Sunday, October 18, 2015

Неутронска бомба? Bitch please!

(By Roger Mortis, 234/114)
Одамна изветреаната хипи-парола `водете љубов а не војна` е толку passe што не верувам дека би ја употребил ниту најголемиот хипстер на светот. Но идејата позади паролата се појавила на кратко во Пентагон of all places во времето кога стариот лош Советски Сојуз отишол на буништето на историјата а новата Баба Рога во вид на исламски манијаци кои вребаат од пештери сеуште не била родена.

Работејќи на проекти за т.н. `Несмртноносни оружја`, тим на научници од лабораторијата Рајт на американското воено воздухопловство дошле на идеја да ги `попедерчат` своите евентуални воени противници. Во 1994 се појавил предлог-проект за бомба која наместо експлозив ќе содржи хемиски агенс. И тоа не традиционалните Фозген, Сарин или Иперит туку специфичен феромон, доволно силен за да предизвика истополови нагони низ контаминираното подрачје.

Идејата била дека противникот и не мора да се убие, распарчи, искасапи или измачува - поедноставно е да страдаат чмаровите на непријателскиот аскер или герила, при тоа не добивајќи само ректални болки туку предизвикувајќи згрозување и осуда кај домицилната раја во однос на своите војници кои одненадеж започнале наместо да полнат Хаубица со граната - да полнат анус со сперма, што по себе би донело и срозавање на борбениот дух и морал.
Посебно во традиционални, патријархални или затуцани средини во какви Пентагон обожува да интервенира.


Имагинацијата е немоќна да ги долови сцените кои би се случувале низ улиците на Фалуџа, Кандахар или Басра а можеби и Техеран или Каракас - во случај овој проект да бил реализиран и ставен во борбена употреба, како оружје за масовно истополово силување. Забрадени мажи кои се бркаат наоколу со ерекции, општ хаос и лудило, морален шок, женски клетви...и сето тоа ставено на Јутјуб и засилено со саундтракот од Бени Хил...

Проблемот со оваа бомба која требало да биде исфрлана од Б-52, ФБ-111, Б-1 или Ф-15 над непријателот било во тоа што тајмингот на Пентагон не бил баш најдобар, средината на деведесеттите била време на почетокот на ескалацијата на политичката коректност и период на сериозен геј-активизам. Во 1994 се појавил и филмот `Филаделфија` кој бил пресвртница за медиумското портретирање на лицата со алтернативни сексуални наклоности. А против Холивуд понекогаш е немоќен и самиот Пентагон.

Така овој бизарен проект не се реализирал (барем не официјално) иако биле побарани 7,5 милиони долари за негова иницијација од страна на тимот, со што Геј-бомбата заминала да членува во една долга и комична категорија на неверојатни нереализирани проекти за оружја - заедно со експлозивните стаорци, носачите на авиони градени од мраз и пилевина, тајните агенти-делфини, плановите за библиски сцени со наезда на инсекти над непријателска територија, противоклопните песови и `Стратешката одбрамбена иницијатива` а.к.а. `Ѕвездената војна` најскапиот флоп во историјата на американските вооружени сили.

No comments:

Post a Comment