Monday, June 8, 2015

За една шака ориз

(By Roger Mortis, 172/52)
Постои генијално решение за проблемите кои ја мачат напатената работничка класа, работното селанство и интелектуалата во РМ : формирање на Маоистичка герилска организација во преспанските џунгли која ќе се нарекува `Црвени Хунзи` - според светлиот пример на другарот Салот Сар во Индокина.

Црвените Хунзи, со самопрегорна работа и просветителска дејност со цел формирање на класна свест кај руралното население (со акцент на постари младинци и младинки) треба да формираат вооружена сила која ќе создаде услови за дигање на револуција.
Откако ќе придобијат доволно голем број револуционери - следува пресметка со силите на режимот, клерот и ситно-буржоаската психологија. За неколку месеци револуционерниот жар ќе ја зафати целата земја и при крајот на пролетта, Црвените Хунзи триумфално ќе влезат во Скопје.


Следува бришење на 2015.година од календарот и објавување на `Нулта Година`, со што ќе започне сметањето на времето од моментот на триумфот на револуцијата. Следен чекор - АГРАРНА РЕФОРМА !

За да успее револуцијата ќе требаат средства.
А тие лежат во извозот.
Тоа значи нула увоз а многу извоз.
Се зборува дека на светските пазари многу бил баран оризот.
Црвените Хунзи ќе го евакуираат целокупното градското население и ќе го распоредат по руралните предели каде што ќе се бави со земјоделие, со главен акцент на одгледување оризови култури.

Оваа одлука ќе има и прочистително дејство, и онака градовите се потенцијално легло на контрареволуционерна дејност.
Посебни задачи ќе добијат припадниците на стариот режим, бирократијата и религијата, на пример копање и празнење септички јами, канали и ендеци. За почеток...
Секој ќе мора да си го заработи својот леб насушен, во случајов својата шака ориз.
Напоредно со тоа, ќе се одвива и вистинско, народно образование, младинците и младинките ќе учат да ракуваат со АК-47, СКС и РПГ, бидејќи непријателот никогаш не спие!

Можеби нема да преживеат сите, но оние кои ќе преживеат ќе влезат директно во светлата иднина на бескласното општество.
А ако не влезат, и онака не заслужиле.

No comments:

Post a Comment