Friday, March 16, 2012

Контемплацијата, едукацијата и слични ноќни мори на новите генерации

(By The Marked One, 129/031)
Се наоѓаме во ситуација за која само најгнасниот речник на некој носач на јаглен, кочијаш или шофер во шпедиција би бил погоден доколку би сакале истата да ја опишеме.
Последиците на една болест, која е неспоредливо поодвратна од вирус кој го претвора вашиот дигестивен тракт во материјалот кој го експортира до ректумот, допрва ќе ги почувствуваме на своја кожа, јас лично сум згрозен од симптоматските последици на она што го предвидов пред неколку години.

Се наоѓам во Скопје, одбивен воздух, мирисот на неморал, беспрекорност на грешките во образованието и непокорна глупост ги исполнува моите и така веќе разорени гради, вбризгувајќи ми чувство на прекуноќно застоен секрет во грлото.
Силно чувство на одвратност ме обзема и се чувствувам како некој да ми заглавил прст во грлово, надевајќи се дека ќе повратам. Го поддржувам, доколку асфиксирам од повраќаницата.
Веќе сме на штрек, со гради кои скоро да напукнале од нетрпение, трепериме во исчекување на веста за првата смрт на 12 годишник, претепан во автобус додека се враќал сам накај дома бидејќи останал да ја поправи тазе единицата по Географија.

Кутриот, го нападнале дивите орди како што милуваат телевизиите да ги нарекуваат и решиле дека неговото постоење, наводно дефинирано на толку многу начини како религија и националност, атрибути со кои се здобил по случајност, се разликува од нивното, треба да биде помножено со нула.
Кој е па тој сега, да има различно мислење, став и верување?
Крв треба да падне! Нели?
И ви велам, не се тие виновни.


Целата вина паѓа на истите тие кои овие дрва ги наводнувале со лоши или никакви информации. Дивите орди се диви затоа што тоа е единствениот начин на кој тие и можат да битисуваат во општествово ни насушно.
Високо Образованите Личности (В.О.Л.-овите) кои успеаа така читко и ефикасно да дефецираат врз нашава и така нестабилна иднина сега ќе ги решаваат проблемите кои патем тие ги создадоа?!
Навистина, а потоа ќе мастурбираме на истите, ќе ги обожуваме нивните плакати проаѓајќи покрај плеховите на Железничка.

Истите тие кои ни ги клесаат надгробните плочи и секојдневно пишуваат епитаф на рационалниот и инквизитивен став на младите.
Не може да се одржи соживотот кој не постои. Што фајде од малтерот кога наместо цигли имаш весници?!
Истите тие ликови кои се колнат во Бог или некоја друга фигура од бајките дека “работат на тоа да се превентираат нередите низ градот” заборавија да напоменат дека воведоа фаличен систем кој требаше да помогне воопшто да не дојде до тие нереди.
Сега, генерација по генерација младите се адаптираат на lazy thinking, ги пијат дркотините на група квази авторитети и уживаат додека нивните лаги ги стимулираат нивните центри за задоволство.

Воопшто не ни помислуваат на либерација од доктрините.
Причинско-последично имаме натепани деца и баби по темните напуштени улички.
И кој е крив?
Па, ние.

No comments:

Post a Comment