(By Roger Mortis, 187/67)
За некои луѓе се вели дека имале среќа ако купат добитно лифче за лотарија.
А за некои што го избегнале мрачниот косач благодарение на импулсивност или сон.
Од 213 патници и членови на екипажот на С.С. `Вората`, патнички брод кој патувал во обратна насока од дотогаш популарната рута за населување на Јужната Земја, значи од Мелбурн, Австралија - за Британија во 1909 година - 211 души исчезнале без трага и глас, освен двајца на кои ќе се навратиме подоцна.
Си бил еден брод патнички кој носел емигранти во Австралија а се враќал назад со нова тура патници кои оделе да го посетат `стари крај`, сосема нов брод иако не баш особено исклучителен, истиснувал некои 16.000 тони вода - сосема солидни димензии за тоа време. Тој брод направил веќе едно патување до Британија и назад.
Второто патување ќе остане забележано како уште една во низата на необјасниви мистерии со кои се полни океанските пространства...
Тргнувајќи од Мелбурн, бродот меѓу останатите пристаништа застанал и во Дурбан, Јужна Африка, да пополни гориво. Следна станица бил Кејп Таун, уште едно од низата пристаништа на патот за Европа.
Еден од патниците, измачен од кошмарни соништа претходниот ден во кои јасно сонувал дека бродот ќе потоне - решил да се симне во Дурбан. Друг пак, сосема импулсивно се решил да го скрати патувањето и да се обиде да најде работа баш во Дурбан. Тоа и ќе им го спаси животот бидејќи наредниот ден `Вората` испловила на пат...на кој ќе биде забележана од неколку брода... пред да исчезне тотално, комплетно и неотповикливо.
Најмалку два брода се разминале со `Вората`, вториот дури и разменил Морзеови сигнали со помош на бродските рефлектори. Се` било во најдобар ред, морето релативно мирно иако временските прогнози не биле баш најдобри. Последниот брод кој ја забележал `Вората` бил на 180 наутички миљи од Дурбан. `Вората` била очекувана да пристигне во Кејп Таун за неколку дена... кои се претвориле во неколку недели...кои им отстапиле место на месеците...за да не пристигне никогаш и ден денес после 106 години судбината на бродот е непозната.
Вообичаен кривец бил баран во тешкото море но Вората бил голем брод со моќни мотори а условите биле далеку од заканувачки по толкав брод. Други шпекулирале дека центарот на гравитација на бродот во однос на метацентарот бил наводно погрешно пресметан што се одразило во градење на бродот со погрешна статика а соодветно на тоа и нарушена пловност и стабилност...но тоа е малку веројатно бидејќи бродот веќе патувал од Британија до Австралија, најдолга поморска рута на светот. Нестабилен брод тешко би го успеал тоа настрана што бродовите секогаш имаат баласт за да ја одржат стабилноста.
Во 1999 се пронел глас дека е пронајден потонатиот брод но подоцнежните испитувања укажале дека нема ништо од `Вората` туку станува збор за сосема друг потонат брод од Втората светска војна.
Екипата која го барала бродот во 2004, после 22 години истражување и барање конечно се откажала од сето тоа бидејќи бродот не бил никаде каде што по сите закони на логиката требало да биде.
Патникот кој го сонувал сонот за потонувањето се обидел да предупреди неколку патници да се симнат. Никој не го послушал...
No comments:
Post a Comment