Friday, November 4, 2011

Бинарно лудило

(By Igor, 085/019)
Има два вида на лудило.
Едното е колективно, а другото индивидуално.
Карактеристично за колективното лудило е што е состојба на свеста на нивото на умот.
Индивидуалното лудило е под нивото на умот.
Просечниот народ (стадото овци) се карактеризира со колективно лудило.
Од време на време во најразлични ситуации, како нервоза, пијанство и слично доаѓа до појак израз.

Ама сепак се нормализираат работите, и колективната хипноза продолжува да си функционира без значајни проблеми. Лошо е (демек првото, колективното, не било лошо) да си во вторава група.
Да не разглабаме што е и како е лудилото, побитно е да се каже која е нормалната состојба на човекот, разјадена од секојдневното перење мозоци.


Има најразлични типови на перење мозоци.
Во зависност од начинот на кој се одвива индоктринацијата.
Колку што пиштолите и пушките на ТВ немаат влијание на децава толку и протенстанските родители немаат влијание на своите деца...а да не зборувам за образованието, на нив им е дадена целосна подршка.
Така да "ебење" во мозок е широк поим, и има најразлични нивоа на спроведување.

Потребната состојба е свеста да биде над умот...но како тоа да се постигне?
Дехипноза е правиот одговор на ова прашање.

No comments:

Post a Comment