Tuesday, June 30, 2015

Now you see it...

(By Roger Mortis, 186/66)
Исчезнувањата отсекогаш биле безвременски феномен, ако може така да се каже, бидејќи колку и да постои убеденост и консензус дека се случило најлошото - секогаш останува надежта дека некаде таму, некако, некои...успеале да ја измамат смртта, what`s more, дека можеби и живеат подобро отколку пред исчезнувањето, разблажена верзија на митовите за задгробна егзистенција во која за жал, веруваат премногу луѓе на кои предгробната егзистенција им носи само мизерија.

Боинг Б-707 во карго верзија на бразилската компанија Вариг полетал од Токио за Рио на 30.1.1979 со шест члена на екипажот и без патници.
Комуникацијата со контролата на летот била нормална, временските услови ок, немало ништо особено...за да половина час после полетувањето нагло се прекине сета комуникација, што всушност бил и последниот контакт на пилотите со оваа димензија. Постојат сличности со случајот на Малезискиот авион од минатата година само што тука имало и други фактори во игра.
Истрагата за брзо време навлегла во слепа улица а подоцна било издадено соопштение дека се работи за декомпресија во кабината - без да се има никаков доказ, тотално ништо со што би било поткрепено таквото тврдење.


Факторот што неофицијално бил значаен било присуството на 153 умтенички слики на јапонскиот сликар Манабу Мабе, проценети на тогашни 1,3 милиони долари (Повеќе од 4 милиони денес).
Дали таа сума била доволна за екипажот да види начин да си обезбеди безгрижна иднина? Можеби.
Ако се има во предвид дека подоцна се појавиле гласини дека некои од сликите искрснале по приватни колекции и аукции за клиенти од затворен тип, можно е екипажот да си направил сметка.

Проблемот со оваа теорија е во тоа што тешко сите шестмина би се согласиле да се одвојат од фамилии, пријатели, кариери и од сиот дотогашен живот со тотален прекин на комуникација со било кого.
Друг проблем е слетувањето. Б-707 е авион од првата генерација млазни патнички авиони за долги линии и му требала прилично долга, бетонска писта. Не дека не би можел да слета и на импровизирана, посебно ако е one-off ситуација, сепак е малку веројатно. А и каде би се наоѓала таа писта?
Подоцна следеле и други теории, како што е обичај и ред, на пример дека КГБ направил дил со пилотите да слетаат во Северна Кореја, веројатно базирано спрема сличен случај кога Јапонски граѓани, членови на (тогаш) злогласната урбана герила позната под името Јапонска Црвена Армија киднапирале патнички авион со кој слетале во Пјонг Јанг) до вообичаените интердимензионални створови и дежурните вонземјани кои обожаваат авиони и бродови, бидејќи се колекционери на ретро технологии од планетата Земја.

Ништо дефинитивно не се открило, официјалниот извештај и објавил војна на елементарната логика и случајот останува уште една од низата мистерии.

Wednesday, June 24, 2015

Духовното чедо на Хари

(By Roger Mortis, 185/65)
НР Кина во годината 2008. веднаш асоцира на глобалниот настан познат како Олимписки игри. Но во тоа време на светска обземеност со спортскиот ритуал, целосно незабележано прошол еден многу позначаен настан - а тоа е мисијата на Јанг Џиа, млад човек на негови 28.години кој го повторил подвигот на неговиот британски пандан Хари Р. и тоа со двојно поголема ефективност.

Човек со сомнителна способност за социјализација, на маргините на конкурентниот мегалополис на олимпискиот Пекинг - Шангај, измачуван од демоните на немаштијата и бештиите на бирократијата доживеал врв на мизеријата во вид на апсење и жесток ќотек пропратен со понижување и изживување во полициска станица.
А причината за апсење е неверојатно дистописка - тоа што возел нерегистриран точак. Го употребувам зборот точак пошто неговиот стандарден еквивалент - велосипед звучи безвеза. Или беше без врска...

