(By Roger Mortis, 235/115)
Си биле двајца добри другари, едниот потомок на стара пруска (не е грешка, не е руска ами пруска) офицерска фамилија а другиот нималку среќна комбинација на ќерка од стара лоза на грузински кондураџии и непознат руски поет.
Friedrich von Ranter и Зураб Бантерович Дураков обожуваа да седат пред кооперација, да потпивнуваат Етанол, да мезат посебна со растителен и да ги третираат актуелните проблеми кои го тормозат напатениот свет на модерната уметност.
- `Ти какав дека постмодернизмот е одамна мртов, само што сеуште постои во форма на Зомби кое мумлајќи и тетеравејќи се` се обидува да ги исцица последните финансиски сокови до кои може да дојде.` - започна да преде Фриц.
- `И сам знаеш дека Писоарот на Дишамп имал зошто, а бидејќи имал зошто имал и затоа. Но сите тие стотици подоцнежни `протестни` дела немале повеќе смисла. Дефлорирањето се случува еднаш. Мондријан и Пикасо. Да, ок. They did their bit, they raised few eyebrows. Но подоцна по нив се зашлепаа илјадници молери.` - продолжи Фриц.
-` Не биди сенилен, драг мој Фридрих, познато е дека протестот не мора да биде само против уметничката или критичката конвенција, уметноста отсекогаш била политички ангажирана...` - го прекина Зураб.
-`Не си во право Зурабе, како да зи заглавил во шеесеттите, остави ги тие приказни за уметноста како протестна форма против војни, несреќи и неправди, секој молер може својот анти-талент да го прикрива со изјави за наводна симболика на наводното уметничко дело кое го склепал за половина ден`...инсистираше Фридрих. И продолжи :
Dada имала причина зошто, Dada имала знаење и како, денешните `инсталации и ивенти` каде некој дебил кој го јава бранот подигнат од страна на `стручната` уметничка јавност која делегира консензус што е тоа уметност...`
-`Повторно претеруваш пријателе, тоа алкохолот зборува низ тебе` - дрзок беше Зураб...
А господинот Фон Рантер не обзирнувајќи се на прекините си продолжи :
-`Јасно ми е, изложуваат мртва кокошка врз пластична столица и некој им соопштува дека тоа е уметничко дело. Силување на перцепцијата каде надлежен авторитет му кажува на публиката што треба да види и какво значење треба да најде во мртвата кокошка hence стварајќи деривативна вредност онаму каде реална вредност не постои. Потоа следат пари, понекогаш многу пари...`
Зураб, очигледно вознемирен, извика - `Тоа е само твојата ригидна пруска перцепција која рационализира и игла и локомотива, која бара логика и во Пикасо и во Кандински...`
Фриц сиот зацрвенет и со пригушен глас прошепоти - `Зурабе Бантеровичу, јас би...би ги убил сите нив!`
Зураб реши да се прави дека не ја чул последната забелешка на својот другар и се обиде да го насочи муабетот кон некоја побезбедна патека.
-`Треба да се спомене и применетиот дизајн, индустрискиот дизајн пред се` кој во ерата на Машината знаел да изнедри дела кои се потполно функционални а кои зрачат со експресија на своето време, својот креатор and beyond. Уметноста едноставно се побратими со Машината бидејќи и машините треба некој да ги купува...` мудруваше Зураб.
-`Моежби сепак Beauty is in the eye of the beholder, како што тврдат англичаните` - рече Фриц.
-`Не би рекол, има надлежни кои ќе кажат што е уметност а што не` - возврати господинот Дураков.
-`Грешиш` - рече Фриц. `Можеби ќе ти делувам досадњикаво но надвор од консензусот кој средината, или тие твои `надлежни` фактори го имаат за тоа што е уметност, уметност нема. Е сега цртале и пештерските луѓе, животињи, лов и риболов, некои нивни психоделии и слично, освен тоа баш е интересно да се напомене - по пештерските слики нема војни и убивање луѓе, ликовниот израз кој глорифицира битки, освојувања, кралеви и цареви доаѓа подоцна со појавата на државата и организираните религии и затоа...`
-`Затоа, што?` праша Зураб.
