Tuesday, October 13, 2015

Превенција

(By Roger Mortis, 233/113)
Пред неколку години, сосема тивко и на маргините на медиумското известување - беа објавени резултатите од неколку медицински истражувања кои потенцијално се едни од најважните откритија ever.
Иако истражувањата се сеуште во почетна фаза, импликациите на можното рано откривање на психопатијата каја се појавува кај мал процент на популацијата - би биле неверојатни. Колку идни политичари, турбокапиталисти, бирократи, верски лидери, тешки криминалци, сериски убијци и слични лица би биле навремено спречени во својот злосторнички поход ако се знае дека се психопати уште од млада возраст?

Секако за релевантноста при една претпоставена социолошка анализа на влијанието на психопатијата врз пошироката заедница би требало да се скенира мозокот на репрезентативен број на примероци на горенаведените лица. Пример, влада на одредена земја или управен одбор на корпорација. Што нема да се случи никогаш, бидејќи природно, психопатите не би се согласиле да бидат скенирани...but there`s a start.
А можеби би се пронашла и причината, џенетик трејт или што и да е што предизвикува раѓање на особи делумно или целосно лишени од можност за емпатија. И евентуално, тоа да се третира.

Можностите за заштита на човештвото од делувањето на психопатите треба да имаат приоритет.
Забраната за вршење јавна функција би бил прв чекор за лицата кои би биле идентификувани како психопати. Засилено набљудување и контрола на нивните активности исто така би бил одличен потег.
Во крајна линија, може да се постројат пред ѕид и да се стрелаат.
Во спротивно ќе страдаат милиони луѓе, а други милиони ќе живеат во пекол преку `увезената` социопатија која покрај психопатијата, како што изгледа - е најзначајна карактеристика која овозможува искачување на општествената скала.


Сето ова е само добро познатата стара дилема експлоатирана во некои филмови каде некој лик се враќа во 1889 за да го убие бејби Адолф, менувајќи ја историјата на подобро...само што во светло на наведените откритија, временската машина станува застарена (there`s a pun there, somewhere) и наместо неа во игра стапува скенер со можност за мапирање на мозокот преку магнетна резонанца. Ставање на РФИД чип во телото на откриените психопати и нивно следење низ животот би било од голема корист.
Секако, можноста за грешка никогаш не може да се исклучи потполно. Но со развојот на технологијата и можната превенција - се отвора прилика за спас, за опстанок, за поголем квалитет во животот на милијарди луѓе и драстично намалување на проблемите со кои се соочува светот денес.

Етички импликации?
Дали е стигматизирањето на мал процент деца како психопати проблематично?
Можеби. Но тие деца ќе пораснат во монструми кои ќе ограбуваат, убиваат, силуваат, држат проповеди, масакрираат, јадат фекалии на говорниците на разни парламенти...

Повеќе информации на следните линкови :
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/19252152
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC2794920/
http://www.dailyrecord.co.uk/news/health/future-psychopaths-can-identified-children-1866106
http://www.huffingtonpost.com/2013/05/02/psychopathic-children_n_3201957.html

No comments:

Post a Comment