Во земјата каде арачот е на ниво да мораат да се регистрираат и точаци (веројатно поради нивната масовност а со тоа феноменално голема даночна база) - немало простор за ликови како нашиот Јанг.
Но Јанг не бил од оние кои ја гушат својата мака во молк. Како духовно чедо на култниот Хари - се решил да се одмазди. Прво се обидел преку редовни канали, со тужба, но редовните канали биле затрупани од ѓубрето на цајканската правна недопирливост. Откако ги исцрпел `легалните` можности се одлучил на драстичен чекор.
Тука постојат разлики во фактографијата, постојат неколку верзии околу DIY Дамокловиот меч кој требало да биде орудие на праведниот гнев...според некои се работело за ефтина реплика на самурајски меч (Катана), според други за нешто подолг кујнски нож а спред трети - грубо изработено самоделско сечило од страна на самиот Јанг Џиа.


Како и да било, Јанг вооружен со споменатото сечило, чекан, гас-маска и цела гајба со Молотови коктели се упатил кон полициската станица во која бил измачуван. На патот на Правдата се испречиле барем дваесетина цајкани но Јанг понесен од осветнички транс искасапил шест, тешко ранил тројца а полесно уште неколку од чуварите на редот. Може само да се замисли напнатоста на таа ситуација во сета своја крвава драматика и убавина...

Олимпијадата му донела на Јанг неколку месеци живот бидејќи судењето било одложено за некои `поинакви` времиња, кога камерите на светските медиуми нема да бидат толку присутни. Правните перипетии биле необично кратки и за разлика од Јанговата тужба кога бил измачуван - овој пат државната `правда` се обрушила со сета своја тежина на обвинетиот - во форма на смртноносна инјекција во Ноември 2008.

Сличностите со случајот на Хари се фрапантни (иако Јанг имал двојно појак скор) - меѓу народот почнала да се пее песна за Херојот Јанг, разни дисиденти и непријатели на режимот почнале да го користат како симбол на класната поделеност а извесен кинески Панк-рок бенд под име Панг Гу снимил песна за Јанг Џиа со (слободно интерпретиран) наслов Нож дома свог ...за која што морале подоцна експресно да заминат во егзил...

Легендата за Јанг Џиа како далекуисточна варијанта на легендата за Хари, вирее на далечниот Исток а освен неа делумно вирее и Другарот Јанг, не како дух или зомби туку во сосема поинаков контекст.
Raduje me jedna istina, sa bara se niko ne vraća? Цајканите секако нема да се вратат, но Јанг...
Органите на Јанг сега живеат втор живот, пресадени во припадници на подобростоечки Кинески граѓани на кои им бил спасен животот поради недоброволното донирање на органи од лицата на смрт осудени во хипер-капиталистичката оаза, овозможена од Кинеската комунистичка партија...

Тужни дечак

(By Roger Mortis, 184/64)
Необичната и тажна сторија за Каспар Хаузер - "човекот кој дојде од никаде" :

На ден 26-ти Мај 1828 година во Нирнберг, чевларот по име Георг Вајхман здогледал млад човек на некои 15 до 20 години како целиот во партали, куцајќи и пуштајќи неразбирливи крици му се приближува. Вајхман го прашал човекот дали е се во ред, да не му се случило нешто, но како одговор добива само неодредено мумлање - кога младиот човек му дава писмо адресирано - До капетанот на 4-от ескадрон, 6-ти коњички полк, Нирнберг.
Сожалувајќи се на младиот, прегладнет и очигледно дезориентиран човек, Вајхман решава да се обиде да му помогне. Го носи дома, му дава јадење и гледа дека со детето нешто не е во ред, панично се плаши од разни предмети и бега од светлото...

