(By Roger Mortis, 181/61)
Враќајки се дома од некоја прослава околу два часот по полноќ на 24 февруари 1957, познатиот американски актер Тели Савалас (славен по улогата на детективот Коџак) останува без бензин на автопат далеку од неговиот дом.
Чека извесно време да помине друг автомобил и со автостоп евентуално да се префрли до најблиската бензинска пупма. Сепак Савалас не дочекува ниту еден автомобил туку силен дожд. Решава да тргне да бара бензинска пупма - пеш. По неколку стотини метра среќата му се насмевнува, слуша звук на автомобил зад него иако автомобилот возел со исклучени светла што му се чини глупост или барем настраност на Савалас.
Црниот Кадилак застанува и возачот го прашува Савалас дали може да му помогне. Актерот прифаќа и влегува во колата иако му е нелагодна целата работа со тип кој вози без светла во тоа време на ноќта.
Савалас му кажува на возачот да го префрли до најблиската пупма. Тој се согласува и вози. Тели се обидува да започне неврзан разговор но човекот не одговара ништо освен на прашањето 'Каде возиш во ова време?' на што добива одговор - 'на крстосницата на мојата судбина'. Савалас по ова не се обидува да прави муабет помислувајќи дека возачот е луд или пијан...
Стигнувајќи до првата бензинска Савалас посегнува по својот новчаник и со ужас се присетува дека го оставил на прославата. Од нелагодната ситуација го вади чудниот соговорник кој му дава пари за бензин и конечно проговорува да не се грижи бидејќи ќе му ги врати парите кога ќе биде во можност.
Савалас кој утрото треба да оди во студио да снима, не може да си дозволи да отсуствува од снимање бидејќи се уште е на почеток на кариерата и ги прифаќа парите, но пред тоа ја запишува адресата и името на човекот кој двоумејќи се сепак му кажува кој е и каде живее. По неколку дена, Савалас сака да се оддолжи за услугата и се појавува на дадената адреса.
Ѕвони и ја прашува жената која му отвора дали тука живее Хари Аганис. Жената прашува во што е работата и Савалас објаснува зошто доаѓа. Жената почнува да се оденсува хистерично и му вели на Савалас да си оди. Актерот заинтригиран од целата ситуација и ја дава на жената членската карта од Синдикатот на актерите, објаснува кој е и го опишува Хари Аганис, нејзиниот сопруг, кој му помогнал на автопатот. Жената во солзи му дава слика од својот - покоен сопруг - и Савалас го препознава типот кој му позајмил пари. Исто дознава и дека Хари Аганис загинува во 1954 година во сообраќајна несреќа на истата делница од патот каде го сретнал. Хари Аганис враќајки се од годишнина на матура се судира со камион и загинува на самото место.
Тели Савалас до својата смрт во 1994 година раскажува за овој случај не можејќи рационално да објасни што се случило таа ноќ, и во два други наврати кога возејќи подоцна по тој ист пат се разминува со црн Кадилак кој вози без светла.
No comments:
Post a Comment