-`Експресијата е најважна, наивен мој, секогаш и секаде, не` уметноста за која некој `надлежен` ќе каже дали постои или не, туку експресијата на оригиналниот дестилат на било каква содржина која минува низ казанот на уметникот. Always was, always will be.` - се осврна Фридрих. И подолжи - `Да појаснам, некој настан, некоја дразба, некаков мотив се вовлекол во главата на непознатиот сликар од камено време и дестилиран преку неговата лична перцепција - се манифестира во вид на негова лична експресија со сликарската техника која му била на располагање. Fast forward few dozens of millennia и сеуште го имаме истото, секако во ново пакување.`
- `А каде е убавината во тие твои теории` - лукаво се присети Дураков.
- `Убавината...може да ја има но и не мора.` одговори Фон Рантер. `Пример, мојот земјак, Каспар Давид Фридрих - ја насликал `Бродоломот на надежта`, слика инспирирана од којзнае кој по ред трагичен обид да се преплови Северозападниот премин и крајот на еден британски брод кој совладан од мразот отишол да се поздрави со Davy Jones, damned be his eyes.
Дали сликата е убава?
Што има убаво во куп мраз и брод кој тоне? Ништо.
Или аналогна на оваа, нејзината современичка `Сплавот на Медуза` од Жерико.
Па и неговите слики на лудаци кои му позирале во лудницата, пошто немал кинта за да плаќа модели.
Нема убавина, но има драматика, има замрзнување на еден момент кој не може да го долови никаква фотографија, има симболика и има емоција. А пред се, како што реков, експресија. Во случајов ужасот на безнадежноста на едно од најбезнадежните места во светот, покрај нашава кооперација - а тоа е Арктикот.
So, is that picture beautiful? Not really. I`d say it is majestic.`
- `Знам, знам, отсекогаш си ги презирал класичарите и пост-модернистите, ми имаш зборувано за тоа барем во девет наврати` - се лутеше Зураб.
Но Фриц сепак си продолжи - `Нормално, значајно е и времето. Сите оние портрети од разни дами од времето на класицизмот на кои воздивнувале а богами и се палеле генерации мажи од тоа време, денес делуваат комично. Не дека тоа им одзема нешто од техничкото совршенство при самата изведба на сликата...но некаква бледа, амебовидна, често дебела или грда особа а сепак тогашен секс-симбол. Убавина. Во тоа време. Денес...никој не би ни погледнал некоја таква два пати - ако не мора.
Друго што е сакам да ти кажам е што и нашата перцепција е презаситена со слики. Телевизија, нет, списанија, билборди...агресивно и беспоштедно се удира по личната перцепција на поединецот. Imagewise, толеранцијата е на највисоко ниво во историјата. Мува не не` лази. Ни требаат се` појаки дразби. Така што шокот и нелагодноста која некој би ја осетил гледајќи ја Каспаровата слика во 1820-те, денес нема да предизвика ништо...which is kinda sad...`
- `Да, за последново сосема се согласувам. Но сега барем има надеж, после све што се случи последниве години...` - тивко се обрати Зураб.
- `Хммм...би сакал да верувам дека си во право. А можеби и си во право. Можеби има надеж. Можеби некои наши правнуци повторно ќе се одушевуваат од некоја сосема нова форма на уметност` - резигнирано процеди Фридрих. `Туку дај престани да си играш со тоа Гајгеровиот бројач Зурабе, страшно ме иритира звукот, знам дека местово е толку озрачено што ноќе сигурно сјае во дреч зелена, да беше жив некој постмодернист ќе беше многу среќен со една таква глетка, имаше да направи инсталација од кооперацијава`.
Зураб се насмевна на последната досетка на својот пријател. `Во ред Фриц, време е да си одиме од овде, дојади ја посебната, јас да го допијам ова што остана од Етанолот, мојот стомак вари све, немам проблеми јас со тоа, сум ти кажувал што се` немал пиено татко ми?`
За кратко време, двајцата другари се оддалечија од кооперацијата која остана да зјае празна...
No comments:
Post a Comment