Friday, June 19, 2015

Вечната војна

(By Roger Mortis, 179/59)
Смртта најчесто е сосема анонимна, посебно во тивката класна војна која трае одамна и продолжува со несмален интензитет.

`Денес после пад од скеле се упокоил градежен работник.` е типичен наслов по медиуми, ако наслов воопшто и има. А многу почесто го нема отколку што го има.
Уште еден од армијата мртви кои го губат животот на работно место поради лоши услови за работа, немање заштита, премореност или пад на концентрација...
Колкав е бројот на мртви е тешко да се каже затоа што статистиките ги води државата а државата и од неа преферираниот економски модел се причинителот за смртта и би било многу наивно да се очекува од убиецот прецизно да ги документира своите злосторства. Кога станува број за трудови инвалиди тогаш тој број може да се помножи со некој шпекулативен мултипликатор и одненадеж непријатната реалност на илјадниците мртви и ранети во тивката војна на државата против рајата станува тешка за перцепирање.


Тие особи не се во служба на режими, не претепуваат и убиваат деца по улици, градат згради и куќи кои ќе бидат нечии домови, канализации и водоводи, инсталации и сето она кое го прави животот поудобен.

Но и покрај тоа, тие се страшно анонимни, нивната смрт не постои, се регистрира со два реда на 23 страна на весник во најдобар случај, нема индивидуализација на жртвите, нема дневни мудрувања, никој не ги есапи.
Нема почесна стрелба, нема тв-камери, нема изјави на породица и пријатели.
Нема ништо.

И така тивката војна подолжува да јаде човечко месо и меле човечки судбини.
Од мобилниот кој е во нашите раце поради смртта на милиони во Конго до типот кој бил затрупан во вашиот град копајќи за да се намести водовод, бескраен низ на тажни судбини и бескраен низ на раја која својата анонимност од овој ја пренесува на оној свет.

No comments:

Post a Comment