Единствено нешто кое го добиваат како одговор од непознатата особа е - `Вајс нихт`, не знам ништо. По некое време чевларот го пронаоѓа капетанот на 4-от баварски ескадрон Весениг кој зачуден го отвара писмото и чита во него дека името на детето е Каспар Хаузер, дека е роден во 1812 и дека за целото време од неговиот живот бил затворен во некој подрум под земја каде еднаш дневно имал контакт со светлоста (кога му носеле храна), никогаш не бил пуштен надвор од подрумот каде друштво во 16-те години заточение му прават стаорците и неколку дрвени играчки-коњчиња.
Се наведува и дека бил несакан плод на нечија страст и дека најдобро би било баш капетанот Весениг да се погрижи за него (!?) и да го запише во воено училиште.
Весениг, немајќи намера да се грижи за Каспар - го носи во полиција каде случајот треба да се разјасни. Луѓето го сметаат Каспар за имбецил бидејќи не може да состави барем една разумна реченица. Ставен е во затвор, каде станува очигледно дека Каспар е навикнат на самување и мрак. Дури и неговата конституција е чудна како некој кој цел живот го поминал во ниска ќелија, подгрбавен.

Неговата судбина интригира неколку луѓе кои се обидуваат да ја разрешат мистеријата. Со првите контакти со луѓето со подобри намери отколку исмевање, Каспар ги демантира тврдењата дела е ментално заостанат - напротив, за многу брзо време учи да чита и пишува, а по некое време доаѓа под старателство на Георг Фридрих Даумер, професор и филозоф. Тука се случува целосна преобразба на Каспар кој за неколку месеци од неписмен и полу-нем достигнува да чита филозофски дела и да разговара со својот ментор Даумер. Што претставува незабележана брзина на интелектуален развој во познатата историја. Каспар зе неколку недели учи да црта, ги слика првите пејсажи, се занимава со компонирање, ги употребува и десната и левата рака (Амбидекстер) и почнува да ја пишува својата автобиографија.

Во неа кажува дека не знае ни кој е, ни кои му се родители, ниту од каде е, ни како се нашол во Нирнберг. Знае дека живеел во подрум, дека некој му подавал храна низ некаков отвор, дека одвреме навреме водата која му ја давале имала чуден вкус по што заспивал, дека немал видено целосно човечко лице се до денот кога се појавил во Нирнберг, а не знаел ниту кој му го дал писмото во кое се бара од тотално непознат човек (капетан Весениг) да се грижи за него...


Оваа автобиографија го прави славна личност низ цела Европа во тоа време. Јавноста се интересира за бизарната судбина која го снашла Каспар Хаузер.
Градот Нирнберг распишува награда за оној кој би дал информации со кои ќе се разјасни мистеријата, но никој таа награда не ја подигнува. Не постои никакво семејство Хаузер. Се отвара и истрага која по некое време заглавува, бидејќи не можат да се одделат фактите од шпекулациите кои тврдат дека Каспар е од кралско потекло од оваа или онаа династија.
Малку по малку Каспар се надева да дојде до нормален живот, но на 7-ми Октомври 1829 се случува обид за негова ликвидација. Каспар е најден со голема рана на главата предизвикана од чекан. Обидот за убиство се случува во куќата на неговиот ментор Даумер.
После овој настан се јавуваат и други луѓе кои сакаат да му помогнат, Анселм фон Фојербах и англискиот милионер Лорд Стенхоуп, кои решаваат да го заштитат животот на Каспар.
Најмен е платеник да го чува Каспар, но се` е залудно.
На 11-ти Декември 1833 Каспар Хаузер е заклан недалеку од својот нов дом.
Убиецот никогаш не е пронајден.

Дали се работело за садистички експеримент, континуирано одржување на табула раза во распон од 17 години, заточение поради припадност на аистократско наследно право или нешто сосема друго, не е познато. Латентните менатални супер способности на Каспар Хаузер кои дошле до израз откако бил избавен од подрумот се исто така причина за шпекулации околку неговата судбина и смрт.
Останува само тагата...

На неговиот надгробен споменик во Ансбах стоeле зборовите -

На ова место
од непознати причини
еден непознат човек
беше убиен од друг непознат човек.

На ова место лежи
загатката на нашето време
Место и време на раѓање - непознато
Причина за смртта - непозната.

