (некои) други кои ги напишале евангелијата...а богами и апокрифите.
Oд тука доаѓаат сите мои цитати од евангелијата.

Во моето срце од друга страна секогаш ќе има посебно место, затоа што во моментите кога сум мислел дека "не сум од оваа планета"  бил првиот кај кого сум нашол сличности. Можеби имало влијанија, не било предмет на медитација и контемплација...како и да е.


Неговата моќ од друга страна да ги менува луѓето на подобро е мистерија, вербата во него кај многу христијани е благотворна.
Би го спомнал неговиот баланс помеѓу силите на "доброто" и "злото", кој е од неверојатно значење за човековото постоење на планетава. За овие неколку работи сум сведок лично, а колку се лажам тоа времето ќе покаже. Како и да е, претставува дел од перцепцијата која секогаш е дисторзирана, кога "погледот" ти е накај "надвор".

Така да доаѓаме до моментот кога ќе "заклучам"
дека не знам кој бил....a и не би можел да знам.
Барем сега за сега.
За да знаеш некого, истиот треба да ти даде дозвола прво, после следува се друго.

No comments:

Post a Comment