Tuesday, March 20, 2012

LTBS (Long-term brain spasm)

(By The Marked One, 130/031)
Ритчето измет кое денес модерните религиозни иституции ни го продаваат и бескрајно трагикомичните последици од спроведувањето на писмото на истите. Како да не ги сакаш? Како да не ги мразиш?
Како добра комедија која те боде во его. Како одвратен хорор кој едвај чекаш да заврши.

Сеуште контемплирам околу целата конфузија која ми ја креира неможноста да го разберам слепилото кое од никаде го индуцираат малигните клетки на овие институции.
Накалемени во општеството како антагонистот во Alien, ја цицаат рационалната мисла и ја импозираат својата доктрина, маргинализирајќи го секој обид да се секуларизира истото.


Две карти, страв од знаење и страв поради незнаење веројатно отсекогаш играле клучна улога при креирање на превез за одредена целна група на луѓе, барем кога станува збор за акумулирање на материјални средства на грбот на истата, истовремено умствено поробувајќи ги нејзините идеи притоа заменувајќи ги со ветер и магла.
Шематизацијата, повторно и повторно се реализира во бескраен континуум, единствено генерирајќи уште причини за младиот необразован човек насилно да ја импозира пресно наметнатата идеологија врз своите врсници, кои нажалост, ја немале среќата да му дојдат во пресрет на неговиот замислен пријател, ниту пак се во посед на огнено оружје во моментот.

Едноставно прашање, “Дали мојот замислен пријател е и твој замислен пријател?” е тенкото парче стакло меѓу вас и 11 милиметарскиот куршум кој е на траекторија кон вашата слепоочница.

Синото или црвеното, во секој случај болат.

No comments:

Post a Comment