Кој ги издигнува политичарите?
Ние.
А ние сме влезени во магичен круг, единствениот спас е да се рече стоп. Само што е потребна дехипноза на народот, бидејќи рајата од поодамна е во хипнотички транс. И "итрите" политичари и "простиот народ" се дел од играта. И проститутките и светците, и сите други спротивности во кои едните се демек горе а другите долу.
Снобизмот е директна последица од години и години перење на мозок. Тоа се програми кои се комбинација на непосредно наметнати "програмирања" или како реакција на истите. Слободна воља кај луѓето не постои, се се тоа патерни на однесување. Се е влезено во магичниот круг во кој некој друг ги диктира правилата. На прв поглед тоа е државата, но ако се запрашаме кој е мотивот зад сето тоа?
Дали можеби позади системот постои некоја интелигенција која го створила всушност?
Eве еден симбол на Византија.
Во едната рака двоглавото орле држи меч (симболизирајќи ја државата), а во другата е црквата (крстот). Над тие две е круната која ги контролира и обете. Се живо на овој свет работи за интересите на "круната".
Често она кое луѓето го посочуваат е само мал дел и не може да се третира изолирано од сите други програми. Во основа државата го стимулира егото, можеби од таму треба да се почне. Можеби кога би дознале за својата вистинска природа луѓето ќе појдат по правиот пат.
Гледам и се чудам дали е тоа можно...најлесен начин е да го снема апаратот за контрола и манипулација на народот, а тоа е државата. После многу години (генерации) на луѓе можеби ќе се стабилизира животот на планетава. Кога би се просветлиле луѓето, кога би дознале за својата природа животот на земјава ќе стане како во замислениот рај.
The truth is outside of all fixed patterns.
No comments:
Post a Comment