Човекот од Тауред

(By Roger Mortis, 183/63)
Концептот на национална и етничка припадност е крајно религиозен феномен кој во поново време е ставен на испит преку создавањето на т.н. Микронации кои се состојат од мал број на луѓе. Понекогаш дури и не е потребна ниту територија на која ќе се одвива расплетот на етно-националната идеја во ултимативниот симптом познат како држава.
А имало и нации кои се материјализирале преку постоењето на само еден единствен човек, па дури и само во нечија глава...

Еден таков случај а воедно и добра мистерија е  `Човекот од Тауред`.
Јуни, 1954, непознат лик се симнал на аеродромот во Токио. На царинска контрола службеникот станал сомничав кон името на државата на пасошот - Тауред. Патникот, белец во негови средни четириесетти со ништо не одадавал дека нешто не штима, без проблеми се согласил да биде испитан.
Пасошот делувал леџит до таа мера што имал и печати од разни царински и гранични служби. Што докажувало дека без проблеми патувал со тој пасош. Дури имало и печати од јапонските служби што говорело дека не влегува прв пат со Јапонија со тој пасош. Имал пристојна количина пари во разни европски валути во себе. Она што ги шокирало јапонските службеници било тоа што патникот говорел течен јапонски со леснотија.

Му биле побарани дополнителни документи при што мистериозниот тип извадил возачка дозвола и други документи официјализирани од државата Тауред. Па дури и бизнис преписки со јапански фирми кои соработуавале со неговата фирма од Тауред...

Не знаејќи што да прават, му донеле карта на светот да покаже каде е таа држава при што патникот покажал кон Пиринеите, некаде на границата меѓу Франција и Шпанија, во близина на Андора. Патникот бил шокиран што на картата го немало Тауред и делувал тотално збунет.
Немајќи дипломатски односи со непостоечката земја и не знаејќи што да прават, властите го упатиле патникот во хотел со `придружба` од полицаец и еден царински чиновник. Типот се сместил, чуварите се паркирале пред неговата врата на петтиот кат на хотелот и тоа било тоа.

Утрото му чукнале на врата. Не добивајќи одговор влегле во собата каде што немало никаква трага од никого, собата делувала како да не влегол никој во неа а од гостинот немало ни трага ни глас. Од тогаш па до ден денес не се слушнало ништо за човекот од Тауред ниту за неговата судбина. Едноставно исчезнал.

Разни теории започнале да се појавуваат, од тоа дека се работи за патник од друга димензија па се до тоа дека е обичен измамник но ниту една не држела вода. Можеби човекот ја користел игнорантноста на чиновниците од разни гранични служби кои му удирале печати на пасошот, но зошто воопшто би го правел тоа? Зошто би правел фалш пасош од непостоечка земја кога веќе можел да си направи таков пасош од постоечка и со тоа да избегне ризик? Бидејќи колку и да биле игнорамуси, на некој чиновник ќе му светнело дека не постои таква држава, барем низ Европа. Неговото знаење на јапонскиот било бизарно како и исчезнувањето.

Ако бил од друга димензија каде што постоела држава Тауред на Пиринеите и каде што бил чест соработник со јапонски бизниси не би било бизарно тоа што знаел јапонски и тоа што патувал низ светот. Then again this is so far fetched that hurts, точно е дека теоретски постои можност за постоење на други димензии, но скок од квантните светови во макрокосмосот со држави и пасоши е...на границата на веројатното, ако не и нешто повеќе.

А можеби само сакал да си направи своја држава, да ги реализира вековните стремежи на Тауредскиот народ за слобода, самостојност и државност...

Sunday, June 21, 2015

Легендата за Хари Робертс

(By Roger Mortis, 182/62)
Историјата на Британскиот криминал е богата со типови кои со своето `творештво` си обезбедиле место меѓу псевдо-легендите, полумитовите и локалниот фолклор. Од Робин Худ па се до Рони Бигс (опеан во баладите на Секс Пистолс) меѓу мноштвото живописни ликови се издвојува Our mate Harry.

Хари Робертс, ситен криминалец од Лондонското подземје влегол во историјата еден месец после светската титула на Англија во 1966. Исто како и Џеф Харст и Хари бил стрелец но за разлика од Џеф не тресел мрежи туку прецизно гаѓал униформирани лица.

А три такви лица во полициска кола патролирале околу Вормвуд Скрабс затворот во Лондон. Возејќи се наоколу на сметка на даночните обврзници, тројцата припадници на силите на редот забележале паркирано комбе со тројца, како што им се сторило - сомнителни особи внатре. И најстрашно од се` - комбето немало налепница за платена регистрација! Шокирани и потресени од тој злостор, униформираните веднаш прешле кон идентификување и легитимирање на тројцата во комбето.
Подоцна се појавиле приказни дека комбето било паркирано во близина на затворот со цел да се обезбеди превоз за некој бегалец од затворот, очигледно бидејќи митовите за храбрите чувари на законот кои наводно спречувале затворско бегство биле потребни за да се избегне сувопарната баналност на ситуацијата. Нема хероизам во смрт поради проверка на нерегистрирано возило, нели?

Споменетата баналност на насилно наплаќање на давачки, измешано со оправданијата кои ги смислувал возачот на комбето била прекината со истрел од 9мм Лугер и директен погодок на еден цајкан во окото при што бил убиен на лице место.
Вториот цајкан се обидел да избега кон својата кола но бил спречен од два истрели на Хари Робертс од кои вториот завршил во главата на жртвата. Шокираниот трет цајкан кој останал во своето возило се обидел да го стартува возилото и да избега али Хари је био бржи и со четири истрели во главата и телото го ливидирал и третиот чувар на регистарски таблици и соодетни налепници.


Хари и друштво побегнале од местото на настанот (Шепердс Буш) и се криеле секој за себе на различни места. После три месеци масовна потрага Хари е фатен и по игра на случајот не добива смртна казна која што била укината само неколку месеци пред настанот - туку е осуден на thirty-to-life, втора најтешка казна во Британското правосудтсво после онаа life-for-life каква на пример сеуште одлежува Јоркширскиот Мевосек.

Ако ја парафразираме песната на Забрањено Пушење кои од своја страна ја парафразирале песничката на Џони Кеш, ќе испадне дека -

U Shepperds Bushu kada pođem ja, prati me dva-tri drotova
Okružni sudija je reko tries` godina, tries` godina strogog zatvora.
Okružni sudija je reko tries` godina, tries` godina za gadnog Harija.

Медиумите и официјалниот наратив се обиделе да дадат на приказната херојски спин во кој цајканите се херои а Хари манијак, но за чудо по извесно време меѓу рајата почнала да се пее песната Our mate Harry која со својот текст испраќа недвосмислена иако непријатна порака...

One Harry Roberts
There`s only one Harry Roberts
One Harry Roberts
There`s only one Harry Roberts

Harry Roberts is our friend
is our friend
is our friend
Harry Roberts is our friend, he kills coppers.

He lines them up two by two
two by two
two by two
Harry Roberts is our friend, he kills coppers.

Let him out to kill some more
kill some more
kill some more
let him out to kill some more, Harry Roberts

He shot three down in Shepherd's Bush
Shepherd's Bush
Shepherd's Bush
He shot three down in Shepherd's Bush, our mate Harry

Harry Roberts is our friend
is our friend
is our friend
Harry Roberts is our friend, he kills coppers.

Овој израз на урбаното народно творештво се пее и ден денес, поретко во пабови а почесто на трибини на фудбалските стадиони кои самите по себе отсекогаш биле микрокосмос на едно општество.
Останува прашањето зошто го тоа Хари направил. Можеби поради нерасчистени сметки со цајкани, можеби поради трауми од Кенија каде што бил пратен како задоцнет колонијален војник, можеби едноставно го мразел државниот рекет, а можеби само Хари си знае.

На крај треба да се одбележи дека Хари не отслужил триесет години туку цели 48 и конечно бил пуштен минатата година на слобода, во време кога Англија го забележа најлошиот испад на светско во фудбал. Вејн Руни не е Џеф Харст и Маракана не е Вембли. Излишно е да се каже дека пуштањето од затвор било проследено со поделеност во ставовите кај јавноста, од крајно згрозување над настанот до славење меѓу одредени кругови на Лондонското општество.

Raduje me jedna istina, iz KP doma vratit ću se ja
Ali Hakija nikad neće sa bara, sa bara se niko ne vraća.
Ali Hakija nikad neće sa bara, sa bara se niko ne vraća...

Spooky

(By Roger Mortis, 181/61)
Враќајки се дома од некоја прослава околу два часот по полноќ на 24 февруари 1957, познатиот американски актер Тели Савалас (славен по улогата на детективот Коџак) останува без бензин на автопат далеку од неговиот дом.
Чека извесно време да помине друг автомобил и со автостоп евентуално да се префрли до најблиската бензинска пупма. Сепак Савалас не дочекува ниту еден автомобил туку силен дожд. Решава да тргне да бара бензинска пупма - пеш. По неколку стотини метра среќата му се насмевнува, слуша звук на автомобил зад него иако автомобилот возел со исклучени светла што му се чини глупост или барем настраност на Савалас.
Црниот Кадилак застанува и возачот го прашува Савалас дали може да му помогне. Актерот прифаќа и влегува во колата иако му е нелагодна целата работа со тип кој вози без светла во тоа време на ноќта.

Савалас му кажува на возачот да го префрли до најблиската пупма. Тој се согласува и вози. Тели се обидува да започне неврзан разговор но човекот не одговара ништо освен на прашањето 'Каде возиш во ова време?' на што добива одговор - 'на крстосницата на мојата судбина'. Савалас по ова не се обидува да прави муабет помислувајќи дека возачот е луд или пијан...


Стигнувајќи до првата бензинска Савалас посегнува по својот новчаник и со ужас се присетува дека го оставил на прославата. Од нелагодната ситуација го вади чудниот соговорник кој му дава пари за бензин и конечно проговорува да не се грижи бидејќи ќе му ги врати парите кога ќе биде во можност.
Савалас кој утрото треба да оди во студио да снима, не може да си дозволи да отсуствува од снимање бидејќи се уште е на почеток на кариерата и ги прифаќа парите, но пред тоа ја запишува адресата и името на човекот кој двоумејќи се сепак му кажува кој е и каде живее. По неколку дена, Савалас сака да се оддолжи за услугата и се појавува на дадената адреса.

Ѕвони и ја прашува жената која му отвора дали тука живее Хари Аганис. Жената прашува во што е работата и Савалас објаснува зошто доаѓа. Жената почнува да се оденсува хистерично и му вели на Савалас да си оди. Актерот заинтригиран од целата ситуација и ја дава на жената членската карта од Синдикатот на актерите, објаснува кој е и го опишува Хари Аганис, нејзиниот сопруг, кој му помогнал на автопатот. Жената во солзи му дава слика од својот - покоен сопруг - и Савалас го препознава типот кој му позајмил пари. Исто дознава и дека Хари Аганис загинува во 1954 година во сообраќајна несреќа на истата делница од патот каде го сретнал. Хари Аганис враќајки се од годишнина на матура се судира со камион и загинува на самото место.

Тели Савалас до својата смрт во 1994 година раскажува за овој случај не можејќи рационално да објасни што се случило таа ноќ, и во два други наврати кога возејќи подоцна по тој ист пат се разминува со црн Кадилак кој вози без светла.

Larger than life

(By Roger Mortis, 180/60)
Оваа е една од оние прекрасни larger then life мистерии, кои ги надминуваат и најсмелите филмски сценарија, кои остануваат неразрешени и после децении и само ја подгреваат славата на легендарниот извршител, очигледен поклоник на доктрината за `индивидуална експропријација`...

На 24.11.1971, некој лик со целосно рандом фаца, експресија и надворешност си купил карта во еден правец од Портланд до Сиетл под име Ден Купер. Си седнал на седиштето заедно со уште 35 други патници и по извесно време ја повикал стјуардесата за да и даде лифче. Стјуардесата, навикната на типови кои и се пуштале на разни начини не обрнала внимание по што Ден морал да инсистира.
На изненадување на струајдесата, немало покана за пијачка туку закана со бомба. Ден и ја покажал бомбата (или барем нешто што личело на бомба), споменал дека има контакт-упаљач во раката и дека пораката треба да оди кај пилотите.
Се покажало дека Купер е скромен киднапер на авион, барал 200.000 долари (околу 1,2 милиони во денешна пара) во апоени од 20 долари, 4 падобрани и полнење со гориво на авионот кога ќе слета во Сиетл. За возврат ќе ги ослободел патниците.

Пилотите се известени за ова и ја известуваат контролата на лет која пак го известува ФБИ. Советувано им е да постапат според барањата на киднаперот. Немало многу време да се исполнат барањата на киднаперот, околу два часа лет, но и покрај тоа - полицијата успеала да ги сними сериските броеви на банкнотите и да му ували еден лажен падобран меѓу четирите.
По слетувањето, Купер се покажал како киднапер од збор, душа од човек, и ги ослободил сите заложници. Not sure ни дека знаеле дека воопшто биле киднапирани. Тоа се вика киднапирање со стил.

Авионот бил наполнет со гориво и повторно полетал, овој пат кон Рено, Невада, на барање на Купер.
Уследиле многу чудни и специфични инструкции на киднаперот, брзина на авионот од 320 км на час (нешто над минималната потребна колку да се одржи во лет), висина од 3000м, барал да не се активира вештачкиот притисок и да се спуштат тркалата. Пилотите немале избор и се согласиле.
Подоцна станало јасно зошто воопшто ги барал тие работи и зошто воопшто избрал Боинг Б-727 за киднапирање. Имено, тој тип на авион поради конфигурацијата на мотори имал помошен излез со скалички позади, сосема погоден за намерата на Купер да скокне со падобран.

Купер порачал виски и цигари и спокојно си седнал на седиште. После некое време ставил два падобрани на себе, ги зел парите, наредил да го отворат помошниот излез и скокнал - во легендите...

Неколку ловци Ф-106 во тоа време веќе го прателе авионот но попусто, не виделе ништо освен тоа дека скалите на помошниот излез на патничкиот авион се отворени.
Подоцна медиумите ќе го наречат киднаперот Д.Б.Купер чунки тоа име им делувало некако посекси.
Авионот слетал, сите членови на екипажот биле во најдобар ред а некаде во шумите на државата Вашингтон веројатно се приземјил најдрскиот киднапер во светот.
И покрај стотиците полицајци, федералци, војници и доброволци кои деноноќно ја чешлаат областа никаков траг не е најден, ниту падобран ниту било што друго.
До ден денешен не се знае кој бил и како завршил киднаперот и покрај исцрпната истрага, деталното барање низ шумите и планините и медиумската хистерија. Разни теории со текот на времето се појавувале, имало многу осомничени но ништо конкретно. Единствена трага се појавила 1980 кога биле пронајдени три пакувања со вкупно 5.000 долари на брегот на некоја река а сериските броеви се совпаѓале со украдените пари. Тоа докажало дека...ништо не докажало само ги подгреало шпекулaциите кои траат и ден денес.

Се тврдело дека Купер е екс-специјалец поради знењето и смелоста, други дека бил аматер, трети дека загинал при скокот, четврти дека го виделе на рандом место години после настанот...каква и да е вистината, човек не може а да не се запраша зошто во такви случаи просто `навива` за престапникот.

Лично сум фан на верзија во која живеел долго и лагодно без да се занимава со секојдневни стресови и во која `уз муабет, кафе и цигара` на некој шанк расправал со присутните околу тоа кој бил навистина Д.Б.Купер...